Одбележан Светскиот ден на дијабетот во ОУ „Христо Узунов“

Во ОУ „Христо Узунов“ со низа активности се одбележа 14-ти ноември, Светскиот ден на дијабетот. Учениците се запознаа со самата болест, причините за истата и начинот на лекување и превенција од дијабет. На учениците од 8 те одделенија им се обрати докторот специјалист интернист Лилјана Ангелеска, која со пригодно предавање и разговор со нив им објасни за дијабетот, видови дијабет, како се добива и кои се главните причинители за истото. Дијабетот како болест зема сè поголем замав како во светски рамки, така и во нашата држава. Причината која допринесува за сè…

повеќе...

Бесплатни термини за спортување во Спортската сала „Тодор Александров“ – Велгошти

Во согласност со барањата на Владата на Република Македонија за издавање бесплатни термини во спортските сали, Спортската сала „Тодор Александров“ при ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти ги нуди следните бесплатни термини за сите жители од Велгошти кои се заинтересирани за спорт и рекреација. Бесплатните термини се секој четврток и секоја сабота од 21 часот до 22 часот. „Ги покануваме сите жители од Велгошти да се дружат, да спортуваат и да се рекреираат во Спортската сала „Тодор Александров“. “ – велат од училиштето.  WebOhrid

повеќе...

Активности во ОУ „Св.Климент Охридски“

Во ОУ „Св.Климент Охридски“ започна промена/поставување на ламинатен под на северните училници од предметна настава. „Поставувањето се одвива според планирањето и акциските планови прикажани во годишната програма за работа на училиштето.“– информираат од училиштето.

повеќе...

Партнерството помеѓу ОУ „Живко Чинго“ и ОУ „Фаик Коница“ – пример за меѓуетничка интеграција во образованието

Во Основното училиште „Живко Чинго“ во с.Велгошти денеска се одржаа неколку заеднички работилници во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, кој се реализираа со партнерското основно училиште „Фаик Коница“ од селото Доброште од општина Теарце. На активностите, покрај директорот на училиштето Ѓоко Чингоски, учениците, родителите, претставниците на УСАИД, секторите за образование, бирото за развој на образованието и просветниот инспекторат, присуствуваа заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев и градоначалникот на општина Теарце, Исен Асани. „Ова е проект за меѓуетничка интеграција, чест ни направија градоначалникот на општина…

повеќе...

ОУТУ „Ванчо Питошески“ го одбележа патрониот празник

По повод патрониот празник на Училиштето – 18 октомври, учениците и наставниците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, го одбележаа со низа пригодни активности: – положување свежо цвеќе на патронот, – свечен коктел во духот на традиционалната македонска кујна подготвен и послужен од страна на наставниците и учениците, – презентирање на наградените трудови од одржаните натпревари. Во рамките на одбележувањето на патрониот празник беа организирани спортски игри, турнири во мал фудбал, ракомет и кошарка. Програмата беше збогатена и со неколку музички точки.

повеќе...

Јавна показна вежба на евакуација на учениците и вработените во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец

Во рамките на своите активности за подготвеност и дејствување при несреќи, а со цел подигнување на нивото на координираност и заедничко делување во случај на несреќи, Црвен крст Охрид во соработка со Центарот за управување со кризи, СВР Охрид, Службата за итна медицинска помош, Територијалната протпивпожарна бригада и Општина Охрид ќе реализира јавна показна вежба на евакуација на учениците и вработените во ОУ „Ванчо Николески“ во с. Лескоец, Охрид при случена несреќа според соодветно сценарио. Вежбата, воедно ќе биде и можност за проверка на подготвеноста и капацитетите на ОУ „Ванчо…

повеќе...

Ученици од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ го посетија Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје

Викендов, Младинската организација при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ – Охрид, организираше посета на Музејот на македонската борба за државност и самостојност, музеј на ВМРО и музеј на жртвите од комунистичкиот режим. Училишната екскурзија имаше за цел усвојување и проширување на знаењата на учениците, развивање позитивен однос кон националните, уметничките, научните и културните вредности во Република Македонија, развивање чувство за патриотизам, толеранција и соживот, како и поттикнување и манифестирање на позитивни емоции, другарување и подршка, солидарност и подобро взаемно запознавање.

повеќе...

Ново електронско помагало за наставниците и учениците

Министерството за образование и наука денеска промовираше електронско помагало, односно агрегатор на видео содржини www.eduvideos.mon.gov.mk, преку кој се презентираат наставни содржини, пренесе МИА. Наставниците и учениците од основните и средните училишта, но и родителите, како што појасни заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, може да споделуваат едукативни видео содржини поврзани со темите од наставните програми што се изучуваат. „Овој систем обезбедува контролирано објавување и класифицирање на видео содржини. Секое доставено видео, кое може, но и не мора да биде сопствено, односно во авторска продукција на оној кој сака…

повеќе...

Свечено одбележан првиот училишен ден во ОУ „Живко Чинго“ Велгошти

Со  свечена програма во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти се одбележа стартот на новата учебна 2015/2016  година. Учебната година со возбуда ја дочека 31 првоодделенче. Среќно првачиња! WebOhrid

повеќе...

Зголемен бројот на првачиња во Охрид

Од денес за основците и средношколците почнува новата учебна 2015/2016 година. Во Македонија, во училишните клупи првпат ќе седнат околу 20.000 првачиња. Во однос на минатата година во Охрид зголемен е бројот на првачиња. Според информациите до кои дојде WebOhrid, во ОУ „Григор Прличев“, денес во училишните клупи ќе седнат 105 првачиња, а во подрачното училиште Рача 6 првачиња. Во ОУ „Христо Узунов“ Охрид во училишните клупи ќе седнат 150 првачиња, што е за околу 26 повеќе првачиња од минатата година. Во ОУ „Св.Климент Охридски“ Охрид бројката изнесува 36 првачиња. Во централната зграда…

повеќе...