Новинари од повеќе европски медиуми во посета на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беше домаќин на новинари од неколку европски медиуми, меѓу кои: радијата (Deutsche Welle – Германија; Rai3, Radio Popolare – Италија; и National Spanish radio – Шпанија), печатените медиуми (Wiener Zеitung – Австрија; La Libre – Белгија; Trud – Бугарија; Hospodarske Noviny – Чешка; Luxemburger Wort – Луксембург; Evenimentul Zilei – Романија; Altinget – Шведска; Groene Amsterdammer – Холандија; The Gardian – Велика Британија), телевизијата ORF – Австрија и новинската агенција Athens news agency – Грција. Целта на посетата на новинарите беше одблизу да…

повеќе...

Трета медиумска лабораторија во Охрид

Четириесетина ученици од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ учеа како се прави весник и како се пишуваат вести. Предавањето за основите на новинарството го реализираа предавачи на Високата школа и новинари во дневниот весник „Нова Македонија“. Овие еднодневни работилници се организираат за да им се доближат на младите професионалните новинарски стандарди и процесот на креирање вести. Организатори се „Нова Македонија“ и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, а реализацијата е овозможена со поддршка на Европската Унија.

повеќе...

Средба на Министерот Спасовски и претставници од ЗНМ

Денес, Министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски, оствари работна средба со Насер Селмани и Столе Наумов, претставници на Здружението на новинари на Македонија. На средбата беше дискутирано за нападите врз новинарите и медиумите кои се случија во изминатиот период во Република Македонија. Министерот Спасовски и претставниците на ЗНМ се согласија дека нападите врз новинарите претставуваат директен напад врз основното право на граѓаните да бидат информирани и тие не смеат да бидат толерирани. Министерот Спасовски потенцира дека во интерес на почитување на демократските принципи, ќе бидат превземени сериозни мерки за итно…

повеќе...

Заев: Медиумски масакр преку УБК, масовно се прислушувани новинари

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Знам дека Вистината за Македонија, и од овие материјали што досега ги објавивме, e запрепастувачка, тешка, болна, несфатлива за еден нормален човек. Денеска почитувани граѓани и новинари, ќе објавиме дополнителни докази и аргументи за суровата и свирепа вистина, за механизмите на тоталната контрола што ја имаат воспоставено Никола Груевски, братучедот Сашо Мијалков и уште неколкумина нивни соработници. Како овие луѓе успеваат да диктираат и креираат лажна реалност, на тој начин одржувајки се на власт. Денеска обелоденуваме дека сето ова…

повеќе...

Кинески медиуми ќе ги презентираат можностите за инвестирање и туристичката понуда на Охрид

Новинари од најпознатите печатени и електронски медиуми како и претставник од Секторот за меѓународна соработка од провинцијата Чунгчин од Народна Република Кина денеска беа во работна посета на општина Охрид. Во име на градоначалникот Никола Бакрачески кинеските гости ги примија, Претседателката на охридскиот Совет, Гордана Коњановска и раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов. Според домаќините средбата беше добра можност за претставување на туристичката понуда на Охрид и можностите за инвестирање во градов пред кинеските медиуми, но и практично истата е првиот резултат по неодамнешниот работен…

повеќе...

Новинари од Србија и Франција во посета на Македонија

На покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и во согласност со програмата за медиумска кампања во Србија за 2014 година, од 14-ти до 18-ти август беше организирана инфо тура за еминентни новинари од областа на туризмот во Србија. Претставници од медиумските куќи на РТС, радио Београд, неделникот Политика, магазинот Путовања, телевизија Нови Сад и туристички програм Туристичка Призма, беа во четири дневна посета на Македонија. Истите имаа средба со директорот на Агенцијата за промoција и поддршка на туризмот, д-р Кристијан Џамбазовски. Текстови, репортажи и…

повеќе...

Француски новинари во посета на Македонија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија согласно програмата за медиумска кампања во 2014 година во месец јули организира Инфо тури за новинари од Франција. Претставници на следниве француски медиуми ќе бидат во четири дневна посета на Македонија: ELLE и  VERSION FEMINA – неделни национални магазини, EASYVOYAGE, LaQuotidienne и PagTour – водечки туристички веб портали во Франција.  Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во 2014 година започна со поагресивна медиумска кампања во Франција со цел проширување на пазарот и можноста што ја нуди WIZZ Air со…

повеќе...