Македонија У21 на Европско првенство

Репрезентацијата на Македонија испиша историја, За првпат една наша фудбалска селкција се наоѓа на завршниот собир на едно континентално првенство, откако во последниот натправар од квалификациската група 3 славше победа над Шкотска со 2:0 и благодарение на поразот на Исланд од Украина успеа да го освои првото место. На преполната арена „Филип Втори” избраниците на селекторот Благоја Милевски од почетокот на натпреварот ја презедоа иницијативата, атакуваа кон голот на Шкотите, создаваа шанси и силно ја посакуваа победата. Кире Маркоски во 18 минута го отвори резултат, за четири минути подоцна Барди…

повеќе...

Македонија 2:3 Италија

Македонската А репрезентација загуби со 2:3 од Италија во натпревар од третиот круг квалификации за пласман на Светското првенство во Русија 2018. На националната арена „Филип Втори” избраниците на селекторот Игор Ангеловски пропуштија да направат голем подвиг против моќната селекција на Италија која погоди во 92 минута за победа. Натпреварот го отворивме со убава можност која ја имаше Илија Несторовски, но гредата беше сојузник на Буфон. Италијаните преку Белоти ја казнија нашата лошо поставен одбрана и поведоа со 0:1 во 24 минута. Во продолжението Македонија со фуриозна игра успеа за…

повеќе...

Македонија 1:2 Израел

Македонската А репрезентација загуби со 2:1 од Израел во натпревар од вториот круг квалификации за пласман на Светското првенство во Русија 2018. На националната арена „Филип Втори“ избраниците на селекторот Игор Ангеловски можат да жалат за многуте пропуштени можности. Изостана реализацијата, а противникот од две шанси погоди два пати. Во првите 15. минути, нашите фудбалери фуриозно го започнаа дуелот. Две супер прилики не искористи нашиот најдобар играч и капитен, Горан Пандев. Во 22. минута нови возбудувања пред голот на Израел, Несторовски погоди, меѓутоа голот беше поништен поради офсајд. Казната стигна…

повеќе...

ФФМ го претстави новиот репрезентативен дрес

Во куќата на фудбалот беше презентиран новиот дизајн на репрезентатвните дресови со кој се најави продолжувањето на соработката помеѓу Фудбалска Федерација на Македонија и германскиот бренд на спортска опрема ЈАКО. Распространетото златно сонце со осум сончеви краци е национален симбол во повеќевековната историја на Македонија и претставува спокој, храброст и сила на сите Македонци. Инспирирани од знамето кое се виори на ветрот, дизајнерот го поставува „сонцето“ малку брановите. „Би сакале да се заблагодариме за досегашната соработка со германската компанија ЈАКО. На почетокот на квалификацискиот циклус за Светското Првенство во Русија…

повеќе...

Започна реализацијата на проектот „Таеквондо за секого“

Македонската таеквондо федерација втора година по ред започна со реализација на проектот „Таекводно за секого“, за што доби поддршка од страна на Агенцијата за млади и спорт во висина од 40.000 денари. Целта на проектот е децата од основните училишта да се запознаат со овој олимписки спорт, кој во нашата земја има долга традиција, а во последниве неколку години бележи и одлични резултати на меѓународната спортска сцена. Најсвежи се одличните настапи на нашата репрезентација на неодамна завршеното Балканско првенство, каде освоивме вкупно 13 медали, од кои и првиот златен медал…

повеќе...

Селекторот Ангеловски го соопшти списокот на повикани фудбалери за Израел и Италија

Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за натпреварите против Израел и Италија од квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 во Русија. За дуелите кои ќе се одиграат на 6 и 9 октомври на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, селекторот Игор Ангеловски ги повика следните фудбалери: По објавувањето на списокот со повикани фудбалери за натпреварите со Израел и Италија, селекторот даде свое видување за очекувањата од натпреварите. Предводникот на нашата најдобра селекција на прес-конференцијата истакна дека силно верува…

повеќе...

Македонската таеквандо репрезентација на прием во Агенцијата за млади и спорт

Денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт беа претставници на македонската таеквондо репрезентација, кои на неодамна завршеното Балканско првенство во Дупница, Бугарија го направија еден од најголемите успеси на македонското таеквондо со освојувањето на вкупно 13 медали од Балканско првенство, од кои и првиот златен медал во сениорска конкуренција. Со овој настап и резултат повеќе од сигурно се подигна нивото на македонското таеквондо, затоа што е запишано на листата на земји кои освоиле Балкански сениорски медали. Марко Стевиќ стана балкански шампион во категоријата -87 килограми, додека Костадин Георгиевски…

повеќе...

Успешно заврши 31. Светско воено првенство во борење

„Вашите спортски постигнувања, вашиот спортски дух и демонстрирани високи вредности на воена чест и гордост, како и вашата посветеност и поддршка го направија ова првенство и импресивно и успешно“, заклучи денес министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски во своето обраќање на свеченото затворање на 31. Светско воено првенство во борење кое се одржа оваа недела во Скопје. Министерот Јолевски посочи дека спортските натпревари, но и меѓусебното дружење и пријателства се придонес кон подобар и побезбеден свет. „Чест ни беше да бидеме ваши домаќини. Се надевам дека гостопримството на…

повеќе...

Над 3000 Италијани доаѓаат во Скопје да ја бодрат својата репрезентација

По несреќниот пораз од Албанија, во Скадар, Фудбалската репрезентација на Македонија е пред нов голем предизвик. Во Скопје гостуваат Израел и Италија. Израел можеби не толку звучно име, но секогаш незгодна репрезентација за нас, додека Италија, популарните Азури, во најсилен состав и со императив за победа. Едни од најдобрите фудбалери во светот како Буфон, Верати, Имобиле, Грациано Пеле, Кјелини, Џакерини, Мота и останатите, кои настапуваат во најелитните европски клубови, и кои заедно во италијанската репрезентација претставуваат еден компактен тим кој пружи одлични игри да последното европско првенство, тим кој со…

повеќе...

Обука за напреден спортски менаџмент

Во организација на Македонскиот олимписки комитет, Општина Охрид и Националните спортски федерации, денеска се одржа обука за напреден спортски менаџмент. На обуката на која присуствуваа спортски работници од Охрид, беа опфатени областите за менаџмент и управување со човечки ресурси, управување со финансии, спортски маркетинг, вештини во менаџментот и носење одлуки, селекција на спортисти, конфликт на интереси и решавање на конфликти во спортот. „Ја користам оваа прилика да ве потсетам дека Охрид како град одсекогаш го нудел она што им е потребно на спортистите: убава атмосфера, чист воздух, здрава околина, прекрасни домаќини,…

повеќе...