Промоција на книгата „Масонски степени” и изложба на масонски книги од Миле Миќуновиќ

НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид организира промоција на книгата „Масонски степени” и изложба на масонски книги од авторот Проф. д-р Миле Миќуновиќ. Промотор е м-р Милчо Јованоски. Изложба на масонски книги од Проф. д-р Миле Миќуновиќ. Отворањето ќе се одржи во НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид на 12.10.2017 (четврток) во 13:00ч. Изложбата ќе биде отворена до 18.10.2017.

повеќе...

Утре ќе биде промовирана книгата „Коста С. Шахов Публицистика“ од Томе Груевски

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и Здружението „Базилика“ – Мешеишта организираат промоција на книгата „КОСТА С. ШАХОВ ПУБЛИЦИСТИКА“ од авторот Томе Груевски. Промотори на настанот се проф. д-р. Зоран Костов и проф. д-р. Марко Китески. Промоцијата ќе се одржи утре – 15.08.2017 (вторник) во 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид.

повеќе...

Охридската Гимназија го одбележува Светскиот ден на книгата

Со пригоден час денес охридските Гимназијалци од „Св.Климент Охридски“ го одбележаа 23 април – Светскиот ден на книгата и авторските права. Востановен во Париз од страна на УНЕСКО во 1995 година, денес овој ден се одбележува во повеќе од 100 земји ширум планетата. Избран е токму 23 април, не само поради смртта на Шекспир и Сервантес на овој ден, туку и поради необичниот празник кој тогаш се прославува во шпанската покраина Каталонија. На денот на Свети Ѓорги, вљубените парови разменуваат книги и цвеќе. Според тамошните издавачи, половина од продадените книги…

повеќе...

Средношколците од „Ванчо Питошески“ дел од 29от Меѓународен саем на книгата

Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ беа во посета на 29 Меѓународен Саем на книгата и Денови на образование и кариера во Скопје, заедно со професорите по македонски јазик и литература Перчо Божиновски и Мирјана Зафировска. „Целта на посетата покрај афирмација на културната манифестација, беше оваа прекрасна пригода да биде запознавање на вљубените во книгите со насловите и можност за одберат меѓу понудата од светски бестселери, дела од македонски автори и многу останати книги, а со тоа формирање читателска култура. Посебен интерес за учениците од IV година беа презентациите на националните…

повеќе...

Основците од „Св.Климент Охридски“ на средба со писателот Тоде Илиевски

По повод 2-ри април Меѓународниот ден на книгата за деца, ОУ „Св.Климент Охридски“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска во салата за приредби на училиштето се одржа средба на учениците со македонскиот писател за деца и млади Тоде Илиевски.

повеќе...

Промоција на книгата „Македонски раритети, раритетни Македонци“ од Ангелина Маркус

Во градската библиотека „Григор Прличев“ утре ќе биде промовирана книгата „Македонски раритети, раритетни Македонци“ од Ангелина Маркус. Промотор на книгата ќе биде Тоде Илиевски. Промоцијата ќе се одржи утре (четврток), во 12 часот, во Прличевата одаја при НУ Бибилиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

повеќе...

Утре ќе биде промовирана стихозбирката „Некаде помеѓу“ од Искра Пенева

Во „Прличевата одаја“ при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид утре (среда) ќе се одржи промоција на стихозбирката „НЕКАДЕ ПОМЕЃУ“ од српската и македонската поетеса Искра Пенева, која е носител на наградата „Стојан Христов“ на СВП 2016 год. Покрај избраните песни ќе има и проекција на 3 поетски видеа, чиј автор е Искра Пенева. Искра Пенева е родена во 1980 година во Белград каде што живее и работи. Дипломирала на Математичкиот факултет во Белград. Автор е на четири стихозбирки. Член е на Здружението на писателите на Србија.

повеќе...

Македонија успешно претставена на Меѓународниот саем на книгата во Пекинг

Состаноци со директори и заменици-директори на три издавачки куќи од Пекинг, работни средби со менаџерите на две големи кинески дистрибутерски фирми кои понудија продажба на антологиите на македонската книжевност преведени на кинески јазик во Кина, интервју на Јовица Тасевски-Етернијан за пекиншка телевизија беа дел од активностите на 23. Меѓународен саем на книгата во Пекинг каде што Република Македонија беше успешно претставена. Главен акцент на македонскиот штанд беше ставен на презентирањето на книгите од капиталниот издавачки проект Превод на антологии на македонската книжевност на шест странски јазици: кинески, руски, француски, германски,…

повеќе...

Вечерна богослужба на Плаошник по повод 1100 години од упокојувањето на „Свети Климент Охридски“

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 8ми август ќе се служи празнична вечерна богослужба, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, по повод јубилејниот празник 1100 години од упокојувањето на „Свети Климент Охридски“ со почеток во 19.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско кичевски г.Тимотеј. На 9ти август (вторник) со почеток во 08.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј. Во рамките на издавачката установа „Канео“ при Дебарско – кичевската епархија, излезе…

повеќе...

Промовирана монографија за пајонската престолнина Билазора

Научните резултати од археолошките истражувања на раноантичкиот град Билазора во овчеполскиот локалитет Градиште – Кнежје се публикувани во книгата „Античка Билазора – престолнина на независните Пајонци“. Беше промовирана денеска на Меѓународниот славјански унверзитет во Свети Николе кој е издавач заедно со Народниот музеј од Свети Николе. Автор на книгата, објавена на македонски и руски и на македонски и англиски јазик, е проф. д-р Драги Митревски. Тој ја предводи истражувачката екипа која во изминатите осум години интензивно работеше на локалитетот на кој од 7 до 2 век п.н.е постоел античкиот Билазора…

повеќе...