И годинава, по 48. пат, Република Македонија ќе го чествува Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. По тој повод, во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на св. Кирил“, во Понтификалниот универзитет „Урбанијана“ на 23 мај во 18 часот ќе биде отворена изложбата „Св. Климент Охридски и неговите претстави во ликовната уметност“ на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид. Со изложбата, која е во духот на големиот празник, Република Македонија го одбележува и значајниот јубилеј 1100 години од упокојувањето на светителот Климент. Во рамките…
повеќе...Tag: рим
Со мигрантската и бегалската криза ќе бидеме окупирани и следните години – претседателот Иванов на конференција во Рим
Мигрантската и бегалската криза во Европа, како и состојбите на Блискиот Исток и Северна Африка, се прашања и предизвици со кои ќе бидеме окупирани и во следните години и децении, изјави претседателот Иванов, кој вчера учествуваше на 7.Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави” и Италијанското друштво за меѓународни организации – Иницијатива за Глобален дијалог во мултиполарен свет, што се одржа во Сенатот на Италијанската Република. Македонскиот претседател рече дека на состанокот присуствувале голем број еминентни гости, кои дебатирале за сите причини и последици од актуелните…
повеќе...Со меѓурелигиски дијалог против радикализацијата и екстремизмот – претседателот Иванов на конференција во Рим
„Меѓурелигискиот дијалог за кој се залагаме има за цел почитување, а не надминување на различноста. Бидејќи целта на дијалог е да ни помогне да живееме со нашите најдлабоки религиски разлики, без да ги занемаруваме или надминуваме тие разлики”, порача претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во Рим, каде учествува на 7. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави” и Италијанското друштво за меѓународни организации – Иницијатива за Глобален дијалог во мултиполарен свет, што се одржува во Сенатот на Италијанската Република. Пред своето обраќање на…
повеќе...Рим- Состанок на Шефови на Полиција од земјите од Балканот
Балканот како регион отсекогаш претставувал место низ кое транзитирале многу луѓе, како најкраток пат помеѓу Истокот и Западот. Во историјата скоро и да нема поголеми миграциски движења во овој дел од светот кои повеќе или помалку не го зафатиле и овој регион, истакна м-р Горанче Савовски, директор на БЈБ, во обраќањето на состанокот на шефовите на полициите од балканските земји, што се одржува од 14 до 16.12.2015 година во Рим во организација на Европол. Како што рече Савовски, ова се однесува и на Република Македонија, која со својата географска положба…
повеќе...Министерот Цветков на конференција во ФАО
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска ќе учествува на изборот за генерален директор на ФАО за наредниот четири годишен период. Изборот ќе биде во рамките на 39-тата Конференција на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации – ФАО во Рим. На Конференцијата која се одржува од 6-ти до 13-ти јуни, ќе учествуваат високи претставници од земјите членки на ОН, а во фокусот на интерес ќе бидат разговорите за постигнување на милениумските развојни цели за искоренување на сиромаштијата и обезбедување доволно храна за растечката популација во светот.…
повеќе...Традиционална манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“ во Рим
По повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители „Св Кирил и Методиј” синоќа во Рим се одржа традиционалната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“. Во рамки на културната манифестација, која беше свечено отворена од претседателот на Владата, Никола Груевски, е поставена и изложба на автентични македонски копаничарски дела. Премиерот Груевски во своето обраќање истакна дека Република Македонија и годинава, по 47-ми пат дава свој придонес во чествувањето на големите словенски просветители, потврдувајќи ги уште еднаш добрите врски меѓу Република Македонија, Ватикан и Република Италија. „Знаејќи дека цивилизациски дострел на секоја…
повеќе...Охридската резба на изложба во Рим за чествувањето на св. Кирил
Триесет и пет македонски резби од 14-ти до 20 век изработени од охридски мајстори ќе бидат претставени на изложбата „Уметноста на македонската резба – традиција и континуитет“ во рамки на 47.манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“ во Рим … Изложбата ја организира Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид и ќе биде отворена на 23-ти мај во комплексот „Виторијано“ на фреквентниот плоштад „Венеција“. Посетителите и туристите на италијанската престолнина ќе може да ја видат до 7 јуни. Отворањето на изложбата ќе биде придружено со концерт на…
повеќе...Министерката Јанкулоска во Рим на конференција „ИПА 2013 Западен Балкан“
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска и утре во Рим, Италија, учествува на министерска конференција „ИПА 2013 Западен Балкан“, во организација на италијанското Министерство за внатрешни работи, а посветена на ИПА проектот „Борба против организираниот криминал – меѓународна соработка во казненото право“. На маргините од конференцијата, министерката Јанкулоска имала средба со домаќинот на настанот, нејзиниот италијански колега Аџелино Алфано, на која се разговарало на повеќе теми од заеднички интерес. Двајцата министри, соопшти денска МВР, ја оцениле досегашната соработка како исклучително квалитетна во духот на пријателството меѓу двете држави. На…
повеќе...