Научните резултати од археолошките истражувања на раноантичкиот град Билазора во овчеполскиот локалитет Градиште – Кнежје се публикувани во книгата „Античка Билазора – престолнина на независните Пајонци“. Беше промовирана денеска на Меѓународниот славјански унверзитет во Свети Николе кој е издавач заедно со Народниот музеј од Свети Николе. Автор на книгата, објавена на македонски и руски и на македонски и англиски јазик, е проф. д-р Драги Митревски. Тој ја предводи истражувачката екипа која во изминатите осум години интензивно работеше на локалитетот на кој од 7 до 2 век п.н.е постоел античкиот Билазора…
повеќе...Tag: монографија
Промовирана монографија за националниот уметник Есма Реџепова-Теодосиевска
Во Музејот на ВМРО синоќа беше промовирана монографијата за реномираниот естраден уметник со богата повеќедецениска кариера, Есма Реџепова-Теодосиевска, на која во 2013 година Министерството за култура ѝ ја додели титулата национален уметник. Автор на оваа монографија е Славе Николовски-Катин, а книгата е во издание на „Македонска искра“ и Асоцијацијата „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ од Скопје. „Оваа значајна монографија на своите 410 страници мошне импресивно и умешно ја овековечува одисејата на Реџепова, во форма на еден биографско-публицистички времеплов за 55-те години на сцената на Реџепова-Теодосиевска и нејзиниот животен сопатник, истакнатиот…
повеќе...Монографија за починатиот гениј Бранко Ѓорчев
Голем број пријатели и љубители на ликот и делото на Бранко Ѓорчев синоќа дојдоа да му оддадат почит на актерот гениј. Меѓу присутните беа и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, семејството на Ѓорчев, многу негови колеги и театарџии. Приредувач и автор на монографијата е театарската критичарка Лилјана Мазова, која преку спој на повеќе есенцијални елементи успеала да направи една симбиоза и прецизно да ги соедини сите текстови на актери, режисери и писатели во една целина. Она што ја прави репрезентативна оваа монографија е снимениот ДВД-материјал кој ретроспективно ни ја доближува…
повеќе...Промовирана монографија за манастирот „Св.Наум Охридски“ од Цветан Грозданов
Колор-монографија за манастирот „Свети Наум Охридски“ од академик Цветан Грозданов, капитално дело кое ги открива милениумските културни и уметнички слоеви на манастирот, еден од блескавите бисери на македонската црковна ризница, е промовирано денеска во Соборниот храм „Св.КлиментОхридски“ во Скопје. Монографијата е во издание на Македонската академија на науките и уметностите и книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје. Поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г.Стефан во обраќањето рече дека неоспорно е оти најголемата величина и значење на Свети Наум се состои токму во неговата духовност, во неговата целосна предаденост на Бога и…
повеќе...Промовирана монографијата „50 години ОМУ Методи Патче“
Во просториите на ОМУ „Методи Патче“ денес беше промовирана монографијата „ 50 години ОМУ Методи Патче“ – Охрид од авторите Нина Момировска и Милчо Јованоски. Промотор на монографијата беше Радмила Поповска, професорка по флејта. Поповска е една од многуте кои својата кариера ја започнале токму од ова училиште. „Авторите Нина Момировска и Милчо Јованоски се гледа дека темелно и со многу смисла и изградена концепција влегле во изработката на оваа Монографија. Од секој текст во неа извира емоција и љубов кој особено ќе ги преплави оние кои така бескрајно и чисто од срце…
повеќе...