Жителите на Подмоље веќе шести ден се оставени без вода за пиење, бидејќи бушотината што ја направиле со сопствени средства сега не можат да ја користат поради личните интереси и внатрепартиските калкулации на градоначалниците на Охрид и Дебарца, Никола Бакрачески и Игор Трајковски. Ова денес го изјави координаторот на ОО на СДСМ Охрид, Јован Стојаноски. „Жителите на Подмоље веќе неколку години наназад секое лето се соочуваат со недостиг на вода, но и покрај тоа, тие покажале огромна хуманост со тоа што дозволиле и неколку околни места да се снабдуваат со…
повеќе...Tag: подмоље
Се расчистува магистралниот пат до Подмоље
Дел од екипите на ЈП „Охридски Комуналец” денес од раните утрински часови спроведоа акција за расчистување на магистралниот пат, на потегот од излезот на градот (кај петљата), се до с. Подмоље. Ангажирани беа 4-ца работници и беа собрани големи количини на разновиден комунален отпад.
повеќе...Автомобил удри во неосветлен трактор на патот Подмоље – Струга
Четири лица се здобија со телесни повредени во сообраќајната незгода што синоќа во 18 часот и 15 минути се случи на магистралниот пат Подмоље-Струга. Повредените Н.С. (39), О.С. (35) и едно малолетно лице, сите од Охрид, со амбулантно возило се префрлени во Општата болница во Струга, каде по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Во болницата, на понатамошно лекување задржан е С.Д. (52) од струшкото село Радолишта. Во сообраќајната незгода учествувале возило Трактор со приколка ИМБ со струшки регистарски ознаки, управувано од Г.К. (43) од струшкото село Мороишта,…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески во обиколка на Подмоље и Велгошти
Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, вчера, беше во обиколка на селата Подмоље и Велгошти, каде се во тек градежните зафати за асфалтирање на повеќе делови од улиците. Во Подмоље се асфалтираат две улици со вкупна површина од 645 метри квадратни, додека во Велгошти се четири улици со вкупна површина од 880 метри квадратни. Градежните активности се очекува да завршат во текот на денешниот ден. Градежните зафати за асфалтирање на сите шест улички изнесуваат 1 972 000 денари, средства издвоени од буџетот на општина Охрид.
повеќе...ЈПК „Дебрца“ воведе рестрикции за користење вода во Оровник, Подмоље и Горенци
Поради зголемената потрошувачка на вода, Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ апелира до корисниците да не се злоупотребува водата, освен за неопходните потреби. Од ЈПК „Дебрца“ истакнуваат дека се принудени да воведат рестрикции за следните денови во следните населени места: 01.08.2016 (понеделник) вода нема да има во населените места Оровник и Подмоље; 02.08.2016 (вторник) вода нема да има во населеното место Горенци; 03.08.2016 (среда) вода нема да има во населените места Оровник и Подмоље; 04.08.2016 (четврток) вода нема да има во населеното место Горенци; 05.08.2016 (петок) вода нема да има…
повеќе...Едукативно – превентивна акција „Вози одговорно – животот е во твои раце“
Во рамките на работата и реализацијата на предвидените програмски активности во годишната програма, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид, утре 29 јули (петок) во 11:30 часот, ќе ја реализира едукативно-превентивната акција „Вози одговорно-животот е во твои раце“. Целта на оваа активност е потсетување на потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи за безбедно одвивање на сообраќајот, внимателно управување со патничките и други моторни возила, подигнување на јавната свест за зголемена безбедност во сообраќајот и унапредување на сообраќајната безбедносна култура кај сите учесници во сообраќајот. Во рамките на…
повеќе...Идејното решение на идната модерна плажа на Охридското езеро кај Подмоље
Изградбата на новата плажа треба да почне кон крајот на оваа или почетокот на идната година. Еве како изгледа идејното решение… Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски придружуван од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и градоначалникот на Општина Дебарца Игор Трајковски, ја посети пешачката патека на брегот на Охридското Езеро во близина на село Подмоље. За изградба на патеката се инвестирани 12 милиони денари или околу 200.000 евра, но, според најавите на министерот Мисајловски, ќе биде проширена со дополнителни содржини, а предвидена е и изградба на модерна плажа со…
повеќе...ЈПК „Дебрца“: Водата да се користи само за неопходни потреби
Јавно претпријатие за комунална дејност „Дебрца” поради зголемената потрошувачка на вода апелира до корисниците да не се злоупотребува водата освен за неопходните потреби. „Поради зголемена потрошувачка принудени сме да воведеме рестрикции за следните денови во следните населени места: На ден 12.07.2016година вода нема да има во населните места Оровник и Подмоље -На ден 13.07.2016 година вода нема да има во населеното место Горенци -На ден 14.07.2016 година вода нема да има во населено место Оровник – Подмоље и -На ден 15.07.2016 година вода нема да има во населено место Горенци“– информираат од претпијатието.
повеќе...Прекин со водоснабдувањето во Подмоље, Оровник и Горенци
ЈП за комунална дејност Дебрца ги информира жителите на населените места Подмоље, Оровник и Горенци дека денес и утре од 14 часот до 18 часот ќе има прекин во снабдувањето со вода порди недостаток на вода и големта потрошувачка и Честите дефеци на главната мрежа како последица на изградба на автопатот. ЈПК Дебрца апелира до жителите на истите населени места на совесно и рационално користење на водата за пиење.
повеќе...Повредени три лица во сообраќајка на патот Подмоље – Струга
Три лица од кои две посериозно, се здобија со телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 20 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Подмоље-Струга кај крстосницата со локалните патишта за „Еврохотел“ и селото Милешево. Поради сериозноста на повредите, во општата болница во Струга задржан е А.З. (20) од струшкото село Ливада додека во болницата Св.Еразмо -Охрид задржано е едно малолетно лице. Во сообраќајната незгода учествувале патничките моторни возила марка „Голф“ со струшки регистарски ознаки управувано од Б.М. (24) од селото Франгово во кое се наоѓало малолетното…
повеќе...