Одржана 15-та Матурска парада на плоштадот во Охрид

Oколу 450 матуранти од четирите охридски средни училишта ОСУ „Св.Климент Охридски“, СОСУ „Св.Кирил и Методиј“, ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ и ОУТУ „Ванчо Питошески“, беа дел од манифестацијата Матурска парада 2016. Охридските матуранти по 15-пат на плоштадот „Св.Климент Охридски“ заиграа квадрил на музика од Штраус. Настапот на матурантите го проследи и градоначалникот Никола Бакрачески кој во своето обраќање до нив упати порака во иднина да бидат успешни, но потсети и дека треба секогаш да останат чесни луѓе. „Завесата на животот е високо подигната и пред вас се отвора нов прозорец на можности.…

повеќе...

Во Охрид се одржува првиот меѓународен салса фестивал „Хола Охрид“

Во организација на танцовиот клуб „Сонриса“, деновиве во Охрид се одржува првиот меѓународен салса фестивал во Македонија, наречен „Хола Охрид“, каде своето знаење  го пренесуваат инструктори од Куба и соседните Балкански земји. Во рамките на фестивалот се одржуваат работилници и танцови забави, водени од вкупно тринаесет артисти кои доаѓаат надвор од нашите граници – десет инструктори и тројца познати латино Ди Џеи. Се одржуваат и едукативни работилници од танцов карактер, се изучуваат техниките и тајните на сите кубански танци, како Салса, Румба, Оришас, Регетон, Руеда де Казино и многу други. Организаторите очекуваат…

повеќе...

Охрид домаќин на првиот меѓународен салса фестивал во Македонија „Хола Охрид“

Годинава Охрид ќе биде домаќин на првиот меѓународен салса фестивал во Македонија, наречен „Хола Охрид“. Настанот ќе се одржи во организација на танцовиот клуб „Сонриса“, во периодот од 21-ви до 23-ти август, во Конгресниот Центар, каде своето знаење ќе го пренесат инструктори од Куба и соседните Балкански земји. Во рамките на фестивалот ќе се одржат работилници и танцови забави, водени од вкупно тринаесет артисти кои доаѓаат надвор од нашите граници – десет инструктори и тројца познати латино Ди Џеи. Артистите доаѓаат од далечната Куба, како и од Србија, Црна Гора, Грција,…

повеќе...

Во недела „Танц со sвездички“

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, во недела (7-ми јуни), Балетското студио Визави ќе одржи „Танц со sвездички“. Гости ќе бидат од Детската градинка „Јасна Ристеска, КУД „Ѓердан“ и Рибарче“. Почетокот е закажан во 13:00 часот, а влезот чини 50 денари.

повеќе...

Со кинеска танцова атракција, во Велес затворен „Танц-фест 2015“

„Драгон кунг фу“ е современа танцова компанија основана во 2006 година од кунг фу ѕвездата Џеки Чен, а на сцената на новиот театар во Велес настапи со 11-члена екипа … „Со танцовата претстава „Kung Fu dance gateway“ на современата кинеска танцова компанија „Драгон кунг фу“ од Пекинг, Кина, изведена синоќа на големата сцена во новиот објект на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, заврши годинашното 11-то издание на „Танц-фест“. „Драгон кунг фу“ е современа танцова компанија основана во 2006 година од кунг фу ѕвездата Џеки Чен, а на сцената…

повеќе...

Утре ќе се одбележи Меѓународниот ден на танцот

По повод меѓународниот ден на танцот – 29 април, студиото за танц „ Соната“ од Охрид, во соработка со општина Охрид, утре со почеток во 12:12 часот организира флешмоб на градските плоштади во Охрид и Струга, како и во училиштето „ Јахја Кемал“. На флешмобот ќе учествуваат околу 850 ученици од основните училишта од Охрид и Струга, синхронизираноста на настапот ќе се овозможи преку емитување на најслушаната локална радио станица во Македонија , охридското Супер Радио.

повеќе...

Со креативност и младински активизам против говорот на омраза

Во рамки на проектот „Со креативност и младински активизам против говорот на омраза“, во недела (15-ти февруари) со почеток во 13 часот на плоштадот Св. Климент –Охридски ќе се одржи танцувачка точка на која ќе настапат 30 ученици од охридската гимназија . Младите преку танцот ќесе обидат да испратат позитивна порака против говорот на омраза и да допринесат во подигнување на јавната свест за говорот на омраза. Организатор на случувањето е Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и истото е подржано од општина Охрид.

повеќе...

Охриѓани успешни на Меѓународниот танцов натпревар во Србија

Неделата во Врњачка Бања, Република Србија, се одржа меѓународен танцов натпревар, на кој учествуваа над 1600 натпреватувачи. Дел од ова најголемо балканско танцово натпреварување беа и членовите на Студиото за танц „СОНАТА” од Охрид. Натпреварувањата започнаа во 9 часот на утро, а завршија во 3:30 после полноќ. И покрај големата и силна конкуренција охриѓани танцуваа во финалињата во сите пријавени категории и застанаа на педесталот со освоени медали за секоја од нив. Климентина Гилевска во категоријата класичен балет соло јуниор жени го освои златото, а Сара Сталевска во истата категорија…

повеќе...

Младите од Црвен крст Охрид утре ќе танцуваат на плоштадот Св.Климент Охридски

Во рамките на Националната програма на Црвен крст на Р.Македонија, Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која веќе 17 години се спроведува во Македонија, младите учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество, и при тоа се поттикнати да бидат активни и да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата. Секоја година покрај обуката за дисеминација 1200 младинци од цела Македонија на возраст од 14 до 18 години добиваат и обука како да изработуваат мали проекти за добробит…

повеќе...