ВМРО-ДПМНЕ: Охридската јавност конечно ги виде лицата и ги слушна гласовите на СДСМ

Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која стои: „Охридската јавност конечно ги виде лицата и ги слушна гласовите на СДСМ во градот Охрид најверојатно разбудени од длабок зимски сон. Но целокупната јавност наместо да слушне конкретни проекти со издржани стратегии за нивна реализација согледаа само од ракав извадени реченици. Токму преку ваквите пресови на СДСМ може РЕАЛНО да се согледа разликата помеѓу она што тие го ветуваат, а ВМРО ДПМНЕ веќе го реализира. Потенцираме дека ВМРО ДПМНЕ е сериозна…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески се сретна со претставници на германската невладина организација

Претставници на една од највлијателните германски невладини организии – СОГ (Sudosteeurope – Gesellschaft), Франц Лотар Алтман, Јохана Дајмел, Хансјорг Бреј и Кристијан Хагеман, денес беа примени од градоначалникот Бакрачески. Целта на нивната посета на Македонија, се престојните предвремени парламентарни избори и актуелната политичка ситуација во земјава. Градоначалникот Никола Бакрачески и претседателката на Советот, Гордана Коњановска ги запознаа гостите со актуелниот миг на Општина Охрид и влијанието што политичката криза го има во функционирањето на локалната самоуправа. Градоначалникот Бакрачески ги запозна гостите за начинот на кој работи локалната власт и поврзаноста…

повеќе...

Николоски: Василевски и Арнаудов – тим што ќе направи многу за Охрид

Писмена изјава на членот на владејачката ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, во врска со изборот на кандидати за пратеници од ВМРО ДПМНЕ Охрид: „Др. Василевски ми беше одличен колега во Собранието на Република Македонија, а во др. Арнаудов имам одличен наследник. Ќе биде ова тим што ќе направи многу за Охрид и достојно ќе ги преставува сите жители на Охрид и охридско. Јас одам кон некои нови предизвици од кои ќе се обидам да помогнам на Македонија. Нека е со лесно за голема победа во Охрид и цела држава.“- стои во…

повеќе...

Одржан Интернационален фолклорен фестивал „Спој на Традиционални и Модерни Игри“

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид, на 9ти септември, во организација на ИФФОМ (Интернационални Фолклорни Фестивали, Охрид – Македонија) се одржа Интернационален фолклорен фестивал „Спој на Традиционални и Модерни Игри“. Охрид беше домаќин на повеќе странски групи од различни држави. На истиот учествуваа групи од Македонија, Србија, Бугарија, Полска и Романија. На фестивалот имаше околу 300 учесници кои продефилираа низ Охридските улици.

повеќе...

Света литургија по повод празникот Преображение на Господ Исус Христос

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 19ти август во црквата „Свети Ѓеоргиј“ – Струга, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преображение на Господ Исус Христос“ со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско кичевски г. Тимотеј. Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Хуманитарен концерт на „Академија за солисти“ вечерва на Охридско лето

Вечерва, во рамки на програмата на „Охридско лето“ во црквата „Св. Софија“ во Охрид, концерт ќе одржи Државниот камерен оркестар „Академија за солисти”, со виолинистката Ајман Мусакајајева од Казахстан, а под диригентство на Хуан Карлос Ломонако од Мексико. На програмата се дела на А. Вивалди/А. Пјацола, Г. Ф. Хендл. Ајман Мусакајајева е еден од најзначајните претставници на виолинистичката школа на Казахстан. Постојано е активна на музичките сцени во светот, а на нејзиниот репертоар се наоѓаат дела од речиси сите епохи. Основач е на Државниот камерен оркестар „Солистичка академија“, со кој…

повеќе...

Охрид домаќин на Алтернативно лето (Ало 2)

Утревечер на скејт паркот во Охрид во организација на Центарот за интегриран развој, а со поддршка на општина Охрид ќе се одржи несекојдневен настан на алтернативна музика и екстремен спорт „Алтернативно Лето Охрид “(АЛО 2). На скејт и БМХ натпреварот ќе учествуваат најмалку 50 натпреварувачи од Македонија и регионот. Покрај натпреварувачки карактер случувањето вклучува и забавен дел со водител и музика. За најдобрите предвидени се соодветни награди. По завршување на натпреварувачкиот дел ќе се одржи фестивал на отворено со настап на познати имиња од алтернативната сцена од Македонија и регионот:…

повеќе...

„Импровокација“ вечерва повторно пред охриѓани

Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“, охридскиот Народен театар повторно ќе ја изведе театарската импровизација „Импровокација“. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика, независно од возраста. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е ко-продукциски проект помеѓу НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид и тројцата професионални актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски. Претставата е со почетокво 21:30 часот. Билетите можат да се набават во музичката продавница „ЗЗ Топ“ во претпродажба по цена…

повеќе...

Полска вечер на Охридско лето

Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток 21:00 часот ќе се одржи Полска вечер, на која ќе настапат Македонскиот камерен оркестар – Македонски Виртуози заедно со солистите Маријан Собула на пијано и „Глас Дуо“, под диригентската палка на Јацек Рогала од Полска. На програмата ќе бидат дела на Е. Григ, К. Шимановски, Ј. С. Бах, П. И. Чајковски, А. Дворжак, А. Пјацола, Ф. Шопен, Стинг, А. Сафраниек. Јацек Рогала е полски диригент кој е заслужен за голем број премиерни изведби и радиоснимки на…

повеќе...

Заев: Апелирам банките да не ја купуваат оваа обврзница, во името на иднината на Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во Охрид на Летен Камп на СДММ. Еве дел од неговото обраќање: „Слушате денеска, читате, објавена е одлука на Влада за емитување на нова евро-обврзница од 650 милиони евра. Притоа безобразието е толку големо од страна на власта, ниту се обидува да го презентира транспарентно расходниот дел на тие пари. Каде ќе одат тие пари? На купче велат за враќање на недоспеани и серфисирање на дефицитот за оваа и наредната година. Приказни за мали деца. Тоа е недозволиво и ние ќе направиме се тоа да го…

повеќе...