Успех на основците од „Христо Узунов“ на Регионалниот натпревар по математика и физика

На 4ти март годинава, ОУ „Христо Узунов“-Охрид со 6 ученика под менторство на наставниците Виолета Китеска-математика и Вера Зороска-физика, учествуваше на Регионалниот натпревар по математика и физика, во организација на приватното средно училиште „Јахја Кемал“. Ученикот Савески Виктор освои трето место во натпреварувачкиот дел по физика, Христина Митреска беше четврта во вкупниот пласман, односно освои 50% партиципација за школување во училиштето „Јахја Кемал“, додека пак Ивана Ванкоска и Анастасија Мојсовска се стекнаа со можност за запишување во истото без полагање на приемен испит. „За пофалба е и тоа што истите…

повеќе...

Прво и второ место за основци од „Григор Прличев“ на регионалниот натпревар по германски јазик

На регионалниот натпревар по германски јазик кој се одржа во Гостивар на 4.3.2017. година учениците од ОУ „Григор Прличев“ покажаа врвни резултати. Ученичката Сара Ристова IX одд го освои првото место, додека ученикот Валентин Маркулевски IX одд го освои второто место. За поздравување е и нивната менторка, професорката по германски јазик Билјана Атанасовска.

повеќе...

Гердан од награди за учениците од ОУ „Кочо Рацин“- Охрид на регионалниот натпревар по математика и физика

Викендов во организација на приватното средно училиште Јахја Кемал се одржа регионалниот натпревар по математика и физика. На натпреварот ОУ „Кочо Рацин“, Охрид учествуваше со 8 ученици предводени од менторите Силвана Крстеска математика и физика и Елизабета Великоска математика. Беа постигнати следните резултати: Во натпреварувачкиот дел  физика: 1 место Стефан Андрески – освоена награда од 3000 денари место Викторија Димоска – освоена награда од 2500 денари место Петар Коцев – освоена награда од 1000 денари Во натпреварувачкиот дел математика: место Викторија Димоска – освоена награда од 3000 денари Во натпреварувачкиот…

повеќе...

Успех на основците од „Братство-Единство“ на Општинскиот натпревар по математика

ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец на 25-ти февруари 2017 беше домаќин на 4-иот Oпштински натпревар по математика за основно образование.  На општинскиот натпревар по математика учествуваа 128 ученици од сите основни училишта во Охрид од IV – IX одделение. Натпреварот во Охрид беше организиран на Македонски и Турски наставен јазик. На истиот со свои ученици учествуваше и ОУ „Братство Единство“, при тоа со своите резултати се истакнаа следните ученици: 5 одд Александар Ристески I награда ментор Елена Стојаноска Климент Велкоски I награда, Емилија Стојаноска II награда ментор Весна Плевнароска 6…

повеќе...

ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец – домаќин на општинскиот натпревар по математика 2016/17

Основното училиште „Ванчо Николески“ од Лескоец денес беше домаќин на 4-иот општински натпревар по математика за основно образование, организиран од страна на домаќините на натпреварот ОУ „Ванчо Николески“ и наставничките по математика Цвета Андреска и Весна Симоноска и Здружението на математичари – Охрид и претседателот на здружението Борис Лушески, во соработка со Сојузот на математичари на Македонија. На општинскиот натпревар по математика учествуваа 128 ученици од сите основни училишта во Охрид од IV – IX одделение, а најдобрите од нив ќе учествуваат и на претстојниот регионален натпревар што ќе се одржи…

повеќе...

Голем успех на основците од ,,Живко Чинго“ на Општинскиот натпревар по математика

Денес во просториите на ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец, во организација на Здружението на математичари – Охрид, се одржа IV Oпштински натпревар по математика 2016/2017 година. Помеѓу другите, учениците од ОУ„Живко Чинго“, Велгошти на овој натпревар, постигнаа значителен успех и забележителни резултати. Ова се наградените ученици: 1. Стефанија Речкоска IV одделение Meнтор: Љубица Ангелоска Кркачоска II место 2. Ангела Китрозоска IV одделение Meнтор Љубица Ангелоска Кркачоска III место 3. Марио Велкоски IV одделение Meнтор Елена Јорданов III место 4. Софија Балоска IV одделение Meнтор Елена Јорданов пофалница 5. Маја Буџакоска V одделение Meнтор…

повеќе...

Александар Костоски и Нена Трајчевска – најдобри македонски кошаркари за 2016 година

Македонската кошаркарска федерација ја продолжи традицијата на доделување на признанија на најдобрите поединци и екипи во македонската кошарка. Годинава манифестацијата „Избор на најдобрите во македонската кошарка за 2016“ се одржа во „Сквер 21“ во присуство на многу спортисти, спортски работници, легенди, медиуми и гости на куќата на кошарката. МКФ додели награди во 14 категории, за изборот на најдобрите во македонската кошарка годинава одлучија новинарите од повеќе од дваесет медиуми во Македонија. Наградата најдобар кошаркар на Македонија за 2016 година заслужено претседателот на МКФ, Петар Наумоски му ја врачи на првиот…

повеќе...

Доделени наградите за најубаво украсен новогодишен двор

Денес во Општина Охрид, беа доделени наградите за најубаво украсен двор. Годинава во избор на девет учесници, првата награда ја освоија Иванка и Бруно Гигер, второто место е за семејството на Наумче Неданоски, а третата награда за Антоанета Тасеска. Признанијата ги додели секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески, кој го истакна задоволството од учеството во акцијата, со која градот не само во центарот, туку и во другите градски населби го има празничниот амбиент со украсените дворови. Првонаградените сопружници Гигер, средствата од наградата ќе ги донираат за семејството Садик, чиј дом…

повеќе...

Позлатени статуетки за најдобрите спортисти во 2016

Свечената церемонија во Македонскиот народен театар, која се одржа по 62. пат му ја донесе титулата на ракометарот Кире Лазаров кој го доби признанието за најдобар спортист во 2016 година. За капитенот на ракометната репрезентација ова е второ признание најдобар спортист. Првата ваква награда ја освои во 2013 година. „Наградата претставува огромна чест. Грешките што ги направивме во изминатава турбулентна година треба да ни претставуваат четиво од кое треба да учиме. Имаме потенцијал и цврсто сум уверен дека Македонија не треба да се грижи за својата ракометна иднина. Моја желба…

повеќе...

Доделени наградите на „Најдобрите во македонскиот фудбал за 2015/2016“

Бесарт Ибраими е најдобриот играч во Македонија за сезоната 2015/16, напаѓачот на Шкендија и на македонската репрезентација ја освои и наградата за најдобар стрелец во изборот на Фудбалската федерација на Македонија. Илија Несторовски го доби признанието за најдобар репрезент на македонскиот фудбал. Во име на Ибраими, наградите ги прими неговиот татко, а Несторовски преку видео порака се заблагодари за наградата. „Оваа година беше мошне успешна за мене. Како прв стрелец на Интер Запрешиќ во хрватското првенство успеав да стасам до Серија А во составот на Палермо, со што ми се…

повеќе...