Привршуваат уписите за есенскиот циклус за „Час за приказни на англиски јазик“

Привршуваат уписите за есенскиот циклус од едукативната програма на Црвен крст Охрид, „Час за приказни на англиски јазик“ за деца на возраст од 4-7 години. Програмата започнува со реализација во четврток (21.09.2017), а новините кои ќе се воведат во овој циклус и ќе бидат наменети за децата, но и за родителите, ќе бидат презентирани на утрешната прес-средба.

повеќе...

Две малолетни момчиња злоставувале деветгодишно дете во Охрид

На 19.08.2017 година во 16:20 часот, лекар од Медицински центар Охрид во Полициска станица Охрид известил дека кај нив било донесено деветгодишно момче од Охрид, врз кое бил извршен полов напад. Во 18:20 часот во Полициска станица Охрид, мајката на детето пријавила дека на 18.08.2017 година во периодот меѓу 17:00 до 18:00 часот во нивниот дом, нејзиниот малолетен син бил злоставуван од двајца негови другари на возраст од 12 и 10 години. За настанот биле запознаени Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување…

повеќе...

Инфо ден за проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Р. Македонија во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“

Како дел од редовните активности на Коалицијата на невладини организации „СЕГА” и „Младински Совет Охрид”, денес во Средното Општинско Средно Училиште „Свети Кирил и Методиј”, беше одржан Инфо ден за учениците, со цел поголемо препознавање на улогата на децата правобранители во заштитата на правата на децата. Во реализацијата на настанот учествуваа детето правобранител, Антонио Бучкоски и замениците, Ивана Црвенкоска и Јован Блажески, заменик претседателот на Ученичката Заедница, Климент Тодороски и членот, Ристе Ристески, локалниот координатор на проектот, Весна Цветаноска, како и Вахид Мемед и Марија Лихвинцева, членови на тимот на…

повеќе...

Кривична пријава за 77 годишен охриѓанец поради полов напад врз малолетно момче

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г. (77) од Охрид. На 12-ти минатиот месец околу 14 часот, пријавениот, управувајќи патнички автомобил кон својот дом во Охрид, забележал малолетно лице од соседството, го запрел возилото и му пришол прекинувајќи го во детската игра. Притоа, пријавениот С.Г. започнал разговор со 11 годишниот малолетник околу претстојниот празник „Василица“ прашувајќи го кога се палат огнови. По неколку минутен разговор, С.Г. го повикал малолетното лице до автомобилот…

повеќе...

Ученик од ОУ „Христо Узунов“ ќе учествува на Олимпијада по природни науки во Холандија

По повод „Ноември – месецот на Науката“,  ОУ „Христо Узунов“ учествуваше со десет ученици од VII и VIII одделение на натпревари по биологија и физика по повеќе дисциплини, експериментирање, изработка на проекти и покажување на знаење преку тест натпревари. Во областа на Биологијата за покажување знаење за тест натпревар ученикот од VIII – 1 одд. Дамјан Велјаноски го освои второто место и со тоа се здоби со право да учествува во тимот на ученици кои се подготвуваат да учествуваат на Олимпијадата од областа на Природните Науки која за првпат ќе…

повеќе...

Охриѓанката која ја бара својата биолошка мајка, тврди дека е заведена како „мртво бебе“

Триесет и едногодишната жена, која е родена во Охрид, а посвоена во Скопје, е во потрага по својата биолошка мајка. Таа бара народна помош за да дојде до вистината. „Почитувани, јас да се надоврзам на мојата објава, приказнава го смени текот, јас сум прогласена за мртва, не постојам во посвоените, а на 23.07.1985 има починато бебе, па ги замолувам сите што знаат за таков случај да ме контактираат на мојот фесјбук профил. Не влегувам во детали зошто е тоа сторено, само барам народна помош да дојдам до жената со „мртвото бебе“ од…

повеќе...

Охриѓанка ја бара својата биолошка мајка

Деновиве охриѓанка е актуелна на социјалните мрежи каде објави апел за пронаоѓање на својата биолошка мајка. „Колку се би било поинаку кога законот би ни го дал тоа право. Колку само би било полесно… Колку само би имале можност да знаеме за нашето потекло, за нашиот иднетитет… Колку само одговори ќе добиеме на прашањата кои не мачат… Но зошто да биде тајна? Зошто да немаме право на избор? Зошто тоа право да ни се скрати? Зошто??? „Родена сум 23.07.1985 година во Охрид. По самото раѓање сум посвоена во Скопје. Потребна…

повеќе...

Кривична пријава за „запуштање и малтретирање на малолетно дете“

СВР Скопје-Единица за имотни деликти – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција „Центар, Бит Пазар“ до надлежното Основно Јавно Обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.Х.(30) од Скопје, поради основано сомнение дека извршила кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно дете“ предвидено и казниво по член 201 ст.1 од КЗ на РМ. За стореното кривично дело од страна на судија на претходна постапка одредена и е мерка притвор во траење од 30 дена. Имено пријавената А.Х. на 31.08.2016 година околу 18,00 часот на ул.,,Аминта Трети“ започнала вербална расправија со…

повеќе...

Спроведени активности за имплементација на Конвенцијата за правата на детето

Активностите за имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија кои веќе седум години по ред ги спроведуваат Коалицијата на невладини младински организации „СЕГА“ и Младински Совет Охрид, продолжија и изминатиот месец. Имено, децата правобранители имаа редовни средби со локалниот координатор и со педагошко – психолошките служби на своите училишта, на кои им беа предочени проблемите со кои се соочуваат учениците, начините за нивно решавање, креирање нови идеи и активности во рамките на самите образовни институции. Дел од членовите на Ученичката Заедница при С.С.О.У „Свети Кирил и Методиј”…

повеќе...

Одбележан Светскиот ден на детето во ОУ „Христо Узунов“

Светскиот ден на детето, 20-ти Ноември, посветен и на Конвенцијата за правата на детето, денеска се одбележува под мотото „Стоп на насилството врз децата“. Во пораката по повод Светскиот ден на детето македонскиот Народен правобранител истакнува дека почитувањето на правата на детето е една од најважните работи кон кои треба сите да се стремиме, затоа што за едно општество нема поважна работа од создавање здрави, образовани, толерантни поколенија подготвени да се соочат со сите предизвици кои ги носи животот. Во Основното училиште „Христо Узунов“ со игри, песни и читање на правата…

повеќе...