Познатиот хрватски уметник Един Карамазов ќе настапи вечерва на „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Един Карамазов критичарите го вбројуваат во „највозбудливите и најхаризматичните лаутчии на денешницата“. Изведувач кој смело ги истражува крајните граници на двата инструмента што ги владее – гитарата и лаутата. Лаута студирал на Музичката академија „Скола канторум Базилиенсис“ („Schola Cantorum Basiliensis“) во Базел. Неговите фасцинантни настапи низ целиот свет, предизвикуваат воодушевувања кај публиката и кај критиката. Соработувал со голем број меѓународни оркестри и ансамбли, како: ансамблот „Хилијард“,…
повеќе...Tag: охридско лето
Госпел музиката одекнуваше од Антички театар
Комбинација од три различни видови госпел музика, традиционална, модерна и спиритуална госпел понуди синоќа на „Охридско лето“ „ Howard Gospel“ хорот од САД кој настапи на самиот роденден од фестивалот. Публиката на Антички театар уживаше во извонредната вокална интерпретација на хористите кои во својот репертоар често имаат теми за Исус Христос и за христијанството. „Се надеваме дека публиката уживаше во нашата изведба. Ние сме многу среќни што настапуваме токму овде, во овој прекрасен град и на оваа прекрасна сцена“, рече еден од уметничките директори на хорот, Вилијам Тејлор. Амерканскиот хор…
повеќе...„Охридско лето“ прослави 55 години од постоењето
Во неповтoрлив амбиент и со свечен коктел синоќа на плажата Парк“, фестивалот „Охридско лето“ го одбележа својот 55-ти роденден. Бројни гости по спектакуларниот концерт на американскиот „Howrd Gospel“ хор дојдоа на свеченоста за да и честитаат на фестивалската дирекција за пет ии пол децениското оптојување и за незаборавните концерти и драмски претстави што фестивалот и ги нуди на публиката. На синоќешната прослава , како впрочем и на вчерашната роденденска забава во кафетеријата „Аквариус“ повторно атракција беа членовите на хорот кои со својот ведар дух придонесоа за ведро расположение кај сите…
повеќе...„ Howard Gospel“ хорот го почести „Охридско лето“ со роденденска музика
Фестивалот „Охридско лето“ денеска со торта и госпел музика го одбележа својот 55-ти роденден. На свеченоста што се одржа во кафетеријата „Аквариус“ присуствуваа бројни новинарски екипи од земјава од надвор, а роденденската песна ја изпеа „Howard Gospel“ хорот кој вечерва од 21 часот ќе настапи на Антички театар како дел од фестивалската програма. Како што истакна директорката на фестивалот Елизабета Јанкуловска, посебна чест е да се биде дел од тимот што го подготвува и реализира јубилејното фестивалско издание во име на сите кои ја граделе успешната историја на фестивалот, од…
повеќе...„Howard Gospel“ хорот за роденденот на „Охридско лето“
Во рамки на „Охридско лето“ вечерва на Антички театар со почеток во 21 часот ќе настапи американскиот „Howard Gospel“ хор. Овој состав е првиот академски хор од ваков вид во светот. Основан е во 1968 година, и е составен од сегашни и поранешни студенти на Ховардскиот Универзитет, како и од пасионирани љубители на хорската музика. На нивниот репертоар се наоѓаат композиции од современата и од традиционалната американска госпел-музика, црковни химни, црнечка духовна музика (negro spirituals) и др. Во овие композиции најчесто се опфаќаат темите за Исус Христос и за христијанството.…
повеќе...„Амира Трио“ изведе балканска традиционална музика на уникатен уметнички начин
Извонредната Амира Медуњанин заедно со својата група „Амира Трио“ синоќа ја воодушеви публиката на „Охридско лето“. Иако наместо во предворјето, концертот заради дождот се одржа во црквата „Света Софија“, тоа не беше причина бројните посетители да не уживаат во нејзината спонтаност, смиреност и исклучително квалитетниот вокал. „Амира Трио“ изведе традиционална музика од овие простори на мошне посебен, уникатен и уметнички начин. Нејзиниот восхит кон убавината на усната традиција која се практикува на овие простори, ја наведува да се посвети на создавањето на специфичен уметнички израз што не е составен дел…
повеќе...ЕФА му го честита роденденот на „Охридско лето“
Европската асоцијација на фестивали(ЕФА) му го честита роденденот на Фестивалот „Охридско лето“ кој годинава слави 55 години од неговото основање. Во честитката по повод јубилејот, меѓу другото стои дека „Охридско лето“ секоја година реализира успешна фестивалска програма, притоа, зближувајќи ги успешно уметниците и публиката. „Вие и останатите EFA-членки, продолжувате да поставувате нови цели, копродукции и соработки кои ги вклучуваат локалните здруженија и ги зближуваат уметниците и публиката. И овозможувате на публиката да излезат од секојдневната рутина, да ги прошират видиците, да станат љубопитни и да се запознаат со најдобрите уметнички…
повеќе...Соработката меѓу Пројковски и „Вера Комисаржевскаја“ донесе извонредна претстава на „Охридско лето“
Вечната тема, односите помеѓу мажот и жената и вечната потрага по љубовта синоќа беа прикажани во претставата „Опасни врски“ од Шодерло де Лакло, режирана од истакнатиот македонски режисер Дејан Пројковски а во изведба на театарот „Вера Комисаржевскаја“ од Санкт Петербург, Русија. И Пројковски, и рускиот театар не учествуваат првпат на фестивалот „Охридско лето“. Професионализмот беше единственото нешто што го повторија на годинешното фестивалско издание, а се останато беше ново и неповторливо доживување за публиката. Претставата го носи всушност лајт мотивот за тоа дали е љубовта само потреба да ја дадеш…
повеќе...Концерт на „Амира Трио“ вечерва на Охридско лето
Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва нуди посебно доживување за пошироката фестивалска публика, преку концертот на „Амира трио“, групата што изведува песни од традиционалниот мелос на овие простори на посебнен, уникатен уметнички начин. Триото го предводи вокалистката Амира Медуњанин, која уште од самиот почеток на својата кариера е во постојана потрага по вистинскиот начин на толкување и претставување на традиционалната музика на Југоисточна Европа. Нејзиниот восхит кон убавината на усната традиција која се практикува на овие простори, ја наведува да се посвети на создавањето на специфичен уметнички израз што…
повеќе...„Howard Gospel“ хор запеа на Плаошник
Охриѓани и туристите денеска имаа ретка прилика да ја почуствуваат магијата која на 4-ти за денот на роденденот на Охридско лето ќе се случува на Антички. Светската музичка атракција, Американскиот „Howard Gospel“ хор, кој попладнево пристигна во Охрид, при прошетката во стариот дел на градот, на Плаошник приреди мини концерт кој предизвика воодушевување кај бројните туристи. Спонтаниот мини концерт беше оценет како најубавото нешто што прозвучило од ова свето место а 15-тината членови на хорот покрај аплаузот добија и бројни пофалби за нивното пеење. Врвните уметници пак од овој ексклузивен…
повеќе...