Груевски: Во јули почнува изградбата на патот Битола-Ресен до превојот Буково

Патот Битола-Ресен до превојот Буково е во завршна фаза на подготовки за негова реализација. Се прибраат понудите и се врши евалуација. Некаде за две до три недели од сега би требало да биде потпишан договорот за негова изградба, а потоа, во втората половина на јули ќе почне изведување на градежните работи. Тоа е наше ветување и ние се придвижуваме кон реализација на тоа ветување, истакна премиерот Никола Груевски. Претседателот на Владата на Република Македонија Груевски го појасни и процесот на изградба на социјални станови за лица приматели на социјална помош…

повеќе...

Се чистат паркинзите на патот Охрид-Ресен

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” Охрид, односно одделението за јавна хигиена во текот на денешниот ден, а по налог на Општинскиот инспекторат, пристапи кон чистење на регионалниот пат Охрид-Ресен. Имено се чистеа површините ( паркинзите) предвидени за одмор на патничките и моторните возила, од сметот што зад себе го оставаат некои од учесниците во сообраќајот, а притоа ја загадуваат животната средина. „Апелираме и се надеваме дека во иднина ќе проработи свеста и ќе се одлага сметот на соодветни места предвидени за таа намена.“– велат од претпријатието.

повеќе...

Дел од отсечените села во струшкиот, охридскиот и ресенскиот регион добија струја

ЕВН Македонија ја санира дистрибутивната мрежа оштетена од снежните наноси и силниот ветер. „Во екстремно лоши услови екипите на ЕВН Македонија со над човечки напори работат на санираање на поголем број на дефекти настанати од интензивните снежни врнежи и силнот ветер, по што состојбата со електро снабдувањето во кризните региони полека се нормализира. Вечерва поголем дел од отсечените села во струшкиот, охридскиот и ресенскиот регион добија електрична енергија. Нормализирано е снабдувањето во преспанските населени места Козјак, Горна и Долна Бела Црква, Езерани и колекторот во Езерани, Љубојно, Долно Дупени, Лева…

повеќе...

Укината забраната за тешки товарни возила на патот Охрид-Ресен

На патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража укината е забраната за тешки товарни возила. На патниот правец Охрид-Ресен преку планинскиот премин Буково укината е забраната за тешки товарни возила, но задолжителна е употреба на зимска опрема (ланци). На патниот правец Охрид-Кичево преку планинскиот премин Пресека е укината забраната за сообраќај на автобуси. Исто така укината е и забраната за тешки товарни возила но задожителна е употреба на зимска опрема (ланци).. Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Маврово – Дебар и Дебар – Струга. Сообраќајот…

повеќе...

Сезонско затворање на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца)), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево e затворен за сообраќај на сите возила. Ова е сезонско затворање на патниот правец преку планaнскиот премин Галичица и ќе биде на сила до 31.03.2015 год.

повеќе...

Се реконструира дистрибутивната мрежа во струшкиот, дебарскиот и ресенскиот регион

ЕВН Македонија и оваа година работи на изградба на нова и реконструкција на постојната дистрибутивната мрежа во струшкиот, дебарскиот и ресенскиот регион. Корисничкиот енерго центар на ЕВН Македонија во Струга досега изгради над 5 километри дистрибутивна мрежа на ниско и средно напонско ниво. Реконструирани се 13 трафостаници, изградени се нови 4 компактно бетонски трафостаница и направена е реконструкција на дел од постојната мрежа. Извршена е и дислокација на над 1000 мерни уреди, со што во едно се реконструира и ниско напонската мрeжа и се воведува ред во користењето на електричната…

повеќе...

Слаб земјотрес со епицентар кај Ресен почувствуван и во Охрид

Денес во 11 часот и 15 минути во Охрид беше почувствуван слаб земјотрес. Епицентарот на земјотресот е 11 километри североисточно од Ресен, на длабочина од 2 километри со интензитет од 2,8 степени. WebOhrid

повеќе...

Силен културен импулс и презентација на културните вредности кои ги поседуваме како држава

Настани  кои ќе го збогатат културното живеење во сите општини во Македонија Подигни програма на Манифестациите -ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН -КРУШЕВО ГРАД НА КУЛТУРАТА -ПРОЕКТ „КУЛТУРНО ЛЕТО – КУЛТУРНА ЗИМА“ Општина Дојран Општина Ресен Општина Берово Македонските граѓани и гости од регионот ќе можат да проследат повеќе од 160 настани во рамки на седмото издание на манифестацијата „Топол културен бран“. Програмата ќе се реализира во два циклуси, од 20 до 31 јули и од 20 до 31 август. „Топлиот културен бран“ несомнено ја постигна својата цел, дисперзирање на културните содржини. Создаде…

повеќе...

Ќе се прска против комарци

На 11 и 14 јули ќе се изврши втората  авиодезинсекција прскање против возрасни комарци со широкопојасен инсектицид. Прскањето против комарци ќе се спроведе на 4 локации утврдени како приоритетни од страна на Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство. Дезинсекцијата ќе биде извршена на вкупна површина од 4.400 хектари по воздушен пат. Имено, на 11.07.2014 ќе се спроведе прскање во општина Дојран на вкупна површина од 1000 хектари и во општина Чешиново-Облешево на површина од 900 хектари,  а на 14.07.2014 година ќе се изврши прскање во општина…

повеќе...