ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ најдобри на државниот натпревар на стручните училишта

И оваа година учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ постигнаа најдобри резултати на државниот натпревар ЛИДЕР 2016 – избор на најдобар ученик по струка од завршните години во стручното образование во Република Македонија. Натпреварот се одржа на 09 декември во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, а се избраа најдобрите ученици во машинската, електротехничката и сообраќајната струка. За Лидер на сообраќајната струка во Република Македонија е прогласен Дејан Коцев, ученик во IV година во образовниот профил техничар за патен сообраќај, под менторство на наставниците Наташа Гредоска, Весна Нанеска и Ѓоко Милески. Во…

повеќе...

Изложба од проектот „Млади уметници“ на Агенцијата за млади и спорт

На 12 декември (понеделник) во Националната галерија на Македонија – објект Мала станица со почеток во 18:00 часот ќе биде отворена изложбата за проектот „Млади уметници“ од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и стручната комисија. Овој проект трета година по ред се имплементира од страна на Агенцијата за млади и спорт. Имено, во рамки на конкурсот пристигнаа 66 дела, а наградени се следните : – Тамара Антевска (СЛИКАРСТВО), – Симона Спирковска (СКУЛПТУРА), – Неслихан Сулејман (ГРАФИКА), – Јасмина Трпевска (ФОТОГРАФИЈА), – Драганчо Божинов (ГРАФИЧКИ…

повеќе...

Наградата Патрон на градот „Св.Климент Охридски“ за ОМУ „Методи Патче“, а Повелбата за Нина Балабан

На денешната прес-конференција, што се одржа во Куќата на Уранија, беа соопштени добитниците на годинешните највисоки општински признанија. Добитник на наградата Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ е Основното музичко училиште „Методи Патче“, а на повелбата Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ добитник е Нина Балабан, учесник на на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Признанијата на добитниците ќе им бидат врачени на свечената академија, што по повод Денот на Свети Климент Охридски, ќе се одржи на 7 декември (среда) во Домот на културата „Григор Прличев“, со почеток во 19…

повеќе...

ОУТУ „Ванчо Питошески“ дел од Детските Рацинови средби

Учениците од охридските училишта постигнаа голем успех на поетската манифестација „49 Детски Рацинови средби“, која се одржа во организација на клубот на писатели „Коста Солев-Рацин“ од Велес. Со Пофалници се стекнаа тројца ученици и нивните ментори професорите по македонски јазик и литература.  Во категоријата средни училишта Сергеј Костовски од ОУТУ „Ванчо Питошески”под менторство на проф. Перчо Божиновски. Во категоријата основни училишта: Јована Димитрова од ОУ „Братство Единство”со менторот проф. Јованка Љаткоска и Михаела Василевска од ОУ „Кочо Рацин” и менторот проф. Ивана Рилкова-Томеска.  Учениците имаа чест да бидат избрани и пофалени…

повеќе...

Ноември Месец на наука и Месец на награди во ОУ„Кочо Рацин “ – Охрид

Викендов во организација на Друштвото на физичари на Р.Македонија, Друштвото на биолози на Р.Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите, Македонското астрономско друштво, Македонското географско друштво, Скопското астрономско друштво, Природно математичкиот факултет и Скопје City Mall се организира настанот Ноември месец на науката.  Во рамките на овој настан во петокот 11.11.2016 год учениците од основните училишта од V до IX одделение од целата држава имаа можност да се натпреваруваат во изработка на демонстрации, експерименти по предметите физика, биологија, хемија, природни науки и географија. Тие своите експерименти и демонстрации ги презентираа пред…

повеќе...

Избрани најдобрите литературни и ликовни творби на тема „Исчистете ги дворовите свои, есента ќе ги наслика со најубави бои“

На ликовниот и литературен конкурс на тема : „ИСЧИСТЕТЕ ГИ ДВОРОВИТЕ СВОИ , ЕСЕНТА ЌЕ ГИ НАСЛИКА СО НАЈУБАВИ БОИ“ пристигнаа многу трудови во кои е искажана целата креативност на децата и сите учесници заслужуваат пофалби за вложениот труд. Комисијата по разгледување на пристигнатите литературни и ликовни творби го изврши следниот избор: Од пристигнатите литературни творби награди освоија : – Прва награда во висина од 7.000,00 денари Софија Милевска, V одделение од ОУ „Григор Прличев“ Охрид – Втора награда во висина од 5.000,00 денари, Кристина Цветкоска VIII одделение , од…

повеќе...

Jавен повик за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште” за учебната 2016/2017 година

I. УСЛОВ ЗА УЧЕСТВО На повикот може да аплицираат сите основни и средни училишта на територијата на Република Македонија. Училиштата кои ќе аплицираат за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште” треба да се дел од „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ (ЕКО училиште) како и да имаат учествувано на најмалку три проекти или работилници кои опфаќаат некоја од следниве области: здрава и еколошка средина, безбедост, ненасилство, разрешување на конфликти и слични содржини. II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ Училиштата кои ќе аплицираат треба да ги исполнуваат следните критериуми:…

повеќе...

Конкурс за ученици – за есеј на тема „Св.Климент Охридски и моќта на словото“

По повод одбележувањето на илјада и сто години од смртта на Св. Климент Охридски – првиот словенски архиепископ, втемелувачот на првиот словенски универзитет, светител и просветител, Министерството за образование и наука распишува КОНКУРС ЗА ЕСЕЈ за учениците од основните и средните училишта во Република Македонија на тема “Св.Климент Охридски и моќта на словото“ I. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО Право на учество на конкурсот имаат ученици од VI-IX одделение во основните училишта и ученици од I-IV година во средните училишта на територијата во Република Македонија. II. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ Есејот…

повеќе...

Поетски читања на Мостот на поезијата и врачување на признанијата на 55-то издание на СВП

Најпрестижното признание на Струшките вечери на поезијата „Златен венец“ синоќа и беше врачено на годинашниот лауреат, канадската поетеса, романсиерка, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд на меѓународниот поетски митинг „Мостови . Признанието и го врачи претседателот на Управниот одбор на СВП Славе Ѓорѓо Димоски.  Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2016 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшки вечери на поезијата, на лауреатот Иван Џепароски му ја врачи претседателката на жири-комисијата за оваа награда, Вера Чејковска. Директорот на СВП Мите Стефоски ја врачи наградата „Мостови на Струга“ за…

повеќе...

Доделени дипломите на децата од пливачката школа „Охридски бранови 2008“

Денес на градскиот базен при Спортскиот центар „Билјанини извори“ на сите членови на пливачката школа „Охридски бранови 2008“ им беа доделени дипломи за завршен курс по пливање. Исто така, годинава на традиционалниот 37-ми Илинденски пливачки маратон, на тројца членови од пливачката школа, Ана Бошалеска, Петар Бошалески и Владимир Велјаноски им беа доделени и дипломи за учество на истиот. „Оваа година времето одлично не послужи, секој ден имавме тренинзи на кои децата со забрзано темпо ги изучуваа тајните на пливањето. Јас како тренер сум многу задоволна од работата и тоа како…

повеќе...