Студентска крводарителска акција во ФТУ

Во рамки на одбележување на Неделата на Црвениот крст под мотото „НАСЕКАДЕ ЗА СЕКОГО“, Црвен крст Охрид денес, од 10-14 ч. на Факултетот за туризам и угостителство ќе организира студентска крводарителска акција. Се покануваат студентите на двата факултети во Охрид, но и секој кој сака да ја искаже својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност да бидат активни учесници на оваа крводарителска акција. „Особено ги охрабруваме и апелираме до оние кои имаат крвна група АБ негатив, да даруваат крв на оваа акција, која ќе се употреби за операција на наш сограѓанин.“ –…

повеќе...

Прв студентски филмски фестивал во Охрид

Во периодот од 9ти до 12 март во најголемиот туристички центар во земјата – градот Охрид, се одржа првиот интернационален студентски филмски фестивал “Филмоција“. Фестивалот го организираше Институтот за филм – Филмска академија во Охрид, а со цел поврзување и размена на искуства помеѓу младите од регионот кои студираат во областа на филмот и продукцијата, како и промоција на студиските програми и образовни можности, со цел привлекување на заинтересирани кандидати за надградба на своето знаење, преку продолжување на постипломските студии на оваа високо образовна установа. Четиридневната програма понуди бројни проекции…

повеќе...

„Златна петорка“ – филмот за ликвидираните струмички студенти во петок премиерно во Охрид

Македонскиот игран филм „Златна петорка“ по домашната премиера во Скопје и светската во Лондон, во петок ќе ја има и својата премиера пред охридските гледачи. Охриѓани филмот ќе може да го погледнат во Центарот за култура „Григор Прличев“, на 21ви октомври (петок), со почеток од 20 часот. Кино проекции ќе има и овој викенд, 22ви и 23 октомври (сабота и недела)  Сценариото за овој македонски филм е работено по прозни и драмски мотиви на Братислав Ташковски, а него го потпишуваат Елеонора Венинова и косценаристите Билјана Гарванлиева и Горан Тренчовски. Продуцент е…

повеќе...

Дипломи за втората генерација магистри од подружницата на Универзитетот „Франклин“ во Македонија

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски присуствуваше на свеченото доделување дипломи на втората генерација магистри на Франклин Универзитетот од Охајо, кој соработува со универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола. Ристовски посочи дека како резултат на меѓународната соработка, вложениот труд и пренесеното знаење од врвни професори и експерти, новите кадри се високо конкурентни на домашниот и глобалниот пазар. „Изминативе две години, под водство на врвни професори сте истражувале, сте се надградувале, сте учеле и бидете сигурни дека на долг рок оваа инвестиција ќе ви се исплати“, истакна Ристовски пред…

повеќе...

Ќе се набавуваат по 50 машини за перење и сушење за студентските домови

Педесет професионални машини за перење и исто толку машини за сушење со капацитет до 10 килограми, ќе се набават за потребите на студентите сместени во студентските домови во земјата. Машините ќе работат на систем на жетони. Машините за перење и за сушење се едно ветување што го дадовме во минатото. Информиран сум од страна на Министерството за образование и наука дека нивни тимови ги посетиле сите десет студенски домови во земјата за да направат проценка каде и колку треба да се набават вакви машини. После таа проценка се направени одредени…

повеќе...

Ристовски: Заврши комплетната замена на лифтовите во студентските домови

Заврши комплетната замена на старите лифтови со нови во студентските домови во Скопје за што Министерството за образование инвестираше 15 милиони денари. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска изјави дека веќе е направен технички прием на лифтовите со што тие се ставени во употреба. „Ова е исклучително значајно затоа што на овој начин ќе се подобри целокупната фреквенција и функционалност во студентските домови, а тоа пред се е во интерес на студентите“, истакна Ристовски. Во однос на сместувањето на студентите во студентските домови, Ристовски очекува целосно да бидат…

повеќе...

Се инсталираат нови лифтови во студентските домови

Со инвестиција во вредност од 15 милиони денари се врши промена на постоечките лифтови во државните студентски домови. Предвидена е промена на вкупно осум лифтови, од кои два се во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, каде што денес увид во активностите изврши заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски. „Ова ќе биде исклучително значајно за сите студенти зошто во минатото се соочувавме со проблеми околу функционалноста на лифтовите кои главно беа дотраени. Токму заради тоа како Влада и Министерство донесовме одлука да извршиме комплетна замена на лифтовите…

повеќе...

Ќе се вработат најдобрите 100 студенти од државните универзитети

Вработување на 100-те најдобри студенти на додипломски студии, вети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во месец февруари најавувајќи пакет мерки за младите лица. За два месеци излеговме со 14 значајни ветувања за младите, тие се нашиот фокус и еден од нашите најзначајни приоритети. Секоја инвестиција во младите луѓе е инвестиција во својата иднина и во обезбедување на капитал кој е трајна вредност која се исплати неколкукратно. Сите мерки и проекти стануваат реалност. Со нас знаете дека сте на сигурно и дека ветеното ќе го реализираме. Одмереноста е одлика на сериозноста…

повеќе...

Студенти тутори ќе држат часови на ученици од основните и средните училишта

Министерството за образование и наука интензивно работи на подготовките за имплементација и реализација на нов проект наречен Интерактивен портал за тутори, кој ќе почне да се спроведува од септемрви. Проектот го презентираше заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој потенцираше дека Интерактивен портал за тутори е дел од владината програма за работа до 2018 година, и дека неговата цел е исклучително благородна и ќе обезбеди повеќедимензионален ефект. „Имено, Интерактивниот портал за тутори е системска платформа која предвидува студенти волонтери на доброволна основа да се пријавуваат и да обезбедуваат…

повеќе...

Стипендии за студирање на најдобрите 100 светски универзитети

Шеста година по ред Министерството за образование и наука доделува стипендии за сите студенти коишто ќе се запишат на прв, втор или трет циклус на студии на еден од најдобрите 100 универзитети во светот според рангирањето на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот Џио Тонг универзитет, во областа на техничките науки, архитектура, градежништвото, математиката, економијата и финансиите, физиката, биологијата, хемијата, генетиката, правните науки и меѓународното право. На денешната прес конференција заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски информираше дека конкурсот за годинава е веќе во тек и…

повеќе...