Министерството за образование и наука објавува листа на основни училишта и листа на средни училишта кои добија средства за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата во училиштата во Република Македонија, одобрени согласно со законите за основно и средно образование. Планираните активности во апликацијата, училиштата можат да започнат да ги реализираат исклучиво откако ќе добијат решение за одобрените средства од страна на Министерството за образование и наука.
повеќе...Tag: училишта
Во Македонија има 1.205 основни и средни училишта
Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи во рамките на Пописот на училишниот простор на основните и средните училишта во Република Македонија, во 2016 година, бројот на основните и средните училишта изнесува 1 205. Од вкупниот број училишта, 89.5% се за основно образование, а 10.5% се за средно образование. Од овие училишта, најголем процент се редовни училишта (93.2% од основните училишта и 95.3% од средните училишта). Својата образовна дејност училиштата ја извршуваат во 1 342 училишни згради. Според годината на изградба/последна реконструкција, адаптација или санација,…
повеќе...Мрежен настан во Охрид организиран од фондацијата „Чекор по чекор“ -УСАИД
Компонентата Заедници за учење во рамките на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ спроведуван од Фондацијата Чекор по Чекор – Македонија, утре во ОУ „Братство Единство“ Охрид организира мрежен настан, со почеток во 11:30 часот. На настанот ќе учествуваат 60 наставници- претставници од четири основни училишта од регионот, и тоа: ОУ „Братство Единство“ – Охрид, ООУ „Сташо Пинџур“ – Вевчани, ООУ „Мите Богоески“ – Ресен и ООУ „Славко Лумбарковски„ Новаци и претставува можност за одделенските наставници, стручните служби и раководствата од училиштата да разменат идеи за подобрување на почетната писменост…
повеќе...Охридските ученици го одбележаа Меѓународниот ден на волонтерството
Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“, со своите млади членови од основните училишта од Охрид го одбележа Меѓународниот ден на волонтерството. Околу двесте деца кои веруваат во солидарност, хуманизам, другарство, ентузијазам и акцијашки дух, присуствуваа денес на трибината која ќе се одржа во салата на ОУ „Христо Узунов“. „Тука имаме ученици од повеќе училишта, од „Кочо Рацин“, „Христо Узунов“ „Св.Климент Охридски“„Григор Прличев“. Децата се денес тука бидејќи го одбележуваме Светскиот ден на волонтерите. Во оваа чест денес сме собрани тука, а најголема заслуга имаат децата, учениците, бидејќи тие ни се главниот…
повеќе...Ќе се одбележи Меѓународниот ден на волонтерството
Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ – Охрид, со своите млади членови од основните училишта ќе го прослави работно Меѓународниот ден на волонтерството. Двесте деца кои веруваат во солидарност, хуманизам, другарство, ентузијазам и акцијашки дух, ќе присуствуваат на трибината која ќе се оддржи во салата на ОУ „Христо Узунов“ на 5ти декември (понеделник) во 13:00 часот.
повеќе...Ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ во посета на компанијата Rent A Car „Escape”
Учениците од IX одд. при ОУ „Св Климент Охридски” – Охрид, вчера согласно наставната програма на наставниот предмет Иновации, заедно со предметниот наставник Галина Малезаноска, ја посетија компанијата Rent A Car „Escape”, избирајќи ја како фирма чија дејност е нова и атрактивна, а воедно и барана во градот. Компанијата „Escape” е Служба за изнајмување превозни средства и веќе 9 години успешно се занимава со таа дејност во Охрид. Учениците имаа можност непосредно од сопствениците и вработените да се запознаат со почетоците и работата во текот на изминатите години. Исто така…
повеќе...Утре ќе се одржи акцијата „Ден на дрвото- засади ја својата иднина“
Во рамките на акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата идинина“, што ќе се одржи утре ( 30.11.2016 година), покрај граѓаните ќе бидат вклучени основните и средните училишта од Општина Охрид. Основните училишта ќе засадауваат дрва и ќе реализираат активности во рамки на своите училишта, додека средните училишта ќе вршат пошумување на локалитетот „Мауцкер“. Тргнувањето на автобусите за сите заинтересирани ќе биде во 09 и 11 часот од пред Општина Охрид, ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“, ОУТУ „Ванчо Питошески“ и гимназијата ОСУ „Св.Климент Охридски“ .
повеќе...Презентација на проектот за меѓуетничка интеграција во ОУ „Живко Чинго“
Во Основното училиште „ Живко Чинго“ во село Велгошти, денес се одржа отворен ден, во рамки на Деновите на меѓуетничка интеграција, што заеднички ги реализира Општина Охрид со основните, средните училишта и тимот на УСАИД за меѓуетничка интеграција. Основна цел на овој завршен ден беше презентацијата на сработените активности, во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието што ОУ „Живко Чинго“ с.Велгошти, ОУ „Кочо Рацин“, ОУ „Братство единство“, ОУ „Ванчо Николески“ с. Лескоец и средното училиште „Св.Климент Охридски“, ги реализираа со своите партнер училишта. На презентацијата, на поставените штандови…
повеќе...Историски час во чест на Цар Самуил
Со историски час на учениците од основните училишта, утре на 6ти октомври, со почеток во 12 часот во Самуиловата тврдина, ќе бидат одбележани 1002 години од смртта на Цар Самуил.
повеќе...Утре Отворен ден во ОУ „Братство – Единство“
Утре (вторник), основните училишта Братство Единство, Климент Охридски, Григор Прличев, Христо Узунов и Наум Охридски од Охрид, кои учествуваа во Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, организираат ОТВОРЕН ДЕН, работилничка презентација на проектните активности. Настанот ќе се одржи во централната училишна зграда на ОУ „Братство Единство“ со почеток во 11 часот. Настанот е дел од серија на Денови за меѓуетничка интеграција кои ќе се одржат во повеќе општини и ќе ги опфатат типични активности кои што се организирале во училиштата во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција…
повеќе...