Хорот и оркестарот при ОУ „Христо Узунов“ најдобри на Регионалните смотри

На регионалните хорски и оркестарски смотри кои викендов се одржаа во ОУ„Христо Узунов“, Хорот при ОУ „Христо Узунов“ убедливо пред сите го освои првото место со сите можни 100 поени, и со тоа се стекна со право на учество на Републичките хорски смотри во Кавадарци. Исто така и оркестарот при ОУ „Христо Узунов“ со 96 поени го освои првото место и се здоби со право на настап на Државниот натпревар кој ќе се одржи во Кавадарци на 8ми мај.  WebOhrid

повеќе...

ОУ „Братство Единство“ со најдобар солист и освоено прво место на хорот на Регионалните хорски смотри

На региoнaлните хoрски и oркестaрски смoтри мулти-етничкиoт хoр при OУ „Братство Единствo“ – Oхрид, под вoдствo нa наставникoт Бурим Хидри, oсвoи Првa нaгрaдa сo 96 бoдa и сo тoa се стекнa сo прaвo на учество на Републичките хoрски смoтри вo Кавадарци. Вo категорија зa нaјдoбaр глaс ученичкaтa Имaн Тoпчи oсвoи Првa нaгрaдa сo 97 бoдa и ќе учествувa нa држaвниoт нaтпревaр кoј зa првпaт ќе се oддржи гoдинaвa, истo тaкa вo Кaвaдaрци. Ученичкaтa Блaгицa Стoјкoскa oсвoи Првa нaгрaдa сo 92 бoдa, Лoрa Сoвкoскa Втoрa нaгрaдa сo 87 бoдa, ученичкaтa Фетие…

повеќе...

ОУ „Живко Чинго“ со најдобар солист и освоено второ место на хорот на Регионалните хорски смотри

Во ОУ „Христо Узунов“ денес се одржаа Регионалните хорски смотри. На манифестацијата учествуваа хорови од основните и средните училишта од Охрид, Струга и Кичево.  Ученичката Билјана Буџакоска од ОУ „Живко Чинго“ го освои првото место на Регионалниот натпревар во дисциплината најдобар солист и со тоа се стекна со право за учество на Државниот натпревар кој ќе се одржи во Кавадарци на 8ми мај. Хорот од Основното училиште „Живко Чинго“ на хорските смотри го освои високото второ место. Сето ова е водено под диригентската палка на менторот Оливера Петковска. „Упатувам големи честитки до сите ученици…

повеќе...

Божикни концерти на Филхармонијата и на хорот „Злата Мегленска“

Македонската филхармонија во Македонскиот народен театар изведе Божикен концерт, под диригентство на Саша Николовски ­Ѓумар. Оркестарот отсвири дел од најубавите композиции на руската класична музика ­ свитата „Оревокршачка“ од Чајковски, „Половецки танци“ од операта „Кнез Игор“ од Бородин, Интермецо од балетот „Рајмонда“ од Глазунов, „Валс ­ фантазија“ од Глинка и „Големата порта на Киев“ од „Слики од изложба“ од Мусоргски. Филхармонијата најави дека по концертот за Божик ќе ја продолжи концертната сезона со атрактивна програма. Божикен концерт „10 години Божик ­ слава“ синоќа традиционално одржа и Женскиот камерен хор „Св.…

повеќе...

Предновогодишен концерт на Хорот при Центарот за култура

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе се одржи предновогодишен концерт на Хорот при Центарот за култура под диригентство на Бурим Хидри.  Според зборовите на раководителот и диригент Бурим Хидри одбрана е интересна и популарна програма прифатлива за сите сладокусци во хорското пеење. Хорот ќе ги изведе следните композиции: – Donna nobis – trad. canon; – Ubi Caritas – O. Gjeilo; – Gaudeamus igitur – trad. arr. Burim Hidri; – BIljana platno beleshe – S. Mokranjac; – Shto mi e milo – S. Gajdov; – Silent night – Pentatonix;…

повеќе...

Женскиот младински хор при МКЦ со високи признанија во Романија, Мандолинскиот оркестар, пак, со настап во Австрија

Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар, под диригентската палка на Сашо Татарчевски, освои три високи награди на Петтиот меѓународен хорски натпревар „Ливиу Борлан“ кој од 3 до 6 септември се одржа во Баиа Маре, Романија. Во конкуренција на хорови од повеќе европски држави, Женскиот младински хор при МКЦ освои златна диплома од стручното жири, како и две специјални награди од фондацијата „Stephen`s tower“ и од романските мас-медиуми. На репертоарот беа изведени дела од романскиот композитор Ливиу Борлан, потоа од Џовани Анимуча, Рамиро Реал, како и дело од македонскиот композитор…

повеќе...

Започна охридскиот хорски фестивал

Синоќа во Охрид свечено беше отворено 8-то издание на охридскиот хорски фестивал, кој се одржува со поддршка на општина Охрид а во организација на охридскиот хор. Членовите од 22 хорови од 11 европски земји кои се дел од годинешното фестивалско издание ги поздрави заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Вас почитувани хористи од Словенија, Унгарија, Полска, Турција, Германија, Романија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Белорусија и Финска, вас пренесувачи на културата на вашите земји преку најстариот инструмент, човечкиот глас ве уверувам дека, охридскиот хорски фестивал е фестивал со традиција и респект“…

повеќе...

Утре започнува осмото издание на Охридскиот хорски фестивал 2015

По осми пат од утре 27-ми до 31-ви август во Охрид ќе се одржи Охридскиот хорски фестивал, на кој ќе учествуваат дваесет и два хора од 11 европски држави. Фестивалот има ревијален дел и натпреварувачки дел кој опфаќа неколку категории. Пријавените хорови ќе се претстават на натпреварувачките концерти, концертите на духовна музика, поп и фолк концертите. Жири комисијата ја сочинуваат реномирани лица од музичкиот свет и тоа: Магдалена Липска (Полска), Аљоша Новаковиќ (Босна и Херцеговина), Запро Запров (Македонија), Дора Халас (Унгарија) и Дарина Чакарова (Бугарија). Концертите од фестивалот ќе се одржуваат во Дијамантската…

повеќе...

Претседателот Иванов ги посети „Златните славејчиња“ во Охрид

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во детското одморалиште „Славејче” во Охрид, ги посети учесниците на детскиот музички фестивал „Златно славејче”. „Македонија е горда што го има „Златно славејче”. Вашата мисија е поттик за сегашните генерации, но и генерациите кои следат – да продолжат да ги негуваат вистинските вредности“, им порача претседателот Иванов на златните славејчиња. Тие низ песна се заблагодарија за континуираната поддршка од македонскиот претседател. Ветија дека неуморно и посветено ќе работат за да постигнат уште поголеми успеси и да ни донесат уште поголеми радости во иднина. Во 2010…

повеќе...

Хорот „Света Злата Мегленска“ ги исполни срцата на публиката во „Света Софија“

Концертот на хорот „Света Злата Мегленска“ кој се одржа синоќа во црквата „Света Софија“ под диригентство на Летка Димовска- Полизова имаа можност да го проследат во живо и сите љубители на музичката уметност преку веб-страната на „Охридско лето“, кои не беа во можност да присуствуваат во акустичната црква. Овој реномиран хор и понуди на публиката уште една прекрасна фестивалска вечер. Женскиот хор „Св.Злата Мегленска“ исполни повеќе композиции од македонски и странски автори. Овој хор­ски ан­самбл, кој по­стои 19 го­ди­ни, има по­ве­ќе од 670 на­ста­пи низ све­тот, а мно­гу од овие…

повеќе...