Денес околу 17:30 часот на патот Охрид-Гостивар, на превојот „Стража“, од засега непознати причини се запалил автобус со српски национални ознаки, управуван од З.Д. (44) од Р.Србија. Екипа на Територијалната противпожарна единица-Кичево го изгаснала пожарот. Од пожарот автобусот целосно е изгорен, додека повредени патници нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Кичево. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот. WebOhrid/Фото: Гоце Тренески
повеќе...Tag: стража
Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража
Намалена видливост поради магла има на планинскиот премин Плетвар со видливост од 70 до 100 метри, патниот правец крак Маврово – Маврови Анови со видливост од 10 до 15 метри и патниот правец Тетово – Попова Шапка со видливост од 20 до 30 метр, информираат од АМСМ. Сообраќајот на патиштата во западниот дел од Македонија се одвива по влажни коловози, а во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража, но не се задржува на коловозот.
повеќе...Забрана за движење на тешки товарни возила на Стража и Пресека
Поради врнежи од снег забрана за движење на тешки товарни возила има на планинските премини Стража и Пресека, додека на патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за тешки товарни возила и автобуси. Од 17:00 часот патниот правец Р1202 од Мавровска крстосница Маврови Анови – Дебар и обратно, поради врнежи од снег сообраќајот е оспособен за патнички моторни возила, но во отежнати услови, додека забраната за движење на тешки товарни возила сеуште важи. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
повеќе...АМСМ: Магла со видливост до 100м има на планински превој Стража
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по наместа влажни коловози. Слаб снег паѓа на планинските превои Буково, Ѓавато како и во Ресен и Битола. Магла со видливост до 100м има на планински превој Стража. Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња. Штетата на мостот на патниот правец Радовиш –Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента. Сообраќајот на патниот…
повеќе...Министерот Јанакиески на терен увиде за проодноста на патниот правец од превојот Пресека спрема Охрид
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, денеска изврши увид на терен за проодноста на патниот правец од превојот Стража кон Кичево, превојот Пресека спрема Охрид. Направениот увид е со цел да се увери во проодноста на овој магистрален пат, како и да ја утврди подготвеноста и мобилноста на надлежните служби, согласно временските услови и најавите од УХМР. Министерoт Јанакески, придружуван од претставници од Македонија пат, направија обиколка при што констатираа дека патот е во добра состојба за моменталните временски услови и истиот е прооден. Изминативе неколку дена овој патен…
повеќе...Врнежи од снег на Попова Шапка, Маврово, Стража и Крушево
Сообраќајот на останатите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. Снежни врнежи има на Кула, Плетвар, Буково, Пресека како и во Маврово, Крушево, Кичево, Тетово, Крива Паланка, Попова Шапки и Павлешенци, но без проблеми во одвивањето на сообраќајот.
повеќе...