Груевски: Свети Климентовиот универзитет ќе биде најголем туристички комплекс

Возобновувањето на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник чија изградба е во завршна фаза ќе биде најголем магнет за туристите, оцени премиерот Никола Груевски при денешната обиколка на комплексот во рамките на неговата работна посета на охридскиот регион. Тој, како што нагласи, комплексот Плаошник ќе биде место каде посетителите најдолго ќе се задржуваат од причина што има многу содржини. „Ќе има многу работи што може да се видат и навистина ќе стане најатрактивно или во првите три-четири најатрактивни локации за туристите во Охрид што ќе биде дополнителна понуда за привлекување на…

повеќе...

„Howard Gospel“ хор запеа на Плаошник

Охриѓани и туристите денеска имаа ретка прилика да ја почуствуваат магијата која на 4-ти за денот на роденденот на Охридско лето ќе се случува на Антички. Светската музичка атракција, Американскиот „Howard Gospel“ хор, кој попладнево пристигна во Охрид, при прошетката во стариот дел на градот, на Плаошник приреди мини концерт кој предизвика воодушевување кај бројните туристи. Спонтаниот мини концерт беше оценет како најубавото нешто што прозвучило од ова свето место а 15-тината членови на хорот покрај аплаузот добија и бројни пофалби за нивното пеење.  Врвните уметници пак од овој ексклузивен…

повеќе...

„Инженерски прстен“ за најдобро дипломираните инженери

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска на платото пред Св.Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник во Охрид ќе го додели признанието „Инженерски прстен 2015“ на најдобрите дипломирани студенти коишто ги негуваат инжинерските дисциплини. Наградата е во вид на круна од дабови лисја на чиј врв се наоѓа знакот на Инженерската институција. Дабовите лисја симболизираат чест и достоинство во македонскиот културен круг, а ѕвездата симбол на знаење. Традиционалната манифестација „Инженерски прстен“ која е во организација на Инженерската институција на Македонија, а под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов…

повеќе...

Василиева Литургија и Воскресна богослужба за Велика сабота и Воскресение Христово

Утре, 11-ти април, сабота, Велика сабота, ќе се служи вечерна со Василиева Литургија во црквата „Света Богородица“ – Каменско, со почеток во 8:30 часот. На Воскресение Христово, ќе има Воскресна богослужба во сите градски цркви со почеток во 23:30 часот. Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, со почеток во 23:30 часот.

повеќе...

СДСМ: Која е потребата да се отуѓува најатрактивното државно градежно земјиште во Охрид?

ОО на СДСМ Охрид денес испрати реакција во врска со вчерашната реакција на општина Охрид. Во неа стои: „Со вчерашното соопштение Општина Охрид призна дека Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ, со амин на Министерството за транспорт и врски, безмилосно го ракрчмуваат најатрактивното државно земјиште во Охрид, под Плаошник. Повторно ги прашуваме надлежните во општината: Која е потребата да се отуѓува најатрактивното државно градежно земјиште во Охрид? Со кое право се продава тоа земјиште на физички или правни лица? Кој е интересот на Општина Охрид да го продава најатрактивното градежно земјиште по почетна…

повеќе...

Во пресрет на празникот охриѓани масовно се упатија кон Свети Климент на Плаошник

Во пресрет на празникот и оваа година охриѓани, претставници на општина Охрид, гостите и делегациите од збратимените и пријателските градови заедно се упатија кон црквата на Свети Климент и Пантелејмон на „Плаошник“. Поворката ја предводеше градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески кој истакна дека со организираното одење кон црквата на „Плаошник“ се пренесуваат духовната порака на сплотување, а со тоа се изразува почит кон Светецот. Пред бројните охриѓани, претставниците од Локалната самоуправа како и делегациите и гостите од збратимените и пријателските градови, официјални лица на МПЦ ОА во црквата на Свети…

повеќе...

Света архиерејска литургија по повод празникот на „Свети Јоаким Осоговски“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 29 август (петок), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, – Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Јоаким Осоговски“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Вечерна богослужба и света архиерејска литургија по повод празникот „Свети Климент и Пантелејмон“

По повод манастирската слава на манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, Охрид, Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека на 8-ми август (петок) – вечерта, во манастриот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец и Свети великомаченик Пантелејмон“, ќе се служи празнична вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со почеток во 19 часот. На 9-ти август 2014 година (сабота), во манастриот „Свети Климент и Пантелејмон“, на Плаошник – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија,…

повеќе...

СДСМ: Сакаме да веруваме дека конечно ќе престане загрозувањето на нашето природно, културно и историско наследство на Плаошник

Двата сериозни документи од УНЕСКО поврзани со Охрид, објавени на интернет сајтот од УНЕСКО (whc.unesco.org/document/128398 и whc.unesco.org/document/129114) покажуваат дека СДСМ, за жал, беше потполно во право кога зборуваше за бескрпулозниот армирано-бетонски атак врз нашето природно, културно и историско надледство на Плаошник (Имарет), како и врз нашите духовни и световни традиционални вредности, истакнa на денешната прес конференција претседателот на  ОО на СДСМ Охрид,Томислав Тунтев. „Поразително и жалосно е што тоа требаше странци да им го укажат на надлежните државни и општински инстутуции, па да се сфати големината и сериозноста на проблемот. СДСМ…

повеќе...