Градоначалникот Никола Бакрачески, денес имаше работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку и Рамиз Мерко, министер задолжен за привлекување странски инвестиции. На средбата присуствуваше и заменик министерот Зоран Шапуриќ и градоначалникот на Струга, Мустафа Забзу. Градоначалникот беше информиран за ставот и закључоците на Владата на Република Македонија, за изнаоѓање на привремено решение за проблемот со депонијата во Струга, односно за можноста комуналниот смет од Струга, времено да биде одложуван во депонијата Буково. Градоначалникот Бакрачески ги информира владините министри, дека било какво решение кое нема да…
повеќе...Tag: министри
Оливер Андонов предлог за нов министер за внатрешни работи, Чавков нов директор на БЈБ, Владимир Атанасовски нов директор на УБК
Митко Чавков министерот за внатрешни работи поднесе оставка, а Оливер Андонов е предлог за нов министер за внатрешни работи, потврди за МИА владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. „Може да потврдам дека министерот Митко Чавков предмалку поднесе оставка на позицијата министер за внатрешни работи. Премиерот Димитриев ја прифати оставката на Чавков и согласно законските прописи ја испрати до Собранието заради нејзино констатирање. Истовремено премиерот до Собранието испрати предлог професорот Оливер Андонов да биде нов министер за внатрешни работи. Тој има долгогодишно искуство со работа во разни сфери во областа на безбедноста, а…
повеќе...Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија го посетија Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија
Денес министерот за внатрешни работи на Република Србија, Небојша Стефановиќ заедно со министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски и нивните најблиски соработници остварија работна посета на транзитниот прифатен центар “Винојуг” во Гевгелија, каде што во моментов се наоѓаат полициски службеници од МВР на Република Србија. Полициските службеници од Србија заедно со македонските колеги патролираат и вршат зајакнат надзор на граничната линија кон Грција и учествуваат во секојдневните работни задачи и активности во транзитниот центар во Гевгелија околу регистрација на мигрантите, и останати работни задачи поврзани со мигрантската…
повеќе...Работна средба на на министрите за култура и информатичко општество и администрација со претседателите на здруженијата за заштита на авторски музички права
Во Министерството за култура на денес, се одржа средба на која присуствуваа, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска и претседателите на здруженијата за заштита на авторски музички права… На средбата беше разговарано за актуелните состојби и потребата од изнаоѓање на прифатливо решение кое ќе биде во интерес на авторите и корисниците (Радио телевизиските организации), а истовремено, ќе биде во функција на остварување на јавниот интерес во областа на музиката. На состанокот е договорено: Почнувајќи од 04.01.2016-та година во рок од 15 дена…
повеќе...Потврдена поддршката од Полска за членството на Македонија во НАТО
Министерот за одбрана Зоран Јолевски го продолжува неговото учество на Безбедносниот форум во Варшава, каде се дискутира стратегијата за Самитот на НАТО следната година. Министерот Јолевски на маргините на Самитот имаше кратка средба со заменикот генерален секретар на НАТО, Александар Вершбоу. Воедно министерот Јолевски денеска оствари средба и со полскиот министер за национална одбрана, Томаш Шимоњак, на која беше заклучено дека местото на Македонија е во НАТО и тој процес треба да заврши што е можно поскоро. „Македонија и регионот мораат да направат чекор напред во интеграцијата во НАТО-алијансата. Тоа…
повеќе...Министрите Попоски и Јолевски на генералната дебата на седумдесеттото заседание на Генералното собрание на ООН
Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и министерот за одбрана, Зоран Јолевски, како дел од владината делегација чиј шеф е премиерот Никола Груевски, вчера во рамките на Генералното собрание на Обединетите Нации, учествуваа во работата на телата и форумите на светската организација. Владините министри остварија и средби со нивните колеги од земјите членки на Обединетите Нации, а беа дел од работата и на Самитот за мировни операции на ОН. Министерот Попоски истакна дека нашата земја реализира активности кои се во насока на исполнување на главните цели на 70-тото Генерално собрание,…
повеќе...Средба во Охрид посветена на миграциската криза
„Министерството за внатрешни работи како еден од столбовите на националниот систем на Интегрирано гранично управување и еден од носителите на креирањето и имплементацијата на миграциските политики во Република Македонија во изминатите години внимателно ги следеше миграциските трендови во регионот и пошироко. Во такви услови, во соработка со другите надлежни државни институции планиравме и преземавме соодветни мерки и активности со цел соодветно справување со состојбата, а пред се за заштита на животот и здравјето на мигрантите, заштита на националната и јавната безбедност и заштита на јавното здравје, а особено во насока…
повеќе...Меморандум за разбирање меѓу Македонија, Австрија, Србија и Унгарија посветен на мигрантската криза
Во Охрид ќе се одржи средба на министрите за полиција од регионот. Министрите за внатрешни работи на Македонија, Австрија и Србија како и претставник на МВР на Унгарија, Митко Чавков, Јохана Микл-Лаитнер, Небојша Стефановиќ и Кристина Берта (заменик државен секретар), на утрешната средба во Охрид ќе го потпишат Меморандумот за разбирање посветен за чекорите кои се неопходни за задржување на вонредниот притисок на мешана миграција која ги засега овие земји.
повеќе...Земјите од Западен Балкан поблиску до ЕУ преку регионални енергетски проекти
Министерот за економија Беким Незири, кој заедно со владината делегација учествува на дводневната конференција за Западен Балкан што се одржува во Виена, учествуваше на тркалезната маса за економскиот просперитет и инфраструктурното поврзување. На сесијата која е продолжение на Берлинскиот процес што минатата година го иницираше германската канцеларка Ангела Меркел, министерот Незири ги претстави актуелните енергетски проекти што обезбедуваат безбедно и квалитетно снабдување со сите видови енергија, како и активностите за поврзување на Македонија со електроенергетските системи на соседните држави со цел формирање на функционален регионален пазар на електрична енергија. „Како…
повеќе...Македонија домаќин на министерски состанок на ЦЕИ
Македонија, како земја претседавач со Централно-европската иницијатива (ЦЕИ), денеска во Охрид е домаќин на Министерскиот состанок на министрите за надворешни работи на државите членки на ЦЕИ. Заклучокот на шефовите на дипломатиите на шесте земји од Западен Балкан, Австрија и Италија на работниот појадок го изнесе македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски. „Сите земји од Западен Балкан имаат иднина во ЕУ и таа иднина ги определува и перспективите на земјите од нашиот регион. Таквата иднина мора да биде заокружена со една јасна временска рамка. Без таква временска рамка би го…
повеќе...