Стартуваше ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ во Охрид

Започна вториот ракометен камп „Кирил Лазаров 7″ на кој учествуваат околу 250 деца од Македонија и странство, во две смени и тоа од 17-23 и 24-30 јуни. И оваа година кампот се одржува во хотелот „Аквалина“ во Охрид. „Презадоволни сме од самиот старт и од тоа како течеа подготовките за кампот. Околу оние работи за кои што сум задолжен, се однесува на тоа како е овде се средено инфраструктурно, за хотелот и за терените, можам да кажам дека навистина од хотелот „Аквалина“ прават максимални напори за да се обезбедат врвни услови, не…

повеќе...

Познатата француска актерка Астрид Ветнал гостинка на „Охрид Филм Фест“

Денес во Охрид ќе пристигне познатата француска актерка Астрид Ветнал, која ја игра главната улога во филмот на Рашид Бушареб „Пат за Истанбул“. Оваа актерка има остварено многу улоги, меѓу кои и во филмовите на Копста Гаврас, Клод Лелуш, Беноа Маријаж и Леспер, а се прослави со политичката тв-серија „Црниот барон“. Во 2014 е номинирана за наградата „магрит“. Нејзина најзабележлива улога е во филмот „Патот за Истанбул“ на Рашид Бушареб, во кој таа игра самохрана мајка чија ќерка заминува за џихад во Сирија, и која решава да ја најде и…

повеќе...

Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

Со редовните и тековни активности дел од екипите на “Ј.П. Охридски Комуналец” денес беа ангажирани и во с. “Подмоље”. Се косеше и чистеше покрај улиците и тротоарите, а беше уреден и просторот околу игралиштето, при што беа ангажирани 4ца работници на “Јавна хигиена”.

повеќе...

Интервју со младата охридска атлетичарка Стефанија Ристеска

Во Охрид отсекогаш постоеле таленти кои се занимаваат со атлетика. Таков е и примерот со младата 13-годишна атлетичарка од Охрид – Стефанија Ристеска, која е ученичка во VIII-4 одделение во ОУ „Христо Узунов“. Во интервјуто за WebOhrid, таа открива дека најголема желба и е да учествува на Олимписките игри. WebOhrid: Oд каде љубовта кон атлетиката и од кога почна да се занимаваш со овој спорт? Стефанија: Љубовта кон атлетиката ја добив од моите родители и моите предиспозиции уште од мали нозе за трчање. Со атлетика почнав да тренирам активно во…

повеќе...

Основци од „Христо Узунов“ во посета на Францускиот Институт

На поκана од Фρанцусκиот Институт во Сκопје и диρеκтоρκата Изабел Баρбо учениците од ОУ „Хρисто Узунов“, Охρид κои го изучуваат фρанцусκиот јазиκ, на 05.05.2016 г. оρганизиρано го посетија Институтот. „Таму беа сρдечно пρечеκани од вρаботените κои за нив имаа наменето посебна пρогρама споρед κоја на учениците им беше објаснета улогата, обвρсκите и целите на овој Центаρ на фρанцусκиот јазиκ и κултуρа. Им беа пρезентиρани читалната, библиотеκата и медијатеκата. Исто таκа им беше овозможено и самите по елеκтρонсκи пат да ја κоρистат медијатеκата за слушање музиκа, гледање филмови, читање списанија, κниги…

повеќе...