Започна 56то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри

Со сплет на македонски песни и ора, синоќа, на летната сцена „Долни Сарај“, ансамблот „Танец“ го отвори 56. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Балканскиот фестивал е една од најстарите фолклорни манифестации на Балканот и најпрепознатлив настан во културната понуда на Охрид. На присутните добре дојде им посака заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Колоритот на носиите, песната, играта и јазикот на многу народи, деновиве ќе не разгалуваат и ќе создаваат амбиент во кој растреперуваат срцата и се будат сите човекови сетила.Таквото суптилно преплетување на културните вредности…

повеќе...

Од 6ти до 9ти јули во Охрид – Балкански фестивал на народни песни и игри 2017

Балкански фестивал на народни песни и игри во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, од 6 до 9 јули 2017 година ќе го одбележи 56-то годишно реномирано издание како најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите. Фестивалот е под покровителство на Собранието на Република Македонија. Програмата е на високо ниво и е подржана од Министерството за култура, и пријателите на фестивалот. Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на…

повеќе...

„Распеано рибарче“ по 19ти пат

На 3, 4 и 5 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи 19 –тото издание на фестивалот на детска песна „Распеано рибарче 2017“. И годинава, како и лани ќе бидат изведени 13 песни , 13 нови – потенцијални хитови кои ќе го најдат патот до сите деца, ама и до нивните татковци и мајки, баби и дедовци а и учителките и воспитувачките, во училиштата и градинките. Традиционално пред почетокот и на ова издание веќе се готови песнарката и ЦД –то а по фестивалот во продажба…

повеќе...

„Света Софија“ блесна со убавината на проектот „На светов убавина“ на Горан Трајковски

Затворањето на 56то издание на Охридско лето се случи како алхемиски проект на Горан Трајковски насловен како “ На светов убавина “ кој својата театарска музика од последнава декада ја преточи во концерт на театарска музика, идеален проект за симбиозата театар и музика – суштината на Интернационалниот фестивал Охридско лето. Предворјето на Света Софија беше совршениот простор за музиката на Трајковски кој инспириран од големите автори, својата единствена музика, базирана на византиското пеење и македонскиот фолклор но во современ и само за него карактеристичен музички стил не пренесе во театарските…

повеќе...

„На светов убавина“ за крај на Охридско лето

Во предворјето на Св. Софија, вечерва во 20 часот свечено ќе биде затворен фестивалот „Охридско лето“ со концертот „На светов убавина“ – песни од театарски претстави на Горан Трајковски напишани во периодот од 2003 до 2013 година. Ако театарската музика е некогаш како звучна сценографија, а друг пат невидлив звучен партнер на актерот, тогаш песната во една театарска претстава не е ништо помалку од монолог на отворена сцена. И не е само обична фраза исказот дека „кога зборовите се немоќни да го изглаголат неискажливото, тогаш на сцената зачекорува песната“. Театарот е…

повеќе...

Промоција на ЦД со изворни песни во издание на „Смитсониан“

Во Скопје денеска беше промовирано аудиоизданието „Играј до последен здив“ кое содржи 17 традиционални македонски изворни песни објавени од издавачката куќа Smithsonian Folksways Recording. Таа е во состав на престижниот национален музеј „Смитсониан“ во Вашингтон чија мисија е собирање, заштита, афирмација и ширење на наследството од различни култури. Цедето беше промовирано минатата година во Македонскиот културен центар во Њујорк, а сега и пред македонската јавност и во присуство на продуцентот и етнограф Мартин Кејниг од американскиот музеј „Смитсониан“ кој ги снимил материјалите во 1960-тите години. Пред 50 години тој дошол…

повеќе...

Заврши втората музичка работилница во Спомен – домот Тоше Проески

Учесниците на работилницата која годинава се одвиваше под менторство на најпознатиот македонски хармоникаш маестро Горан Алачки, во едукативни сесии ги изучуваа техниките и совладуваа песни низ нотни записи од различни музички жанрови … Со концерт на учесниците на работилницата за хармоника под менторство на Горан Алачки, вчера успешно заврши втората музичка работилница која од 24 до 26 јуни, се реализираше во спомен домот на Тоше Проески во Крушево. На концертот пред многубројната публика настапија специјалните гости поп звездата Елена Ристеска, и легендата на македонската народна песна Виданка Ѓоргиевска, соопшти Министерството…

повеќе...

Ристе Ристески си замина од „Ѕвездите на Гранд“

Момчето кое успеа да го освои сето внимание на дивата Јелена Карлеуша, но и да се избори пред сите препреки низ круговите во популарното регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески не успеа да се пласира во финалето и го напушти шоуто. Имено, Македонија останува без свој претставник во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ откако и единствениот Македонец кој успеа да дотурка до крајот на шоуто не успеа да се пласира понатаму и го напушти шоуто. Ристески потпиша ексклузивен договор на 9 години со продукцијата „Гранд“ и стана бренд амбасадор…

повеќе...

Шеста републичка пензионерска ревија на песни, музика и игри

Во чест на 70-годишниот јубилеј на пензионерското организирање во Македонија, денеска во Домот на АРМ се одржа Републичка пензионерска ревија на песни, музика и игри. Ревијата се одржува по шести пати и е во организација на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ), под покровителство на Министерството за култура на Македонија. Претседателот на СЗПМ Драги Аргироски на отворањето рече дека годинешната ревија има околу 600 учесници и е особено популарна меѓу пензионерите бидејќи претставува традиционално обележје на третата животна доба и можност за враќање кон спомените од младоста. „Песните,…

повеќе...

Пет години од „Спомен куќата на Тодор Проески“

Со песните на Тоше Проески и со спомените за нашата и балканска голема музичка легенда денеска во „Спомен куќата на Тодор Проески“ на Гумење во Крушево беше одбележана пет годишнината откако е отворено ова архитектонско здание. На пригодната свеченост присуствуваа посетители, почитувачи на делото и ликот на Тоше Проески, крушевчани, еминантни музички уметници, ученици, поети, музичари како и министерката за култура Елизабета Канческа Милеска која претходно го посети гробот наТоше на Гумење. За посетителите спомен-куќата го одразува духот и делото на Тоше, неговата хуманост, енергија, несебичност и музички талент. Според…

повеќе...