Катастарот ја поедноставува услугата и ги намалува трошоците

Со поставување ПОС терминали во сите буџетски корисници Агенцијата за катастар на недвижности ја поедноставува постапката за поднесување барање и плаќање надоместок без провизија за користење на нејзините услуги преку буџетските корисници. Имплементацијата на ПОС терминалите започна со пилот општината Аеродром, во текот на месецов продолжува во сите скопски општини, а од 1 септември ќе бидат опфатени сите општини во Македонија. Сите корисници кои имаат сметки во деловните банки како што се адвокатите, нотарите, проценителите веќе имаат платежни картички и го користат виртуелниот ПОС терминал за плаќање на услугите кон…

повеќе...

Бесплатно запишување права на сопственост во 29 катастарски општини

Катастарот годинава ќе врши бесплатно запишување сопственички права на права на недвижности во 29 нови катастарски општини во руралните средини. Катастарските општини се утврдени со Годишната програма за ажурирање податоци по службена должност за 2016 година што ја усвои Владата на седницата на 26 минатиот месец, со цел натамошно намалување на процентот на катастарски парцели со неутврдени сопственички права. Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески денеска апелира сите граѓани и правни лица кои поседуваат имот во катастарските општини опфатени со програмата да поднесат пријава до надлежното одделение…

повеќе...

Катастарот ќе изврши премер на објекти на 5.000 граѓани и компании

Стапија во сила законските измени со коишто Катастарот по службена должност ќе изврши премер на објекти на 5.000 граѓани и компании и ќе им издаде бесплатен геодетски елаборат со што може да се изврши катастарско впишување на имотот и издавање имотен лист. Станува збор за објекти за кои граѓани и компании поседуваат градежно техничка документација, но од објективни или субјективни причини не ја доставиле до Катастарот додека траела постапката за систематско запишување и ја пропуштиле можноста за бесплатен премер и добивање имотен лист. Ако просечната цена на геодетски елаборат за…

повеќе...

Агенцијата за катастар на недвижности доби графички регистар на градежно земјиште

Со графичкиот регистар на градежно земјиште Македонија стана една од земјите каде што постапката за донесување на урбанистички планови се одвива целосно по електронски пат. Регистарот е изработен по тригодишна работа на експертски тим составен од претставници од надлежните институции и за него се инвестирани 250 илјади евра обезбедени од Буџетот на Агенцијата за катастар на недвижности. Од вчера, Регистарот е достапен за професионалните корисници како што се планерските куќи, Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за планирање на просторот, општините и геодетите, а од јуни годинава ќе биде достапен…

повеќе...

Катастарот воведе ВИП постапка за регистрација на имот

Катастарот воведе ВИП постапка за регистрација на имот со која пренесувањето на недвижност од едно на друго лице се врши во три чекори за шест дена. Разликата во цената со постоечката постапка, со која активностите се во седум чекори и траат 30 дена, е од 3.000 до 6.000 денари. Според директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпевски, со воведувањето на дополнителната ВИП постапка им се овозможува на граѓаните да имаат избор на кој начин сакаат да ја регистрираат недвижноста. По извршените законски измени постапката стана ефективна од почетокот…

повеќе...

Имотен лист од дома, нов дистрибутивен систем на Катастарот

Граѓаните и правните лица од денеска може да нарачаат податоци од Катастарот преку интернет на веб страницата http://ossp.katastar.gov.mk/OSSP. – Со дистрибутивниот систем што го воведе Катастарот корисниците на многу едноставен начин, со само три чекори, ќе можат да добијат имотен лист од каде било, од својот дом, од работното место, дури и кога се во движење… Овој систем ќе може да го користат сите граѓани во државава и во странство, како и градежни и геодетски компании, јавни институции, општини, министерства, информира на прес-конференција министерката за информатичко општество и амдинистрација Марта…

повеќе...

Инситуциите и Катастарот ќе комуницираат електронски

Државните органи, судовите, општините и другите субјекти со пренесени јавни овластувања отсега електронски ќе ги доставуваат сите документи кои содржат правна основа, а по кои се врши запишување во Катастарот. По истиот принцип, електронски, и Агенцијата за катастар на недвижности ќе им ги доставува потребните документи на институциите. За оваа цел, како што беше речено на прес-конференција на која беше промовиран проектот, предвидена е измена на 30 законски решенија од областа на правосудството, финансиите, градежништвото, земјоделството, социјалната заштита, економијата, културата и здравството. Вкупно 19 се донесени, а 11 се во…

повеќе...

Груевски: Регистарот на цени на недвижности корисен за граѓаните и компаниите

Регистар на цените на недвижности што ќе го воспостави Катастарот за период од околу две години ќе им помогне многу и на граѓаните и на компаниите за одредување точни цени на станови, куќи и друг вид земјиште во различни делови на Скопје и на другите градови во Македонија, изјави денеска премиерот Никола Груевски. Проектот, според Груевски, ќе помогне и за реално прибирање на даноци од страна на општините, за разни статистички операции на Државниот завод за статистика, Централната банка на РМ… „Ќе помогне за граѓаните да знаат отприлика во кој…

повеќе...

„Отворено со катастарот“ утре и задутре во Охрид

Aкцијата „Отворено со катастарот“ утре и задутре ќе се реализира во подраќното одделение за атастар на недвижности во Охрид. Истата е наменета за контакт со сите заинтересирани граѓани кои имаат прашања и проблеми во врска со катастарот, со можност за нивно решавање веднаш на лице место. Раководството на Агенцијата заедно со стручни тимови во точно утврдени термини ги посетуваат сите 30 подрачни одделенија на Агенцијата и остваруваат контакт со заинтересирани странки во врска со одредени прашања од односната проблематика. Средбите со граѓаните се и можност да се слушнат прадлози, сугестии…

повеќе...

Доделен Сертификатот за функционалност на информациски системи на Катастарот

На Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија денеска и беше врачен Сертификатот за функционалност на информациските системи, со што стана петтата институција во земјата која се здоби со ваков сертификат. Тоа претставува чекор напред во модернизацијата и надградбата на целокупниот систем на оваа агенција, која секојдневно нуди услуги во интерес на граѓаните. Министерот Ивановски сертификатот му го врачи на директорот на катастарот, Славче Трпески, притоа истакнувајќи дека сертификацијата се состои од голем број контроли, кои произлегуваат од светските стандарди, како што е серијата ISO 27000. „Условите за добивање…

повеќе...