Потпретседателка на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, денес во изјава за медиумите истакна: Денеска сме во посета на општина Струмица, на повеќе населени места, на средби со граѓаните. Штотуку остваривме и средбата со невладини организации коишто ги претставуваат интересите и правата на лицата со инвалидност и попреченост на територија на општина Струмица. Разговаравме за повеќе прашања. На средбата беа изнесени повеќе барања до Министерството за труд и социјална политика како приоритетни прашања кон коишто треба да пристапиме да ги решаваме. За дел од нив ги запознав…
повеќе...Tag: министерка
Намален бројот на вработени во јавната администрација
Јавниот сектор во Македонија брои 127.139 вработени во вкупно 1.266 институции што е речиси еден отсто помалку во однос на јули минатата година, соопшти денеска министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска. Презентирајќи ги резултатите од регистарот на вработени што требаше да се воспостави заклучно со утре, но е веќе во функција, најмногу вработени има во секторот образование и наука, 34.200, и во здравството, 19.826, додека најмалку во судството и културата. Во институциите на централно ниво: собрание, влада, министерство, фондови, агенции, дирекции,…, се вработени 17.077 лица, во полицијата…
повеќе...Канческа-Милевска на средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија
Министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска денеска оствари работна средба со Вилем Ваутер Пломп, амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија. На средбата, соговорниците се согласија дека Република Македонија и Кралството Холандија имаат одлични културни врски, кои се одликуваат со реализација на голем број проекти од сите дејности на културата. На средбата, меѓу другото, стана збор и за иницијативата за продлабочување на соработката и тоа преку поголема размена на експерти, уметници и проекти. Министерката за култура Канческа-Милевска потсети дека досегашната соработка со Кралството Холандија е на солидно ниво со континуирано претставување…
повеќе...Отворена продажна изложба на дел од проектите од областа на креативните индустрии
Продажна изложба на дел од проектите од областа на креативните индустрии кои беа финансиски поддржани од Министерството за култура во 2015 година е отворена денеска во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“. Изложени се парчиња накит, облека, мебел и други дизајнерски производи со практична и применлива вредност, создадени од 17 млади креативни практичари. Продажната еднодневна изложба ќе биде отворена до 20 часот. На отворањето на продажната изложба присуствуваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска. „Министерството за култура веќе четири години поддржува млади уметници,…
повеќе...Работна средба на Ташевска-Ременски со претставниците на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија
Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари работна средба со претставниците на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ) во којшто членуваат седум национални сојузи на лицата со инвалидност: Националниот сојуз на слепи на Република Македонија, Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Македонија, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Република Македонија Мобилност, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост Порака, Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија, т.е.…
повеќе...Изложба на графики од Пикасо во МКЦ од 19 февруари до 16 март
Во галеријата на Младинскиот културен центар од 19 февруари до 16 март ќе биде поставена ексклузивна изложба на дела од големиот шпански сликар Пабло Пикасо. Ќе бидат претставени 46 графички дела – факсимили на цртежи, литографии и одделни гравури, од периодот 1932-1969 година. Делата се во сопственост на приватната галерија „Висконти“ од Љубљана. Директорот на МКЦ Златко Стевковски на прес-конференција рече дека во сржта на збирката се комплети од оригинални графики, сместени во три мапи, кои денес се ретко видени и достапни дела: „Двојна флејта“ (која содржи 16 литографии –…
повеќе...Министерката за култура се сретна со светски реномираниот театарски режисер со словенечко потекло Томаж Пандур
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска оствари работна средба со светски реномираниот театарски режисер со словенечко потекло Томаж Пандур, кој годинава ќе биде еден од ексклузивните гости на сцената на Националната установа Македонски народен театар. На средбата режисерот Пандур, кој во последните десет години активно соработува со големите театарски куќи во Мадрид, Шпанија, го изрази своето огромно задоволство од техничко-технолошките можности што ги поседува објектот на Македонскиот народен театар и ја посочи одличната соработка со МНТ каде што започнаа подготовките за премиерното поставување на претставата „Кралот Лир“ од британскиот драматург…
повеќе...Осум театри опремени со нова и современа сценска, светлосна и тонска опрема
Осум театри од нашата држава се опремени со нова и современа сценска, светлосна и тонска опрема, проект во програмата на Владата и на Министерството за култура за кој се издвоени средства во висина од 17,6 милиони денари. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска на прес-конференција информираше дека со квалитетна и софистицирана опрема од најреномираните светски брендови целосно се опремени: Драмскиот театар, Театарот за деца и младинци, Народниот театар Битола, како и театрите кои работат во состав на центрите за култура во Прилеп, Куманово, Штип, Струмица и во Охрид. Со овој…
повеќе...Проект за развој на Кокино како туристичка дестинација
Со изработка на новата веб-страница www.kokino.mk, промотивно видео, мобилна апликација, реновирање на информативните табли, поставување на патокази и заштитни прегради на ранливите делови и оградување на локалитетот НУ Музеј Куманово во соработка со Локалната акциска група „Абер 2015“ и со поддршка од Проектот за експанзија на мали бизниси, финасиран од УСАИД и Владата на Швајцарија ќе се развива мегалитската опсерваторија Кокино како туристичка дестинација. Целта на проектот е архео-астрономскиот локалитет да стане лесно достапен за туристите и физички и на интернет, а при тоа да се сочува неговиот автентичен изглед.…
повеќе...Поддршка за 61 проект од креативните индустрии на четвртиот конкурс
Шеесет и еден проект од областа на креативните индустрии ќе добијат финансиска поддршка од Министерството за култура. Тие се избрани на четвртиот конкурс на кој аплицирале 114 проекти. Триесет од прифатените се на физички лица, 31 на граѓански здруженија и други правни субјекти. Со нив вкупно 211 проекти добиле поддршка од почетокот на објавувањето на конкурсите во 2013 година. Меѓу поддржаните се проектите дигитална керамика, апликации на кирилица на дизајнерски производи, прва модна колекција со 3д печатење, прв македонски бренд на покуќнина (Мираз), Фестивал на фигури од овошје и зеленчук,…
повеќе...