Во Елбасан, во присуство на првите луѓе на сојузите на албанските воени старешини – ветерани и на македонскиот Сојуз на ветераните од одбраната и безбедноста, генералите Колонел Кондури, односно Филип Котели, потпишан е Меморандум за соработка измеѓу ветераните од административниот центар Елбасан со околиите: Елбасан, Грамши, Либражд и Пеќин и ветераните од Здружението за Охрид, Струга и Дебар. Документот го потпишаа претседателите на ограноците за Елбасан – генерал Томор Аслани и неговиот колега за регионот на Охрид, Струга и Дебар – полковник Добре Вељаноски. „Ќе се помагаме и ќе се поддржуваме…
повеќе...Tag: соработка
„Обврска сега! За денот потоа!“ потпишани барањата од граѓанскиот сектор од општина Охрид
Во рамките на проектот „Денот потоа: Локални избори“, Фондацијата Фридрих Еберт-канцеларија Скопје во соработка со прогресивни граѓански организации и претставници од академската фела, во периодот септември-октомври 2017 година организираше активности за унапредување на состојбите во општеството на локално ниво во Република Македонија. Активностите се одржаа во општини од сите осум (8) плански региони во Македонија (Велес, Штип, Гевгелија, Прилеп, Охрид, Маврово/Ростуша, Општина Центар, Град Скопје и општините на територијата на Скопје). Координаторите од граѓанскиот сектор од секоја од општините имаа задача да ги повикаат и консултираат организациите од граѓанскиот сектор…
повеќе...Македонија и Русија продолжуваат со интензивна и успешна културна соработка
Во срдечна и пријателска атмосфера, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски го прими амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Олег Шчербак. За време на средбата се разговараше за културната соработка помеѓу двете земји, која беше оценета како многу добра. Амбасадорот Шчербак изрази поддршка за работата на новата Влада во првите сто дена, посакувајќи понатамошна успешна соработка. Министерот Алаѓозовски се заблагодари на поддршката и ја истакна подготвеноста на Македонија за понатамошно интензивирање и продлабочување на културните и духовните врски помеѓу двете земји. На средбата се разговараше за претстојните…
повеќе...МОК и МКФ со преноси од натпреварите во организација на МКФ
Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски, постигна договор со претседателот на Македонскиот Олимписки комитет (МОК) Васил Тупурковски за вршење на директни преноси од страна на МОК ТВ (YouTube каналот) од натпреварите од домашното првенство како и меѓународните натпреварувања во организација на МКФ за сите возрасни категории и во двете конкуренции (машка и женска). Материјалите од снимените видео записи ќе бидат дадени на користење на МКФ сè со цел што подетални анализи на постигнатите резултати и прикажаните перформанси на сите учесници на натпреварот. Двете страни, МКФ и МОК, веруваат дека…
повеќе...Националните галерии на Македонија и на Албанија потпишаа Меморандум за соработка
Државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехаби, на покана од албанскиот заменик-министер за култура Зев Чуни, деновиве престојуваше во Тирана, Република Албанија. За време на престојот, државниот секретар Шехаби оствари средба и со министерката за култура на Република Албанија Мирела Кумбаро, на која беше констатирана успешната соработка во сферата на култура меѓу двете земји, а која е резултат на потпишаната Програма за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Република Албанија за периодот 2015–2020 година. Со Програмата се отвори…
повеќе...Продлабочување на соработката со асоцијацијта на македонците во Пирот
Заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев, денеска прими делегација од Националниот Совет на Македонската национална заедница во Пирот, Република Србија. Целта на средбата беше воспоставување на соработка со Општина Охрид во делот на културата и образованието. Гостите ги презентирани досегашните достигнувања на здружението „Бели Мугри“ кое преку своите активности придонесува за промоција и афирмација на македонскиот јазик и македонската култура во Пирот и Република Србија.
повеќе...Потпишан договор за соработка помеѓу Универзитетите „Џиаотонг“ и „Св. Апостол Павле“
Воспоставена е соработка помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ и кинескиот Универзитет „Џиаотонг“. Денес, ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – проф. Нинослав Марина и претседателот на кинескиот Универзитет „Џиаотонг“ – проф. Јанг Зиџианг потпишаа договор за соработка помеѓу двете институции. Соработката предвидува размена на академски кадар и студенти, доделување на кинески стипендии за престој на професори и студенти од Универзитетот „Св. Апостол Павле“ на Универзитетот „Џиаотонг“ и отворање на Центар за промоција на кинеската наука и култура во рамките на…
повеќе...Потпишан Протокол за соработка меѓу УКИМ и Универзитетот во Тирана
Делегација предводена од министерот за образование и наука на Република Македонија Абдилаќим Адеми, е во дводневна официјалната посетата на Република Албанија. Денеска во Тирана, Протокол за соработка во областа на високото образование потпишаа ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски и ректорот на Универзитетот во Тирана проф.д-р Дори Куле. Фокусот на договорот е ставен на зајакнување на досегашната соработка, и на поттикнување на научноистражувачката дејност. За да се постигнат овие цели, ќе се обезбеди поддршка за обука и усовршување на академскиот кадар. Министерот Адеми истакна дека со потпишувањето на Протоколот…
повеќе...Потпишан меморандум за соработка помеѓу МОН и Woogi International
Министерството за образование и наука и Woogi International (WI – ИТ компанија од САД) денес потпишаа Меморандум за соработка за имплементација на заеднички проект во основно и средно образование. Целта на проектот е воведување на апликација креирана за подигнување на нивото на Англиски јазик и Претприемништво преку игра и менторирање во реално време од ментори кои се на нивна возраст и кои Англискиот јазик им е мајчин јазик, преку креирање на заедничка група во играта комуницирајки еден со друг го подобруваат нивото на Англискиот јазик. Апликацијата креирана од компанијата веќе…
повеќе...Меморандум за соработка со Стопанската комора на Северозападна Македонија
Царинската Управа на Република Македонија и Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија на 17 февруари 2016 година, потпишаа Меморандум за соработка како резултат на добрата долгогодишна соработка. Главните цели на Меморандумот се однесуваат на организирање на обуки за бизнис заедницата како и согледување на потребата и темите за нивна реализација. Царинската Управа и Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија партнерски ќе работат на спроведување анализи и обуки за потребите на претставниците на бизнис заедницата и на други целни групи за нивно континуирано стручно усовршување, како и на подготовка на програми…
повеќе...