Груевски: Го задолживме МВР целосно да го обезбеди Специјалното обвинителство

Владата го задолжила Министерството за внатрешни работи целосно да го покрие со обезбедување објектот во кој се наоѓа Специјалното обвинителство, изјави денеска премиерот Никола Груевски. „На денешната седница Владата донесе заклучок и го задолжи МВР да овозможи 24-часовно обезбедување на објектот каде што се наоѓа специјалниот јавен обвинител. Да го покрие целосно со обезбедување. Министерот потенцираше дека досега се што побарала обвинителката во однос на обезбедувањето и било овозможено. Му кажавме доколку нешто повеќе побара во однос на обезбедувањето на објектот да и биде овозможено“, изјави Груевски. Службата за општи…

повеќе...

Со украдено возило тргнал да патува до Охрид

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против М.Д.(18) од Скопје поради постоење основано сомнение за извршено кривично дело „одземање моторно возило“ за што од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена. Истиот на 27/28.11.2015 година се упатил на ул. „Македонска Преродба“и откако се уверил дека нема да биде забележан од никого влегол преку незаклучената врата во дворот, се доближил до ПМВ марка „Ауди А4“ караван со скопски регистерски ознаки и забележал дека на контакт бравата се оставени клучеви од возилото, по што ја…

повеќе...

Вчера издадени 3.291 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 16.12.2015 издадени се потврди на вкупно 3.291 странски државјани, од кои 1.397 се од машки пол, 712 се од женски, 1.153 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 29 дете кои патува без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.451, Авганистан–962 и Ирак-878 Во периодот од 19.06.2015 до 16.12.2015 година до…

повеќе...

Пратениците ги изгласаа новите членови на ДИК

Собранието на денешната седница со 102 гласови „за“, без воздржани и без гласови „против“, ги изгласа членовите на Државната изборна комисија. За претседател на комисијата е избран Александар Чичаковски, а за потпретседател – Реџеп Прекопуца, и двајцата од редовите на експертите. Членови на комисијата се и Атанас Урумов, исто така, од редот на експертите, Силвана Бонева и Сашо Срцев на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Виолета Дума и Игор Милев на предлог на СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и Бедередин Ибраими на предлог на ДПА. Извор: meta.mk

повеќе...

Средба на претседателот Заев со претседателот на Домот на пратеници на чешкиот парламент, Хамачек

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со претседателот на Домот на пратеници на парламентот на Република Чешка, Јан Хамачек, којшто е во официјална посета на Република Македонија. Централни теми на средбата беа актуелната состојба во земјава, бегалската криза и продлабочувањето на соработката помеѓу Чешка и Македонија. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, посочи дека актуелната бегалска криза е заеднички проблем на цела Европа и во таа насока побара поголема помош од Република Чешка. Претседателот на Домот на пратеници на парламентот на Чешка, Јан Ханачек, рече дека неговата земја е…

повеќе...

Министерот Спасовски се сретна со Амбасадорката на ОБСЕ Нина Суомалаинен

Во Министерството за внатрешни работи на Р.Македонија, се одржа состанок помеѓу шефицата на мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа(ОБСЕ), Амбасадорката Нина Суомалаинен и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, придружувани од неколку свои соработници. Шефицата на мисијата на ОБСЕ, Амбасадорката Нина Суомалаинен изрази особено интересирање и побара став во однос на следниве прашања: мигрантската, односно бегалска криза, борбата против тероризмот, регистрацијата на избирачите во избирачкиот список и негово прочистување со цел обезбедување на фер и демократски избори и соработката со Специјалното јавно обвинителство. Министерот Спасовски ја запозна…

повеќе...

Царината и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ потпишаа Меморандум за соработка

Царинската управа и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, денес потпишаа Меморандум за соработка. Целта на Меморандумот е интензивирање на активностите на Регионалниот тренинг центар на Светската царинска организација и унапредување на соработката со високообразовните институции. Досегашната успешна соработка, докажана преку бројните активности на Регионалниот тренинг центар и спроведената практикантска работа во Царинската управа за студентите на овој факултет претставуваа солидна основа за нејзино продлабочување и унапредување. Потпишувањето на овој Меморандум ќе овозможи научните истражувања за влијанието на измените во царинските и акцизни постапки на економијата на национално…

повеќе...

Пронајден мртов поранешниот воен разузнувач Горан Софески

Нема траги на насилство врз безживотното машко тело пронајдено утрово во 08 часот и 35 минути во месноста „Бела вода“ во близина на Кичево. Ова е потвредено од извршениот увид предводен од Јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство од Кичево како и од медицински екипи од Општата болница во Кичево кои на лице место извршија медицински преглед. Од извршеното препознавање на местото каде е забележано безживотното тело, се работи за лицето Горан С. (44) од Кичево, со место на живеење во Скопје. До телото, забележан е ловечки карабин со оптички…

повеќе...

Прием на македонската кик-бокс репрезентација

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска ги прими претставниците на македонската репрезентација во кик-бокс, по повод остварениот успех на 20. Светско првенство во Белград, одржано од 24 октомври до 1 ноември, на кое македонските репрезентативци освоија два златни и еден бронзен медал. Македонскиот претседател упати честитки за постигнатиот голем успех на македонските репрезентативци и им порача и во иднина да продолжат достојно да ја претставуваат Република Македонија на големите спортски натпреварувања. Претседателот на КБФМ, Александра Нелковска, тренерот Драган Атанасовски и кик-боксерите Ненад Манојловски, Димитар Ѓорѓиев и Стефани Тодорова…

повеќе...

Директорот на БЈБ, Савовски на билатерална средба со Хаки Чако, директор на полицијата на Албанија

Директорот на Бирото за јавна безбедност на Република Mакедонија, м-р Горанче Савовски утре во Валона, Република Албанија, ќе оствари билатерална средба со Хаки Чако, директор на албанската полиција. Средбата ќе се реализира на покана на албанската страна и претставува продолжение на досегашните многубројни реализирани билатерални средби на сите нивоа помеѓу двете земји. На средбата на директорите ќе стане збор за унапредување и продлабочување на билатералната и оперативната меѓународна соработка на МВР на Р.Македонија со МВР на Република Албанија, изразена, меѓу другото преку заложбите за подобрување на добрососедските односи и развивање…

повеќе...