ВМРО-НП бара новата Влада да донесе одлука за раздружување на МЈП Проаква

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „ВМРО – Народна партија од Охрид бара од новата влада на Република Македонија да донесе одлука за раздружување на МЈП Проаква. Бараме ова меѓуопштинското јавно претпријатие да се раздели на три единици: Водовод Охрид, Водовод Струга и Колекторскиот систем како посебно јавно претпријатие односно под државна капа. Со раздружувањето на МЈП Проаква на трите единици: Водовод Охрид, Водовод Струга и Колекторскиот систем ефектот од работата би бил поголем. Покрај раздружувањето на претпријатијата Водовод Охрид и Водовод Струга, ВМРО –…

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на повеќе охридски улици поради нов приклучок

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради изведба на нов водоводен приклучок на ул. „Вардар“, ќе има прекин во водоснабдувањето на оваа улица како и на дел од улиците „Гоце Делчев“ (од Дрвара кон центар), Македонски Просветители (од фонтана чинар кон поранешен 1-ви Мај), Градски Пазар и дел од улиците Абас Емин, Стив Наумов и Кирил и Методи. Прекинот ќе биде во период од 08:30 часот  до 14:00 часот.

повеќе...

СДСМ: Проаква остана без струја, а охриѓани и стружани во 21 век без вода за пиење

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Денеска охриѓани и стружани го доживеаа најголемиот апсурд и срам, да живеат покрај вода, а да немаат вода за пиење. Граѓаните од Охрид и Струга денеска останаа без вода за пиење поради долгови на меѓуопштинското водоснабдително претпријатие Проаква. Проаква остана без струја, а охриѓани и стружани во 21 век без вода за пиење. Единствен виновник за оваа катастрофална состојба е лошото, недомаќинско менаџирање на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ. Токму сегашниот директор на Проаква, Паскалоски е човекот кој го заглави до…

повеќе...

Поради дефект прекин во водоснабдувањето на ул.„15ти Корпус“

Од МЈП „Проаква“, РЕ „Водовод“ – Охрид информираат дека денес во раните утрински часови настана дефект на водоводна линија ф 160мм на ул.„15-ти Корпус“, поради што ќе има прекин во водоснабдувањето на истата. Екипите на МЈП „Проаква“, РЕ „Водовод“ – Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.

повеќе...

Прекин на водоснабдувањето на ул. „Прилепска“ поради дефект на водоводна цевка

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес во утринските часови настанал дефект на главна водоводна цефка ф125 мм. на ул.„Прилепска“, поради што дошло до прекин на водоснабдувањето на истата. Екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид од раните утрински часови се на терен и работат на отстранување на дефектот, за кој велат дека се предвидува да биде отстранет до 13:00ч.

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на потегот од нас.Св.Стефан до хотел Гранит

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес, поради интервенција на водоводна линија ќе има прекин во водоснабдувањето на потегот од нас. Св.Стефан до хотел Гранит, во период од 09.00ч до 11.00ч. Екипите на МЈП Проаква РЕ „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.

повеќе...

Воведено електронско плаќање на сметките од ЈП „Водовод“ Охрид

Од денес граѓаните на Охрид ќе можат електронски да ги плаќаат сметките од ЈП „Водовод“ Охрид. Ова електронско плаќање не е само плаќање, туку е и преглед на сите оние сметки кои се заостанати и кои се обврска на сите корисници да ги подмират кон ЈП „Водовод“ Охрид, рече денес на прес-конференција директорот Томе Паскалоски. „Од денеска воведуваме еден нов производ, еден нов пакет услуга према нашите потрошувачи, односно електронско плаќање на сметките за физичките лица кои на број се 20 илјади до 23 илјади коминтенти, вклучувајќи ги викендашите во летниот период достигнуваат бројка од 30 илјади коминтенти.…

повеќе...

Ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ во посета на „Водовод“

Ученици од четврто одделение од ОУ „Св.Климент Охридски“ од Охрид, го посетија МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид. Децата се запознаа со работата и основните дејности на претпријатието како што се зафаќање, третман и дистрибуција на вода. Од страна на вработени од „Проаква“ им беше објаснет сложениот и долг пат на водата од изворите до потрошувачите преку водоснабдителниот систем.

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на „Андон Дуков“, „Гоце Делчев“ и во стариот дел на градот

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Вододод“ Охрид, информираат дека денес поради интервенција на водоводна линија односно поради реконструкција на водоводната линија на улица „Андон Дуков“ во нас. Кошишта, ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците „Гоце Делчев” во период од 08.30ч до 13.00ч. како и во стариот дел на градот во период од 09.00ч до 13.00ч.

повеќе...

Изведба на водоводна линија за системот за наводнување на пешачката патека Студенчишта

МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ – Охрид отпочна со припреми за изведба на водоводна линија за системот за наводнување на пешачката патека Студенчишта. Проектот е финансиран од Општина Охрид и е во третата завршна фаза. „Водоводната линија која е со профил на цефки од 63мм ќе се протега во должина од 700м од Плажа Кадмо до Парк.“- информираат од претпријатието.

повеќе...