Царинската управа со презентации во средните училишта за борбата против наркотрговијата

Вчера, Царинската управа повторно започна со презентации за подигање на јавната свест за последиците од неовластено производство, трговија, транспорт и конзумирање на дрога, чија целна публика се ученици од средните училишта во државата. Стручни лица од Царинската управа одржаа предавање пред учениците од средното училиште на град Скопје „Браќа Миладиновци“. „Царинската управа за првпат одржа вакви презентации во февруари 2014 година, кога беа посетени 7 средни училишта во Република Македонија (Скопје, Гевгелија, Штип, Куманово и Битола). Презентациите под слоганот „Остани чист не биди –муле“ вклучуваат едукативен дел каде учениците се…

повеќе...

Ставрески: И годинава ќе имаме солиден економски раст

Вицепремиерот и министер за финасии Зоран Ставрески очекува македонската економија и годинава да има солиден раст и повторно да биде меѓу првите пет-шест земји во Европа со највисок економски раст. „Со случувањата на политичката сцена и политичката криза, 2015 година ја завршивме успешно и економијата на некој начин беше светла точка во годината во која што немаше многу светли точки. Сепак, растот што се реализира во втората половина од годината, посебно во повеќе сектори, помогнаа Македонија повторно да биде меѓу земјите со највисок економски раст во Европа“, рече Ставрески во…

повеќе...

Вчера издадени потврди на 931 странски државјани

Во текот на вчерашното деноноќие издадени се потврди на вкупно 931 странски државјани, од кои 395 се од машки пол, 212 се од женски и 324 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. А, пак до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на…

повеќе...

Премиерот Димитриев е против одложување на изборите

Премиерот на преодната влада, Емил Димитриев, изјави дека нема основа за одложување на предвремените парламентарни избори и дека тие ќе се одржат на 24 април. Ова Димитриев го изјави при посетата на новата здравствена установа „Пет центар“ на која беше придружуван од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и министерот за здравство, Никола Тодоров. Димитриев рече дека во овој момент нема потреба од лидерска средба. „Сега во моментов не ценам дека има некоја потреба за лидерска средба, бидејќи ние како политички партии имаме секојдневна комуникација и денеска тимовите разговараат по отворените…

повеќе...

Од денес започнува второто полугодие

За околу 270.000 ученици во основните и во средните училишта од денес започнува второто полугодие за учебната 2015/2016. По тринеделен одмор, учениците се враќаат во училишните клупи. Им посакуваме успех! WebOhrid

повеќе...

МВР вчера издало 729 потврди на мигранти

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 17.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 729 странски државјани, од кои 327 се од машки пол, 138 се од женски, 263 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и едно деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-360, Авганистан–319 и Ирак-50. Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00…

повеќе...

Груевски: САД останува стратешки партнер на Македонијa

Премиерот Никола Груевски доцна синоќа по македонско време, во Вашингтон оствари средба со потпретседателот на САД Џо Бајден. „Со господинот Бајден имавме одлична и пријателска средба. Од последното гледање до сега се имаат случено многу добри работи, но и многу предизвици. Зборувавме и за добрите работи и за предизвиците,“ изјави Груевски по средбата. Америка е партнер на Македонија. Со неа, како што нагласи Груевски, потпишавме Декларација за стратегиско партнерство во 2008 година, а во многу работи од САД имаме и сериозна поддршка. Премиерот Груевски и потпретседателот Бајден на средбата зборувале…

повеќе...

Работна средба на на министрите за култура и информатичко општество и администрација со претседателите на здруженијата за заштита на авторски музички права

Во Министерството за култура на денес, се одржа средба на која присуствуваа, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска и претседателите на здруженијата за заштита на авторски музички права… На средбата беше разговарано за актуелните состојби и потребата од изнаоѓање на прифатливо решение кое ќе биде во интерес на авторите и корисниците (Радио телевизиските организации), а истовремено, ќе биде во функција на остварување на јавниот интерес во областа на музиката. На состанокот е договорено: Почнувајќи од 04.01.2016-та година во рок од 15 дена…

повеќе...

Вчера издадени 2.283 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 22.12.2015 издадени се потврди на вкупно 2.283 странски државјани, од кои 969 се од машки пол, 477 се од женски, 827 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 10 деца кои патува без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-980, Авганистан–827 и Ирак-476. Во периодот од 19.06.2015 до 22.12.2015 година до…

повеќе...

Над 2.000 нови работни места со проект за пазарна вработливост

Со 6,25 милиони франци, грант од Швајцарската конфедерација, во наредните четири години во Македонија треба да бидат отворени над 2.000 работни места и да се зголеми нето приходот за 1,5 милиони евра на над 1.000 мали и средни претпријатија. Станува збор за проект „Зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ)“, на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), што ќе го спроведува „Свисконтакт“ во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус. „Проектот со методологијата за системски развој на пазарот се надополнува со економските програми на Владата насочени кон зголемување на економскиот раст и…

повеќе...