Предавање на акредитиви од страна на новоименуваните амбасадори на Обединетите Арапски Емирати и на НР Бангладеш

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Обединетите Арапски Емирати и на Народна Република Бангладеш за Република Македонија. На средбата со новоименуваниот амбасадор на Обединетите Арапски Емирати за Република Македонија со седиште во Рим, Н.Е. Сагер Насер Алраиси, претседателот Иванов изрази уверување дека во периодот што следува ќе се изнајдат нови форми за содржинско збогатување на билатералната соработка во повеќе области од заеднички интерес. Претседателот Иванов изрази задоволство од досегашните договори за соработка кои претставуваат подлога за интензивирање на економската соработка…

повеќе...

Царинската управа оствари работни средби со бизнис заедницата

Во насока на продлабочување на соработката со бизнис заедницата, Царинската управа на Република Македонија организираше работни состаноци во сите подрачни царинарници: Битола, Скопје, Куманово, Штип и Гевгелија, како и на централно ниво во просториите на Царинската управа во Скопје. На состаноците присуствуваа околу 100 претставници на компании и тоа: компании од областа на текстилното производство, т.н. „лон“ производство, производители и увозници на акцизни добра, транспортни и шпедитерски компании, претставници на компании – странски инвеститори, како и претставници на странски компании кои имаат намера да започнат со работа во Република Македонија.…

повеќе...

Годинешните „Струшки книжевни средби“ во знакот на 155-годишнината од Зборникот на Миладиновци

Деновиве во Струга, Охрид и во Вевчани се одржува манифестацијата „Струшки книжевни средби – 2016“. Програмата почнува на Вевчански извори, каде ќе се одржи Меѓународно поетскo матине, а свои песни ќе читаат поети од Македонија, Албанија, Бугарија, БИХ, Полска, Романија, Словенија, Србија, Хрватска… Хрватското книжевно друштво од Риека ќе се претстави со стихови на поетите: Хрвојка Миловановиќ-Салопек, Валерио Орлиќ, Срѓан Духовиќ, Жаклина Глибо, Никола Шимиќ-Тонин, Анте Грегов, Љубица Рибиќ и Мирјана Мајиќ. Во Црквата „Св. Никола“ ќе се одржи Портрет на Олга Лалиќ-Кровицка (Полска) – лауреат на наградата „Книжевна далга“ за…

повеќе...

Претседателот Иванов ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Р.Еквадор и И.Р. Пакистан

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Еквадор и Исламска Република Пакистан. На средбата со новоименуваниот амбасадор на Република Еквадор за Република Македонија со седиште во Рим, Н.Е.  Хуан Холгун Флорес, македонскиот претседател истакна дека и покрај географската оддалеченост, постои заедничка желба и потенцијал за сеопфатно развивање на меѓусебните односи и изрази уверување дека во блиска иднина ќе се интензивира билатералниот политички дијалог и меѓусебната соработка, особено во доменот на економијата, културата и туризмот. Новоименуваниот амбасадор на Република Еквадор за…

повеќе...

Директорите на ФЗО во посета на Бугарија за размена на искуства и унапредување на соработката помеѓу фондовите на Македонија и Бугарија

Денес во еднодневна работна посета на Република Бугарија се д-р Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, директори на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Тие остварија официјална средба со гувернерот на Фондот за здравствено осигурување на Бугарија (НЗОК), д-р. Глинка Комитов, на која беше разговарано за продлабочување и унапредување на соработката помеѓу двата фонда, но и за зголемување на соработката помеѓу институциите во делот на електронски услуги. Директорите ја искористија можноста да ги поканат Бугарските колеги на посета во Република Македонија и ФЗОМ. Директорот на ФЗОМ, Орхан Рамадани информираше за степенот…

повеќе...

Министерката за култура Канческа-Милевска свечено го отвори 53-то издание на „Рацинови средби“

Пред платото на Спомен-костурницата од НОВ во Велес, синоќа започна чествувањето на годинешното 53-то издание на манифестацијата „Рацинови средби“. На свеченоста присуствуваа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ, пратеници во Собранието на Република Македонија, претставници на Македонската православна црква, членови на Советот на Општина Велес, писатели, уметници, граѓани и почитувачи на ликот и делото на великанот на македонската книжевна реч, Коста Солев Рацин. На отворањето на манифестацијата, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска подвлече дека со поезијата на Кочо Рацин, македонската литература ја доби неопходната поврзувачка нишка…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески утре на средба со жителите од УЗ „15ти Корпус“ и „Гоце Делчев“

Градоначалникот Бакрачески утре, (13.04.2016) со почеток во 15 часот ќе оствари средба со граѓаните од урбаните заедници „15ти Корпус“ и „Гоце Делчев“. Покрај градоначалникот на средбата ќе присуствуваат секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, раководителите како и директорите на Јавните претпријатија кои директно ќе се запознаат со потребите на жителите од овие урбани заедници.

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на средби со жителите од УЗ „7ми Ноември“ и „Даме Груев“

Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески продолжува со веќе добро воспоставената практика за остварување на средби со граѓаните од месните и урбаните заедници. Утре, (12.04.2016) со почеток во 15:00 часот ќе оствари средба со граѓаните од урбаните заедници „7ми Ноември“ и „Даме Груев“. Покрај градоначалникот на средбата ќе присуствуваат секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, раководителите како и директорите на Јавните претпријатија кои директно ќе се запознаат со потребите на жителите од овие урбани заедници.

повеќе...

Претседателот Иванов учествува на работен состанок посветен на мигрантската криза во Брисел

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес ќе престојува во работна посета на Брисел, каде на покана на претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, ќе учествува на работен состанок посветен на мигрантската криза, со кој ќе копретседава претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер. На состанокот, покрај претседателот Иванов, ќе присуствуваат и претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ, претседателот на Владата на Република Хрватска, Тихомир Орешковиќ и претседателот на Владата на Република Словенија, Миро Церар.

повеќе...

Пендаровски во охридско: Заедничка обврска е да го поразиме криминалот

Денеска, носителот на столбот Партнерства за демократска Македонија, Стево Пендаровски, заедно со членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Пеце Мирчевски и Ѓоко Танасоски, беа помеѓу граѓаните на Охрид. „Лошата економска ситуација во државата силно се чусвтвува и во Охрид. Изминатите години на економско назадување и стагнација го направија Охрид празен град. Навечер нема никој ниту во чаршијата ниту по улиците. Младите масовно се иселуваат од македонскиот бисер. Криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ целосно го запустеа Охрид. Граѓаните мака мачат и со проблемите во здравството, образованието, социјалата. Граѓаните од околните населени…

повеќе...