Обуки за граѓанскиот активизам преку медиумска писменост во Охрид

Здружението за развој на претприемништвото и туризмот – Концепт плус од Скопје во рамките на проектот “Јакнење на граѓанскиот активизам преку медиумска писменост” на 12 и 13ти мај ќе организира обуки за медиумска писменост и граѓански активизам во Охрид. Целта на обуката е да ја зголеми свеста за активно граѓанско учество и поттикнување граѓански активизам за решавање на локални предизвици преку медиумско описменување. Основна цел на проектот е поттикнување на граѓански активизам во помалите средини во Македонија преку медиумска писменост т.е. запознавање на јавноста со тоа што се медиуми, како…

повеќе...

Промовирана Мрежата за медиумска писменост на Република Македонија

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, денес, свечено ја промовираше Мрежата за медиумска писменост на Република Македонија, чија цел е унапредување на соработката меѓу различните чинители во македонското општество кои креираат и спроведуваат политики и реализираат активности и проекти во сферата на медиумската писменост. Мрежата има 34 основачи – образовни установи, граѓански организации, медиуми и државни институции, меѓу кои и две министерства – Министерство за образование и Министерство за труд и социјална политика. Мрежата е отворена за нови членови, кои можат да и пристапат со потпишување и депонирање Пристапница.…

повеќе...

Охридската шопска салата за Гинис актуелна и во балканските медиуми

Охрид деновиве повторно го привлече вниманието на светската јавност, односно повеќе балкански медиуми го пренесоа настанот: Во Охрид подготвена шопска салата за Гинисов рекорд. Дел од насловите можете да погледнете на следниве линкови: U Ohridu napravljena najveća šopska salata na svetu: Makedonci od Bugara oteli Ginisov rekord U Ohridu napravljena šopska salata za Ginisov rekord Ohridska šopska salata za Ginisa! Šopska za Ginisa: U Ohridu napravljena najveća salata na svetu WebOhrid  

повеќе...

Новинари од повеќе европски медиуми во посета на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беше домаќин на новинари од неколку европски медиуми, меѓу кои: радијата (Deutsche Welle – Германија; Rai3, Radio Popolare – Италија; и National Spanish radio – Шпанија), печатените медиуми (Wiener Zеitung – Австрија; La Libre – Белгија; Trud – Бугарија; Hospodarske Noviny – Чешка; Luxemburger Wort – Луксембург; Evenimentul Zilei – Романија; Altinget – Шведска; Groene Amsterdammer – Холандија; The Gardian – Велика Британија), телевизијата ORF – Австрија и новинската агенција Athens news agency – Грција. Целта на посетата на новинарите беше одблизу да…

повеќе...

Во Брисел се одржа Поткомитет за иновации, информатичко општество и социјална политика

Денес во Брисел се одржа 13-от Поткомитет за иновации, информатичко општество и социјална политика. Во рамки на Поткомитетот беа презентирани активностите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, согласно медиумската легислатива и Изборниот законик. Заклучоците на Европската комисија кои произлегоа од Поткомитетот се во насока дека Агенцијата ќе продолжи да обезбедува независност, предвидливост и транспарентност како регулаторно тело за медиуми, особено имајќи ја предвид важноста на Агенцијата како тело кое гарантира едно од најосновните права кое е есенцијално за владеењето на правото, како и дека Агенцијата ќе ја следи…

повеќе...

СДСМ: Охриѓани го загубија веслачкиот клуб „Југ“ поради негрижата на локалната власт

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Охрид, охриѓани и Македонија од вчера го загубија најстариот спортски клуб на вода во градот, веслачкиот клуб „Југ“ поради негрижата на локалната власт. И покрај нашите заложби и поведувањето иницијатива во Советот на Општина Охрид, локалната власт не беше заинтересирана да му помогне на клубот. Освен што нема адекватни простории за клубот, нема ниту било каква финансиска помош од локалната власт што би им дала мала надеж дека можат да опстојат. Празната сметка го остави „Југ“ и без нивните…

повеќе...

Четири години со Вас – WebOhrid!

Почитувани читатели и наши верни пријатели! Нашиот медиум WebOhrid благодарение на сите вас постои веќе полни 4 години. Вие нé следите секој ден и постојано сте тука, каде може да се информирате, да прочитате и да видите како ние Вам ви ги пренесуваме сите важни вести и информации. Сме го правеле тоа за вас и за вашата љубопитност и денес, поради тоа сме горди на вас и со тоа горди на постоењето на WebOhrid! 12-ти Декември е наш заеднички ден, бидете со стил, со добра мисла и со добра намера!…

повеќе...

Трета медиумска лабораторија во Охрид

Четириесетина ученици од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ учеа како се прави весник и како се пишуваат вести. Предавањето за основите на новинарството го реализираа предавачи на Високата школа и новинари во дневниот весник „Нова Македонија“. Овие еднодневни работилници се организираат за да им се доближат на младите професионалните новинарски стандарди и процесот на креирање вести. Организатори се „Нова Македонија“ и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, а реализацијата е овозможена со поддршка на Европската Унија.

повеќе...

Работна средба на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги и Државната изборна комисија

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска беше домаќин на работната средба со членовите на Државната изборна комисија. Во фокусот на состанокот беа меѓусебното информирање за досегашните активности, како и напорите насочени кон подигнување на нивото на почитување на изборната регулатива. На средбата уште еднаш беа потврдени заложбите за натамошна соработка во согласност со Меморандумот за соработка, потпишан во февруари годинава. Од почетокот на мониторингот на медиумското известување во пресрет на изборите во декември 2016 година, Агенцијата повторно започна да и доставува на Државната изборна комисија седмични извештаи за…

повеќе...

Заглави ад хок телото за медиуми, средбите продолжуваат од понеделник

Членовите на привременото ад хок тело за следење на работата на медиумите за време на изборите, не постигнаа договор за избор на петтиот член, а средбите ќе продолжат од понеделник. Четворицата членови не успеаја да постигнат консензус иако рокот за изборот на петтиот член, кој треба да биде Албанец, истече во средата. Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, предложени од ВМРО-ДПМНЕ и Горан Трпеноски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ, се договорија повторна средба да имаат во понеделник. Рокот за формирањето на ова привремено тело истече во средата. Ад хок телото…

повеќе...