Во Охрид се одржа традиционалниот „Илинденски пливачки маратон 2017″. Маратонот го отвори директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски. Тој ги поздрави присутните, упати честитки до пливачите за покажаниот спортски дух и нивната храброст. Пливачите се поделени во две категории (од 10 до 15 години и од 16 години и постари). Каевски потенцираше дека пливањето заслужува повторно да се врати на старите патеки. Агенцијата за млади и спорт е подготвена да го поддржи овој спорт во кои имаме бележено значителни резултати. Овој маратон е најава за првото издание…
повеќе...Tag: илинден
Охрид полн со гости за Илинден
Деновиве Охрид е полн со гости. Метеж во сообраќајот, полни плажи и угостителски објекти се показател дека Охрид е секогаш исполнет со домашни и странски гости за празникот Илинден. Летните горештини ги наполнија охридските плажи, а навечер полни се чаршијата, шеталиштата и летните бавчи во градот. Зголемената посетеност е резултат и на одржувањето на голем број концерти и настапи на познати музички имиња од земјава и странство. WebOhrid
повеќе...Празникот Илинден одбележан во манастирот „Св. пророк Илија“ – Мешеишта
Големиот македонски празник Илинден, денес се одбележа и во манастирот „Св. пророк Илија“ во с. Мешеишта, општина Дебрца. Голем број верници палеа свеќи и се молеа за здравје и среќа. Традиционално, на присутните им се служеше ручек организиран од црквата, а прославата беше збогатена со музика, односно присутните ги забавуваше пејачот Влатко Миладиновски. Ова беше прилика мешеиштани и годинава да се сретнат со жителите од околните села, но и со наши иселеници од овие простори и заеднички да го прослават овој голем празник. Црквата „Св. Илија“ е главна манастирска црква…
повеќе...Положено свежо цвеќе пред споменикот на Илинденците во Велгошти
Во очи на празникот, традиционално и годинава со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Илинденците во селото Велгошти започна одбележувањето на Илинден. Синоќа, пред споменикот се поклонија делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, претставници од Месната заедница од Велгошти, од Месниот комитет на Велгошти, Сојузот на борци од Охрид, политички партии, здруженија на граѓани како и поединци. Меѓу присутните жители од Велгошти, присутен беше и екс-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. На свеченоста, градоначалникот Бакрачески им го честита овој светол и голем ден за македонската историја.…
повеќе...Светиот пророк Илија – Илинден
Денес е празник посветен на Светиот пророк Илија – Илинден. Боговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера. Родум од племето Ароново, од градот Тесвит и затоа е наречен Тесвитјанин. Кога се роди Илија, неговиот татко Савах виде ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Ова беше предзнак за неговиот пламенен карактер и за богодаруваната огнена сила во него. Целата своја младост ја мина во богомислие и во молитва, повлекувајќи се често во пустината за во тишина да размислува и да се моли. Во…
повеќе...Свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во Плаќе
Делегација на општина Охрид составена од советниците, Јадранка Василеска Здравеска, Климе Шешоски и Љупчо Настоски, положија свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во востанието на Рашанец 1903 и НОБ на Македонија во с. Плаќе. Во рамки на илинденските празнувања, во ова село, се организира и богата културно уметничка програма по повод Патронатот на црквата „Св. Илија“.
повеќе...Илинден одбележан во манастирот „Св. пророк Илија“ – Мешеишта
Големиот македонски празник Илинден, денес се одбележа и во манастирот „Св. пророк Илија“ во с. Мешеишта, општина Дебрца. Голем број верници палеа свеќи и се молеа за здравје и среќа. Традиционално, на присутните им се служеше ручек организиран од црквата, а прославата беше збогатена со музика, односно присутните ги забавуваше пејачот Влатко Миладиновски. Ова беше прилика мешеиштани и годинава да се сретнат со жителите од околните села, но и со наши иселеници од овие простори и заеднички да го прослават овој голем празник. Црквата „Св. Илија“ е главна манастирска црква на Мешеишкиот манастир.…
повеќе...Положено цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците
Делегација на Општина Охрид предводена од претседателката на градскиот Совет, Гордана Коњановска положија свежо цвеќе пред спомен обележјето на хероите во градскиот парк во Охрид, а по повод 2- август, Денот на Републиката. Пред споменикот се поклонија и Делегации на Сојузот на Борци од Охрид и Дебрца, политички партии и други претставници на јавниот и политички живот од градов.
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ со честитка за Илинден
Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот 2-ри Август – Илинден „Почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита државниот празник 2-ри Август – Илинден. Денес Македонија ја прославува борбата на илјадниците македонски дејци, револуционери и борци за слободна и независна татковина, Република Македонија. Празникот Илинден е силно вкоренет во традицијата, но и меморијата на граѓаните на Македонија како симбол на неопокорот на големиот број знајни и незнајни јунаци кои се жртвуваа пред олтарот на слободата. На ден Илинден 1903-та година во славното Крушево нашиот народ манифестираше…
повеќе...Делегација предводена од претседателот на СДСМ Заев оддаде почит во Крушево
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со потпретседателот Александар Кирацовски и претседателот на ОО на СДСМ Крушево Трајче Калески, во чест на 2 август – Денот на Републиката оддаде почит и положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, првиот претседател на Крушевска република, во споменичкиот комплекс Илинден, познат како Македониум, пред споменикот на Хероите на Слива, пред споменикот на Мечкин камен, како и на гробот на Тоше Проески.
повеќе...