Се уредува дрворедот на улица „Македонски Просветители“

По налог на Секторот за комунална дејност, сообраќај и улици при Општина Охрид а по претходно добиено одобрение и согласност од одделението за екологија и заштита на животната средина,денес оперативни екипи на ЈП „Охридски Комуналец“, пристапија кон кастрење на гранките на дрвјата по должината на улицата „Македонски Просветители“. Оваа акција на ЈП “Охридски комуналец“, е повеќенаменска посебно ако се има предвид дека широките крошни на дрвјата по ул. „Македонски Просветители“ беа пречка за нормално функционирање на уличното осветлување а со тоа и директна закана по безбедноста на сите учесници во…

повеќе...

Од понеделник до петок ќе се врши уредување на дрворедите на ул „Македонски Просветители”

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид, известува дека во деновите од понеделник до петок ќе врши уредување на дрворедите со поткастрување на крошните од липите на улицата „Македонски Просветители”. Поради ова потребно е отстранување на паркираните возила за непречено извршување на активностите. Уредувањето на дрворедите ќе се врши во деновите: 1. Понеделник 17.11.2014 год. – пресекот на „Кеј Македонија”со улицата „Партизанска”; 2. Вторник 18.11.2014 год. – потегот од ул.„Партизанска” до улицата „Димитар Влахов”; 3. Среда 19.11.2014 год. – од улицата „Димитар Влахов”до „Даме Груев”; 4. Четврток 20.11.2014 год. – потегот од „Даме…

повеќе...

Производи во шумарството, сеча на дрва и услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2014 година, во однос на третото тримесечје од 2013 година, е намалено за 6.6%. Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни и кај огревното дрво од листопадни видови. Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови, рудничкото дрво од листопадни видови, другото обло дрво од листопадни видови и кај…

повеќе...

Спречен нелегален транспорт на огревно дрво сокриено под сено

Околу два метри просторни буково дрво пронајдоа полициските службеници сокриени под бали сено во товарно моторно возило марка „Застава“ со охридски регистарски таблици. Б.Г. (53) од Охрид кој го управувал товарното возилото вршел нелегален транспорт на огревното дрво односно за истото не поседувал соодветна документација. Тој над буковото дрво кое го натоварил во возилото, ставил повеќе бали сено и се обидел така сокриено и без документи нелегално да го транспортира. Дрвата и товарното возило се одземени и со записник предадени на шумската полиција. Сообраќајната полиција го сопре товарното возило вчера…

повеќе...

Кривична пријава против албански државјани и жители од Франгово и Радолишта поради бесправна сеча

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Пустошење на шума“ и „Кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против албанските државјани: Г.Г.(30), Ф.Ч.(15), И.Б.(35) сите од Либражд и М.К.(25) од Поградец. Со пријавата опфатени се и Л.М.(35), П.М.(42),Л.И.(30) сите од струшкото село Франгово и А.Б. (51) од селото Радолишта. На втори овој месец, на место викано „Гропа“ атар на селото Франгово, полициски службеници од гранична полиција Регионалниот центар „Запад“ ги затекнале албанските државјани како спротивно на Законот за шуми и Кривичниот законик вршат бесправна сеча на…

повеќе...

Кривична пријава против две лица од Велгошти поради нелегална сеча

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Б. (48) и М.Б.( 20) двајцата од охридското село Велгошти. На 14-ти овој месец околу 17 часот и 30 минути, во атарот на селото Велгошти, пријавените се затекнати во нелегален транспорт на 1,2 метри просторни буково огревно дрво во сурова-свежа состојба. Транспортот го вршеле на локалниот пат со патничко возило-џип марка Нисан Патрол црна боја без регистарски ознаки, а управувано од Д.Б. без претходно да обезбедат одобрение за сеча и транспорт. Пријавените претходно извршиле…

повеќе...

Кривични пријави за стружани кој нелегално сечеле дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Пустошење на шума“ и „Кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против лицата М.С. (23), Ш.А. (24) и Е.С. (36) сите од струшкото село Лабуништа. Пријавените, на 11-ти овој месец кај местото „Голем равен“ атар на Лабуништа, од страна на полициските службеници од полициската станица за граничен надзор Лабуништа биле затекнати во вршење нелегален транспорт на дрва со 11 коњи на кои биле натоварени по 1,7 м³ нежигирано огревно буково дрво, една секира и една моторна пила. Заедно…

повеќе...

Притворено лице за бесправна сеча на шума

Во рамки на оперативната акцијата „Гора“ насочена кон спречување на бесправна сеча на шума и бесправна продажба на огревно дрво, изминативе неколку дена на подрачјето на СВР Скопје и СВР Велес во четири одвоени случаи кривично и прекршочно се поднесени пријави против девет лица. За прв пат во досегашната судска пракса за вакво дело во Судот во Скопје на едно од лицата му е изречена и мерка притвор. Поконкретно во првиот случај до Јавното Обвинителство Скопје поднесена е кривична пријава против Ј.Ќ.(37) за сторени кривични дела “кражба“ и “фалсификување исправа“,…

повеќе...

Извршено кроење на дрворедот во дворот од Гимназијата

Рано утрово беше извршено кроење на дрворедот кој се наоѓа во дворот на охридската Гимназија – ОСУ „Св.Климент Охридски“. Кроењето го изврши Ј.П. „Охридски Комуналец“ во координација со управата на училиштето. Поради големината на дрвјата, нивните гранки често сметаа на паркингот покрај Маларична, како и на тротоарот, врз новозасадените дрвца од дрворедот на улицата „Димитар Влахов“. Ј.П. „Охридски Комуналец“ и во иднина, во соработка со основните и средните училишта од Охрид ќе спроведува вакви акции. WebOhrid

повеќе...

Продолжува кршењето на дрвцата низ Охрид

Непознати сторители на вандалски начин искршија уште едно новозасадено дрвце на тротоарот на улицата „ Партизанска“, наспроти хотелот „ Палас“. Ваков случај на истата улица имаше и минатата недела, а забележани се и кршења на улични светилки и оштетувања на сообраќајни патокази. Локалната самоуправа, апелира до граѓаните за поголема грижа за заштита на новозасадените дрвца, уредените паркови и другите јавни добра и ги замолува доколку видат било каков случај на уништување, веднаш да ги алармираат надлежните инспекциски служби и полицијата.Со заедничка кординација на надлежните институции и служни, веќе се договорени…

повеќе...