Одржано редовното Генерално собрание на ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија на денешното редовно Генерално собрание донесе одлука за измени на системот на натпреварување во националниот шампионат кои ќе стапат на сила од сезоната 2017/18. Првата лига, од сезона 2017/18 ќе биде со 10 екипи, како и актуелниот натпреварувачки систем, со таа разлика што сега ќе има четири циклуси и 36 првенствени натпревари за секоја екипа. Втората лига од сезоната 2017/18 ќе биде поделена во два региони (ИСТОК и ЗАПАД) со по 10 екипи и три циклуси (по 27 натпревари). Третата лига од сезоната 2017/18, место досегашните…

повеќе...

Доделени наградите на најдобрите на „Спортскиот ден“ во Велгошти

По повод роденденот на Тодор Александров, денес во спортската сала во Велгошти, која го носи неговото име, беа доделени награди на најдобрите во спортот, на спорсткиот турнир именуван како „Спортски ден“. Вклучени беа основните  училишта од Охрид и Дебрца. Учениците се натпреваруваа во повеќе дисциплини, шах, пинг – понг, футсал, баскет Најдобрите во футсал Првото место го освоија учениците од ОУ „Христо Узунов“, второто место ОУ „Св.Наум Охридски“ и третото место учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“. Најдобри во шах (машки и женски)  Првото место го освои Антонио Достиноски од ОУ „Живко Чинго“, второто…

повеќе...

Отворен „Спортски ден“ во Велгошти

Отворена Манифестацијата „Спортски ден“ во Велгошти. Традиционално, по повод 4ти март, роденденот на Тодор Александров, во салата која го носи неговото име во селото Велгошти, се одржува „Спортски ден“. Настанот има натпреварувачки карактер. На него учествуваат 300 ученици од сите основни училишта од општините Охрид и Дебрца. Учениците се натреваруваат во повеќе дисциплини, а за најдобрите ќе бидат доделени награди. Манифестацијата „Спортски ден“ за отворена ја прогласи директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски. „Со гордост истакнувам дека еве веќе трета година со ред како ОУ „Живко Чинго“ е организатор по повод…

повеќе...

Заеднички тренинг на РШ „Седмерец“ и Спортската академија при ОУТУ „Ванчо Питошески“

Тренерите од ракометната школа Седмерец- проф. Катерина Стојаноска и проф. Олгица Грозданова Зиврев на своите ученици во школата за ракомет повторно им приредија несекојдневен тренинг. Имено, нивниот последен тренинг, младата ракометна надеж го одработи во друштво на учениците -ракометари од Спортската Академија при ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид. На овој тренинг од страна на ракометарите од ракометната паралелка им беа демонстрирани вежби кои седмерчињата ги следеа со особен интерес и задоволство, а потоа истите ги одработуваа. „Ваквите изненадувања ќе продолжат во иднина. Ние секогаш се трудиме тренинзите на нашите ученици да им…

повеќе...

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и градоначалникот на општина Василево, Ванчо Стојанов во големата спортска сала во оваа општина свечено го отворија државното првенство во одбојка за основни училишта во рамките на училишните спортски игри, кое од денеска па се до сабота ќе се одвива во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и ООУ “Гоце Делчев”, како домаќин на првенството. Директорот Спасески во своето обраќање ги поздрави сите учесници и присутни во салата и се осврна на сите активности кои Агенцијата за млади и…

повеќе...

ОУ „Живко Чинго“ организира „Спортски ден“ по повод роденденот на Тодор Александров

По повод 4ти март, роденденот на Тодор Александров, традиционално во салата која го носи неговото име во селото Велгошти, утре ќе се одржи „Спортски ден“. Настанот ќе биде од натпреварувачки карактер. На него ќе учествуваат 300 ученици од сите основни училишта од општините Охрид и Дебрца. Учениците ќе се натреваруваат во повеќе дисциплини, а за најдобрите ќе бидат доделни  награди. Почетокот на натпреварите е закажан за 8:30 часот. Спортскиот ден е во организација на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, во соработка со Сојузот на училишен спорт и Локалната самоуправа. WebOhrid

повеќе...

Македонија закотвена на 138 место на ФИФА рејтинг листата

Македонската фудбалска репрезентација веќе трет месец по ред останува на 138 место на ФИФА рејтинг листата. Нема промени и на врвот од најновата ФИФА рејтинг листа, каде останува Белгија, пред Аргентина на второто место и Шпанија на трето место. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Ерменија, со скок од +7 места се најде на 116 место, додека пак најголем пад од -15 места има репрезентацијата на Сао Томе и Принсипе која се најде на 174 место. WebOhrid

повеќе...

Стратев: „Фудбалската академија ќе биде главен генератор на фудбалери за националните селекции“

Иднината останува на младите! Она што важи од памтивек е можеби најактуелно во периодов кога станува збор за Македонскиот фудбал. Неспорно е дека фудбалската топка е „играчка“ која ја поседува секое дете и голчињата се декорација во секое маало. Иако на моменти еуфорично блеснуваат и спортовите како ракометот или кошарката, сепак фудбалот е ултимативна детска љубови спорт број еден во светски рамки. За состојбата и условите кои ги нуди ФФМ, грижата за развој на младите таленти на кои ќе им се овозможи развој и напредок во кариерата воспоставени се девет…

повеќе...

Нови успеси на „Хваранг Фист“ на 11-от таеквондо турнир „Србија Опен“

Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид учествуваше на 11-от „Србија Опен“ таеквондо турнир, прв викенд за оваа година исполнет со борби и дружење во Бачка Топола, Р.Србија. Во друштво на 250 натпреварувачи од 27 клубови од 8 држави, во 5 категории, деца, кадети, јуниори и сениори, Хваранг Фист учествуваше со 8 натпреварувачи: 1. Јосифоски Филип – 3 место борби јуниори до 63 кг и 3-то место во форми (борба со замислен противник) 2. Симоноски Кирил – 2 место борби јуниори +75 кг 3. Стеваноски Валентин – 3 место форми пионери 4. Велјаноска…

повеќе...

Македонија домаќин на Европското првенство во Кендо

Главниот град на Македонија, Скопје, во периодот од 31 март до 3 април ќе биде домаќин на Европското првенство во Кендо. За текот на подготовките и бројот на учесниците денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт говореа директорот Марјан Спасески и претседателот на Кендо Иаидо федерацијата Златко Кескоски. „Добивањето на организација на ова Европско првенство не е случајност, туку е резултат на реализација на голем број проекти и активности од страна на Кендо федерацијата, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и сето тоа во насока…

повеќе...