Премиерот Димитриев е против одложување на изборите

Премиерот на преодната влада, Емил Димитриев, изјави дека нема основа за одложување на предвремените парламентарни избори и дека тие ќе се одржат на 24 април. Ова Димитриев го изјави при посетата на новата здравствена установа „Пет центар“ на која беше придружуван од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и министерот за здравство, Никола Тодоров. Димитриев рече дека во овој момент нема потреба од лидерска средба. „Сега во моментов не ценам дека има некоја потреба за лидерска средба, бидејќи ние како политички партии имаме секојдневна комуникација и денеска тимовите разговараат по отворените…

повеќе...

Груевски ја доставил оставката до Вељаноски

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, соопшти дека денеска му била доставена оставката од премиерот Никола Груевски и дека тој ќе постапи во согласност со уставните, законските и со деловничките права и обврски. „Истовремено, имајќи ги предвид преземените политички обврски на лидерите на најголемите политички партии во Република Македонија во согласност со договорот од 2 јуни 2015 година и со протоколот од 15 јули 2015 година, како претседател на Собранието на Република Македонија ќе го следам исходот од денешните разговори со посредство на меѓународната заедница. Искажувам надеж дека…

повеќе...

Груевски: Се инвестираат 46 милиони евра за шест регионални патишта

Шест регионални патишта ќе се градат во 2016 година, а инвестицијата изнесува 46 милиони евра. Регионалните патишта се во должина од 85 километри, изјави денеска премиерот Никола Груевски. „46 милиони евра во една година за регионални патишта навистина е сериозна инвестиција. На многу граѓани ќе им биде од голема полза“, рече Груевски. Годинава ќе се градат регионалните патишта Кочани-Делчево, Пробиштип – Пониква, Тораница – Саса, патот меѓу мало и големо Коњарево, патот Извор – Бошков мост (Кичево -Дебар) и приклучокот кон Вевчани. Груевски потсети дека покрај регионалните патишта, оваа година…

повеќе...

Груевски: Во првите девет месеци има 19.000 нововработени, а до крајот очекуваме уште 6.000 нови

Од формирањето на државата, од независноста, од 1991 година до овој момент Република Македонија има најниско ниво на невработеност во нашата историја. Во првите девет месеци од годинава вработени се 19.000 лица, а до крајот на годината се очекуваат уште 6.000 нови вработувања, изјави премиерот Никола Груевски во интервју за Сител Телевизија. „Во годината кога ние дојдовме на власт невработеноста беше околу 38 проценти. Тоа беше рекордна невработеност не само во Македонија, туку и во Европа. Оттогаш па наваму, континуирано секоја година, секој квартал, без исклучок, имаме намалување на невработеноста,…

повеќе...

Во ноември ќе се официјализираат инвестиции на две големи американски компании кои ќе вработат 2.000 луѓе

Две американски компании се очекува во ноември да ја официјализираат нивната инвестиција во Македонија, при што едната компанија планира да вработи 500 луѓе, а втората ќе отвори 1.500 нови работни места, изјави вечерва премиерот Никола Груевски. Тој во интервју за Сител Телевизија рече дека двете компании за тоа ја информирале Владата, но официјално се очекува компанииите тоа да го соопштат за јавноста во ноември. „Некаде во ноември две американски компании планираат да ја официјализираат нивната инвестиција во Македонија, при што едната компанија ќе вработи дополнителни 500 луѓе, а втората ќе…

повеќе...

Премиерот Груевски на прием кај претседателот на САД Барак Обама

Премиерот Никола Груевски заедно со сопругата Боркица, денеска присуствуваа на приемот кај претседателот на САД Барак Обама. Премиерот Груевски придружуван од владин тим е во неколкудневна посета на САД.

повеќе...

Премиерот Груевски присуствуваше на основањето на Фондот за образование на Македонија 2025

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и владина делегација, вчера, во Колумбус, Охајо, САД, присуствуваа на гала вечерата на организацијата Македонија 2025, која што беше организирана со цел собирање на средства за воспоставување на Фондот за образование и поддршка на млади таленти кој што е дел од едукативните програми на Македонија 2025. Фондот за образование и поддршка на млади таленти на Македонија 2025 ќе служи за финансирање на студенти од Република Македонија кои со помош на Македонија 2025 ќе продолжат да студираат на универзитети во САД и Канада.…

повеќе...

Премиерот Груевски му врачи орден на РМ на претседателот Џорџ Буш

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, на гала вечерата на организацијата Македонија 2025, му го врачи Орденот на Република Македонија на Џорџ Буш, 43-тиот претседател на Соединетите Американски Држави. Премиерот Груевски истакна дека заради големиот придонес на поранешниот американски претседател Буш во градењето на пријателските односи помеѓу Република Македонија и САД, тој го заслужува Орденот на Република Македонија кој го доделува Претседателот на Република Македонија. „Претседателе Буш, дозволете ми во име на Владата на Република Македонија, во мое лично и во име на сите македонски граѓани да Ве…

повеќе...

Генерална дебата на 70-то заседание на Генералното Собрание на Обединетите Нации

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски ќе учествува на генералната дебата на 70-то заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации како и на Самитот за пост 2015-та развојна агенда, на кои ќе има свои обраќања. Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, како дел од делегацијата на Република Македонија предводена од Претседателот на Владата Груевски од 27-ми септември до 2-ри октомври ќе учествува на генералната дебата на 70-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, вклучително и на Самитот за пост 2015-та развојна агенда. За време…

повеќе...

Премиерот Груевски на фудбалскиот натпревар ЕУ Западен Балкан во Виена

Фудбалскиот натпревар се одигра во пресрет на Виенскиот самит на земјите од Западен Балкан 2015 чиј што покровител е токму Европската Унија, а започна како дел од Берлинската иницијатива за инклузија на Западниот Балкан во рамките на ЕУ. Западен Балкан го победи тимот на ЕУ со 4:2 на фудбалскиот натпревар кој синоќа се одигра во австрискиот главен град Виена. Премиерот Никола Груевски даде два, а асистираше при реализација на другите два гола. За тимот на идните членки на ЕУ, покрај македонскиот премиер настапија и шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи,…

повеќе...