Денес екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” после невремето проследено со силен ветар и бранови извршија расчистување на кејот од пристаништето до хотел „Милениум”. „Подигнати беа 5 трактори на комунален отпад. Дел од отпадот беше исфрлен на самиот кеј, а дел се вадеше од езерото со вили каде што беа активирани 12 работници. На потегот од Лагадин до кампот Елешец се чистеше комунален отпад исфрлен од несовесни граѓани и донесен од езерото и сува трска.“– велат од претпријатието.
повеќе...Tag: елешец
Интензивно се санираат поплавените подрачја во Охрид
Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со претставници на Општинскиот штаб за заштита и спасување и надлежните служби и јавните претпријатија, денеска ги посети поплавените подрачја и направи увид на на зафатите за итно санирање на критичните места. „Имаме сериозини последици од обилните врнежи кои ноќеска паднаа од 90 до100 литри на метар квадратен. Штети има на неколку локации во градот и во селата.На улицата „Железничка“ има поплавени куќи веднаш под патот, кои се под вода поради ниската положба на земјиштето и малиот капацитет на одводните канали кои ја дренираат водата од…
повеќе...Кучињата пливаат заедно со децата
И ова лето можевме да се увериме дека човековиот најверен пријател оди секаде со газдата, па дури и во езеро. Ова куче пливаше заедно со децата на плажата во Елешец, а дали им пречеше на присутните…!?! WebOhrid
повеќе...Пуштени во употреба реконструираниот пат Елешец-Елшани и новиот водоводен систем
Претседателот на Владата на Р. Македонија, Никола Груевски и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска свечено го ставија во употреба реконструираниот пат Елешец – Елшани во должина од 2 258 метри и новиот водоводен систем со нов резервоар за вода во село Елшани со капацитет од 100 метри кубни и нова водоводна мрежа во должина од 2 200 метри . Со ваквите инфраструктурни зафати Владата на Р. Македонија и општина Охрид битно допринесуваат во градење подобар живот во Елшани и создавање сериозни услови за развој на руралниот туризам. Премиерот Никола…
повеќе...Тампон-банкини на патот Елешец – Елшани
Откако по четириесет години се реконструира и на ново се асфалтира патот Елешец – Елшани, деновиве надлежните ги тампонираа и проширените банкини. Со овој дополнителен проект, патиот доби нов лик, а и видлива и корисна проширеност со што и безбедноста ќе биде значително поголема. Од извори во Елшани додаваат дека се задоволни со реализација на овој капитален проект, но предупредуваат дека тампонирањето може да попушти пред првиот пороен дожд и затоа со поголемо внимание треба да се пријде кон цврстината на тампонот за да не дојде до несакани последици! „Впрочем,…
повеќе...Започна реконструкцијата на патот Елешец-Елшани
Започна реконструкцијата на патната делница од афтокампот Елешец до село Елшани во должина од 2.258 метри. Градоначалникот Никола Бакрачески кој денес беше на увид истакна дека станува збор за втор крупен проект кој Општина Охрид го реализира со поддршка од Владата на Р. Македонија и Светска Банка. „Станува збор за пат во должина од 2. 258 метри и ширина во просек од 4 метри. Зафатот опфаќа и уредување на банкините. Патот ќе биде асфалтиран со високо квалитетен асфалт со дебелина од 7 см. Изведувач на градежните активности е АД „Илинден…
повеќе...Опасно свлечиште на патот Елешец – Елшани
Опасно свлечиште над кампот Елешец, на патот за Елшани ги демне и ги загрозува елшанци и сите други патници, жители и автомобили кои заминуваат за Елшани или доаѓаат оттаму. Ова место е веќе традиционална опасност последниве десетина и повеќе години, особено во вакви временски услови и време е надлежните да преземат нешто посериозно за трајно да се реши овој проблем кој, само по некоја чиста случајност, досега не направил поголема материјална или, недајбоже, човечка жртва. За да не дојде до такви несакани последици, елшанци замолуваат и барааат од надлежните итно…
повеќе...