Пожарникарите добија бенефициран стаж

Вчера, Собранието на Република Македонија го усвои Законот за измена и дополнување на Законот за пожарникарство, со кој се решава статусот на професионалните пожарникари. Министерството за одбрана како дел од Владата на Република Македонија ја поднесе оваа иницијатива до Собранието на Република Македонија за измена и дополнување на Законот за пожарникарство со цел решавањето на проблемот на пожарникарите и давање на статус на овластени службени лица на вработените во територијалните противпожарни единици. Пожарникарите согласно измените на Законот се дефинираат како овластени службени лица од областа на безбедноста а поради условите…

повеќе...

Одбележан Денот на пожарникарите

Денес во Охрид беше одбележан Денот на пожарникарите. По повод овој ден, во просториите на Територијалната противпожарна единица во Охрид се одржа свеченост на која присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Честитајќи го празникот, градоначалникот Бакрачески, им се заблагодари на пожарникарите за успешното справување со огнот во време на пожари. „Вработените во Територијалната противпожарна единица во Охрид имаат покажано дека знаат и умеат да се справат со голем број предизвици. Во изминативе години тие го имаат дадено својот максимум во решавање на проблемите на терен во делот на гасење…

повеќе...

Вредна донација за охридските пожарникари

Единицата за противпожарна заштита од Охрид, денес доби вреден подарок, противпожарна опрема од Противпожарната единица од градот Лутербах- Швајцарија. Во донацијата која изнесува 35 до 40 000 евра во денарска проти вредност спаѓаат 13 комбинизони за заштита од пожар , 31 јакна , 32 пара панталони, 19 гуртни, 56 паботни комбинизони, 5 жолто –сини јакни, 37 пара нараквици за заштита од пожар и 9 сини јакни за заштита од пожар. Командирот и заменик командирот на Противпожарната единица, Спасе Прентоски и Горан Маркоски , се заблагодарија за вредната донација која како…

повеќе...

Учениците од „Живко Чинго“ и „Ванчо Николески“ учеа како да се заштитат од пожар

Денови пред учениците од прво до петто одделение во основните училишта „Живко Чинго“ во Велгошти и „Ванчо Николески“ во с. Лескоец, беше презентирана Единицата за противпожарна заштита од Охрид. Охридските пожарникари ја презентираа својата работа, своето искуство а ги запознаваа децата и со начините на реагирање доколку се случи пожар во нивна близина. На средбата беше разговарано за опасностите од предизвикување пожар, како и за тоа што треба, а што не треба да се прави во случај на негово избивање. Децата беа информирани за телефонскиот број кој треба да го…

повеќе...

Основците од „ Св.Климент Охридски“ се дружеа со пожарникарите

Учениците од прво до петто одделение од ОУ „Св.Климент Охридски`-Охрид, денес се дружеа со дел од Територијалната противпожарна единица од Охрид. Командирот на единицата Спасе Прентоски, заедно со неговите соработници, ги запозна учениците со опасноста од пожари, начинот како да се однесуваат во такви околности, како и со опремата која се користи при гаснење на пожари. На учениците им беше потенцирано дека треба да ги знаат важните телефонски броеви кои треба да ги побараат во случај на пожар или опасност од пожар. Во непосредниот разговор учениците имаа можност да постават…

повеќе...

Противпожарна обука за учениците од ОУ „Григор Прличев“

Учениците од трето одделение од ОУ „Григор Прличев“ денес имаа можност поблиску да се запознаат со професијата пожарникар и начинот на гаснењето на пожарите. Тие заедно со пожарникарите практично ја изведоа постапката при пожар во училиштето, научија дека чадот секогаш оди нагоре и дека при пожар, секогаш, без паника треба да се движат наведнати или со клекнување. Учениците беа воодушевени од демонстрацијата на пожарникарската опрема и личната заштитна облека и се интересираа кои се начините за гаснење на огнот. На учениците им беше објаснато дека при пожар или друга опасна…

повеќе...

Учениците од ОУ „Братство Единство“ се обучуваа за противпожарна заштита

Во Основното училиште „ Братство Единство“ , во централната и во зградата во населбата Лескајца, за учениците од трето до петто одделение беше спроведена обука за ракување со противпожарни апарати. Обуката ја спроведуваа припадници на Територијалната противпожарна единица кои во училиштето дојдоа со противпожарно возило и опрема. Обуката на учениците за противпожарна заштита е дел од програмата на градоначалникот Никола Бакрачески, според која во овој месец вакви обуки ќе се реализираат во сите основни училишта на територијата на општина Охрид. Целта е најмладите да се запознаат со основните постапки и…

повеќе...

Холандска донација за охридската противпожарна единица

Во присуство на градоначалникот Никола Бакрачески, денеска во Територијаната противпожарна единица, беше примопредадена донацијата од противпожарната единица од градот Лејден од Холандија во вредност од околу 120 илјади евра. Донацијата се состои од 83 заштитни одела,обувки, наочари и други шпмали делови од противпожарната опрема. „Се надевам дека ова е само почеток на тесната соработка меѓу двете противпожарни единици.Им изразувам благодарност на сите оние кои изминативе неколку месеци вложија напори, да се обезбеди оваа донација и да се транспортира до Охрид,“ рече градоначалникот Никола Бакрачески. Командирот на противпожарната единица од градот…

повеќе...