Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски утре, 29 јуни (среда), ќе одржи работен состанок со градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и со директорите на јавните претпријатија, установи и институции под надлежност на општина Охрид, за новиот Закон за општата управна постапка. Настанот ќе се одржи во просториите на општина Охрид.
повеќе...Tag: општество
Одржан првиот работен состанок за изработка на новата Стратегија за РЈА (2016-2021)
Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски денеска го одржа првиот состанок со работната група за изготвување на новата стратегија за реформа на јавната администрација, за периодот 2016-2021 година. На состанокот присуствуваше и експертски тим од СИГМА, претставници од невладиниот сектор, тим на универзитетски професори, како и тим од МИОА. „Процесот на изготвување на Стратегијата за реформа на јавната администрација е многу важен за Владата на Република Македонија и Министерството за информатичко општество и администрација. Ние сме посветени кон изготвување на Стратегија која е квалитетна и сеопфатна”, истакна…
повеќе...Доделени наградите за најдобри општествено одговорни практики за 2014
Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија денеска свечено ги доделија националните награди за општествено одговорни практики на претпријатијата во Македонија спроведени во 2014 година. За наградите конкурираа 34 претпријатија со вкупно 50 проекти, од кои 10 мали и средни со 13 проекти и 24 големи со 37 проекти, во различни категории на општествена одговорност. Најмногу од претпријатијата, 21. конкурираа во категоријата „Вложување во заедницата“, првпат аплицираа девет, а најголем дел од оние кои аплицирале – по седум се од финасискиот и услужниот сектор, додека…
повеќе...Ивановски: Македонија има голем ИТ потенцијал и е добра дестинација за странските компании
Она што го прави Владата во соработка со приватниот сектор им овозможува на домашните ИКТ компании да отвораат нови работни места и да развиваат софтвер и услуги не само за Македонија, туку и за извоз, истакна денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. Пред јавната расправа за предлог – краткорочната ИKТ стратегија 2016 – 2017 во Стопанската комора, Ивановски, одговорајќи на новинарски прашања, рече дека Македонија има голем ИТ потенцијал и е добра дестинација за странските директни инвестиции од оваа област. „Во 2013 година ИКТ секторот придонесе со…
повеќе...Ивановски: Ваучери за таблет подигнале 5.161 студент, рокот истекува утре
Студентите уште утре од факултетите каде студираат можат да подигнат ваучери од 8.000 денари за набавка на таблет со тастатура што се доделуваат преку проект на Владата. До вчера 5.161 студент ги подигнале ваучерите, а тоа треба да го направат уште 80 избрани преку конкурсот што го спроведе Министерството за информатичко општество и администрација. Од вкупно пријавените 7.290 студенти на конкурсот 5.273 ги исполнија условите да добијат ваучер. Одбиени се 1.797 кај кои е утврдено дека родителите имале повисоки приходи од утврдените со конкурсот, како и 368 кои не го…
повеќе...Се зголемува бројот на институции што ќе издаваат документи на еден шалтер
Од декември оваа година најголем дел од услугите што ги даваат државните институции граѓаните ќе можат да ги добиваат на еден шалтер, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски на прес-конференција на која информираше за напредувањето на проектот за модернизација, проширување и адаптација на Системот за интероперабилност. „Веќе целата хардвер опрема е пристигната, а Владата на изминатата седница ги одобри следните дваесет услуги што институциите ќе ги добијат по електронски пат со што граѓаните нема да имаат потреба да одат од шалтер на шалтер од институција до…
повеќе...Ден на отворени податоци – почеток на Open Data Hackathon натпреварот
Како дел од заедничката иницијатива помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација и Мајкрософт, на 3 јуни 2015 година (среда), со почеток во 10.00 часот, ќе се одржи Денот на отворени податоци – настан со кој ќе се означи почетокот на Open Data Hackathon натпреварот. Во рамките на овој проект учесниците ќе можат да се запознаат со можностите каде и како да пристапат до отворените податоци, да разменат искуства, информации и идеи поврзани со начинот на нивното искористување, како и да чујат дел од предавањата и да учествуваат во отворената…
повеќе...Доделени уште 316 ваучери за таблети за студенти
Вкупно 4.886 студенти досега се стекнаа со право на вредносен ваучер за набавка на таблет преку владиниот проект што го спроведува Министерството за информатичко општество и администрација. Одбиени се 1.701 барање поради повисоки приходи од бараните со повикот на МИОА, а 145 за неисполнување за условот со студиската програма. Според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, за 542 барања поради погрешно внесени матични броеви, надлежната Комисија почнала постапка за утврдување на точните матични броеви за барателот и членовите на нивните семејства. Веднаш по утврдување на точните броеви и…
повеќе...Доделени ваучери за набавување на таблет компјутери
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Димитар Трајанов, денеска ги доделија ваучерите за набавување на таблет компјутери со надворешна тастатура за потребите на редовните студенти и студентите евидентирани како лица со посебни потреби. „Денеска ја започнуваме акцијата за доделување ваучери, каде што во вредност од 8 илјади денари можете да набавите таблет со тастатура до 25.јуни. Министерството за информатичко општество и администрација додели 4.570 вредносни ваучери и тоа: на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” вкупно 1.916, на…
повеќе...Ивановски: Во Македонија постои интерес за искористување на отворените податоци
Во пресрет на Хакатон настанот за отворени податоци, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и генералниот директор на Мајкрософт во Скопје, Стефан Плавјански, ја афирмираа идејата за зголемување на свеста и разбирање на вредноста на отворените податоци, кои ќе бидат користени од страна на млади и успешни претприемачи за развивање на апликации. Ивановски истакна дека министерството има цел да ги мотивира младите девелопери, иноватори и новите бизниси, да ги користат отворените владини податоци, со цел да развијат некое свое ново решение. „Во изминатиот период интензивно соработувавме со 27…
повеќе...