31. Светско воено првенство во борење – Македонија го доби и првиот медал на ова големо натпреварување

Војниците се први на браникот на својата земја, тие се први во меѓународните мировни мисии, но тие се први и во градењето на како што велат, ’пријателства по оружје’ и ’пријателства по спортот’. Вашите трајни и силни пријателства се од голема важност за извршување на воени задачи за помирен и подобар свет“, истакна министерот за одбрана, Зоран Јолевски, на отворањето на 31. Светско воено првенство во борење кое се одржува од вчера до 24 септември во ВИП арената „Спортски центар Борис Трајковски“. Република Македонија има долга традиција во борењето и затоа…

повеќе...

Врвни тренери од странство ќе бидат дел од Спортската академија

Врвни спортски тренери од странство ќе бидат агажирани да работат и да пренесуваат знаење и искуство на учениците од Спортската академија, кои се определиле за некој од спортовите фудбал, ракомет, кошарка или тенис. Ова денес го истакна заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски при посетата на Спортската академија, при тоа додавајќи дека оваа мерка за поддршка и развој на македонскиот спорт ќе започне да се спроведува од следната година. „Станува збор за исклучителна мерка која треба многу да го подобри и да го поддржи квалитетот на спортот и…

повеќе...

Ангажман на врвни тренери од странство во спортските академии во Македонија – четврта мерка објавена денес од областа на спортот

Последната четврта мерка за денес е ангажман на врвни тренери од странство во спортските академии каде се градат младите и идни врвни спортисти. Планот е да се донесат докажани успешни тренери од странство во спортските академии, да помогнат во градењето на новите фудбалери, кошаркари, ракометари, тенисери, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање при промоцијата на нопви четири мерки од областа на спортот. „Планот е овие тренери да се со поголеми успеси како тренери во нивната тренерска кариера, подобри од било кој тренер во Македонија. И оваа мерка…

повеќе...

Ограничено ослободување од данок на добивка на компаниите кои ќе финасираат спортски клубови, спортисти, спортски федерации и МОК

Втората мерка која денес ја објавувам се однесува на финансирањето на клубовите и спортски федерации преку ограничено ослободување од данок на добивка на компаниите кои ќе финасираат спортски клубови и спортисти, како и спортски федерации и МОК, изјави денеска на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Со измена на закон ќе се овозможи и прецизира финасирање на спортски клуб, при што за делот на финасирањето средствата кај финансиерот би биле одбиени при плаќањето данок на добивка, а по утврдени правила. „Секоја компанија која дава вакво финасирање за кое ќе добие…

повеќе...

Минимален пораз на Македонија на гостувањето во Унгарија

Четврти пораз на македонската кошаркарска репрезентација во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година. На гостувањето во Солнок во поседното 6 коло од групата Г, нашата селекција претрпе минимален пораз од најдобрата репрезентација во групата Унгарија од 63-61 ( 18-25,14-12,14-9,17-15). Во натпревар во кој во нашиот тим недостасуваше натурализираниот Македонец Ромео Тревис, а во редовите на домаќините лидерите на тимот Ханга и Војвода, македонските кошаркари ја одиграа најдобрата четвртина во квалификациите. Црвено жолтите ја добија воведната четвртина со 25-18, но на полувината од првиот период избраниците на Раца водеа…

повеќе...

Македонија со ново „рекордно“ ниско место на најновата ФИФА рејтинг листа

Македонската фудбалска репрезентација по поразот од Албанија, забележа пад од -8 места и моментално се наоѓа на 146 место на најновата ФИФА рејтинг листа. Ова е нов „рекорд“ за нас, откако претходно оваа година (април и мај) нашата репрезентација беше на 141 место. На врвот од ФИФА рејтинг листа каде остана Аргентина и Белгија, додека пак на третото место се искачи Германија. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Боливија со скок од +35 места се искачи на 75 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Централноафриканската Република од -35 места и…

повеќе...

Македонија поразена од Британија и на домашен терен

Убедлив пораз на македонската кошаркарска репрезентација во 5 коло од групата Г во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година. На домашен терен во салата Јасмин во Кавадарци нашата најдобра репрезентација загуби од Велика Британија со 89-62 (21:14; 23:16; 23:23 и 22:9). По поразот од Британија црвено жолтите ги загубија и теоретските шанси за пласман на Европскиот шампионат во 2017 година. Тимот на Британија од почетокот до крајот на мечот беше подобрата екипа на дуелот во Кавадарци и ја имаше контролата на играта и резулатот во соте 40 минути.…

повеќе...

Македонија ја одбележува „Европската недела на спортот“

По повод одржувањето на „ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА СПОРТОТ“, Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт се вклучува во одбележувањето на овој голем настан. По тој повод ќе се одржат голем број спортски манифестации кои ќе ја одбележат „ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА СПОРТОТ“. На 15 септември (ЧЕТВРТОК) со почеток во 11:00 часот, на фудбалското игралиште на ФК Локомотива до СЦ Борис Трајковски ќе се одржат два фудбалски натпревари и тоа: женски фудбал – основни училишта и машки фудбал – средни училишта На 17 септември (САБОТА), со почеток во 17:30 часот на…

повеќе...

Од утре започнуваат тренинзите на Шотокан карате – до клуб Минта од Охрид

Шотокан карате – до клуб МИНТА од Охрид ги известува сите членови дека тренинзите ќе отпочнат утре – 13 септември и дека оваа сезона ќе се одржуваат во малата сала на СРЦ „Билјанини Извори“ . Идната 2017 година карате клубот МИНТА ќе одбележи 4 децении од формирањето. Во карате историјата на Охрид клубот со кој сиве овие години раководи инструкторот Боро Митрески, носител на VI DAN е запишан како прв клуб во Охрид кој на самиот почеток броел близу 500 членови, а Митрески е прв карате мајстор во градов. Под…

повеќе...

Во четврток јубилеен 30-ти Меѓународен Атлтески маратон во Охрид

По повод денот на независноста на Република Македонија на 8ми септември (четврток), Здружението Охридски Атлетски Маратон 2012 организира Јубилеен 30-ти Меѓународен Атлетски Маратон од Свети Наум до Охрид во должина од 30 км. „За жал мораме да напоменеме дека ова веројатно ќе биде и последниот од така долгата традиција, имено од 15.08. имаме доставено барање до Општина Охрид да се изјасни дали конкретно ќе застане зад оваа манифестација односно дали има потреба од ваква манифестација на денот на независноста на Република Македонија или не и до денес немаме одговор. Поради…

повеќе...