Дополнителниот заменик –министер за земјоделство, шумарство и водостопанство (во оставка), Љупчо Николовски, денес во изјава за медиумите истакна: „Во интерес на граѓаните на Република Македонија продолжуваме со објавување на вистината поврзана со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и нефункционирањето на институциите на системот. Денеска отвараме нов скандал поврзан со безбедноста на храната од увоз. Денеска ќе ви презентираме документи коишто, за жал, ги потврдија нашите сомневања за тоа каква храна од увоз консумираат нашите граѓани. Минатата недела, на барање на потрошувачите и домашните раноградинари до Државната фитосанитарна лабораторија доставивме примерок…
повеќе...Tag: агенција
Засилени контроли на увозот на овошје и зеленчук
Со отпочнување на новата производствена сезона на овошје и зеленчук се зголемува и увозот на овие земјоделски производи во земјава. Поради зголемена фреквенција на пратки од регионот, Агенцијата за храна и ветеринарство ги засили инспекциските контроли на граничните премини. Со цел да се спречи увоз на небезбедни производи на домашниот пазар и да го заштити здравјето на потрошувачите во Република Македонија, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во изминатиов период забранија увоз на неколку пратки со овошје и зеленчук кај кои со лабораториско испитување беше констатирано зголемено присуство…
повеќе...Интернет-порталите пак куртулија од надзор за време на изборите
Првпат во независна Република Македонија од денот на распишување на изборите, според Изборниот законик, покрај радиодифузерите, јавниот радиодифузен сервис и трговските радиодифузни друштва, е воведена контрола и врз електронските медиуми (интернет-порталите). Оттогаш за сите медиуми почнуваат да важат правилата од Изборниот законик донесен во ноември 2015 година. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во јануари годинава ја усвои „Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси“, во која стои дека нема да вршат надзор врз изборното медиумско претставување на…
повеќе...Агенцијата за катастар на недвижности доби графички регистар на градежно земјиште
Со графичкиот регистар на градежно земјиште Македонија стана една од земјите каде што постапката за донесување на урбанистички планови се одвива целосно по електронски пат. Регистарот е изработен по тригодишна работа на експертски тим составен од претставници од надлежните институции и за него се инвестирани 250 илјади евра обезбедени од Буџетот на Агенцијата за катастар на недвижности. Од вчера, Регистарот е достапен за професионалните корисници како што се планерските куќи, Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за планирање на просторот, општините и геодетите, а од јуни годинава ќе биде достапен…
повеќе...Охриѓани утре ќе се запознаат со одредбите од новиот Правилник за информациите поврзани со храната
GS1 Mакедонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, почна со реализација на проект за едукација на операторите со храна од земјава за ефикасноста на GS1 Каталогот како бизнис алатка за промоција на македонските производи и основа за зголемување на нивната конкурентност. Во рамки на едукативните работилници операторите ќе се запознаат со важноста на Каталогот, особено со неговото усогласување со новиот Правилник за информациите поврзани со храната и ЕУ регулативата 1169/2011. По минатонеделната работилница која GS1 и Агенцијата за храна и ветеринарство ја одржаа во Тетово за операторите со…
повеќе...Вниманието на Русите насочено кон македонската туристичка понуда
На саемот за туризам во Москва, Руска Федерација (Mitt, 23-26 Март 2016 година) Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) и оваа година традиционално го промовира туристичкиот потенцијал на земјава. Со волонтерска поддршка од македонски студенти во Русија, штандот на Македонија привлече големо внимание со промоцијата на религиозниот, културниот, кулинарскиот и винскиот туризам, но атракција беа и послуженото вино, сирење и ајвар. За време на саемот, македонското вино побуди голем интерес со што се разменија контакти и линкови со експерти од различни области кои го посетија…
повеќе...Македонските вина презентирани на саемот „Провајн“ во Дизелдорф
Девет македонски винарии („Тиквеш“, „Сковин“, „Стоби“, „Далвина“, „Бовин“, „Камник“, „Езимит“, „Попов“ и „Сопот“) веќе трет ден се дел од најголемиот интернационален саем за вино „Провајн“, кој во периодот 13-16 март се одржува во германскиот град Дизелдорф. На македонскиот национален штанд на саемот, нашите винарии ги презентираат своите вина пред дистрибутери, увозници и други професионални купувачи на вино од целиот свет. „Провајн“ е водечки меѓународен саем за вино и алкохолни пијалоци во Европа и место на кое своите вина ги промовираат 50 вински земји во светот, а за неговата големина говори…
повеќе...Тинк Tенк на светскиот форум за туризам во Баку
Четврти пат по ред Светскиот туристички форум Луцерн Тинк Тенк 2016 (5-ти и 6-ти Март 2016 година), собра ексклузивна група од 30 влијателни личности од туристичката индустрија од целиот свет за да разговараат за двигателите на успехот за земјите во развој. За земја домаќин на форумот е избран Азербејџан, како пример за земја во развој која нуди совршени услови за одржување на плодни дискусии. За време на форумот се разговараше и за предизвиците пред кои се наоѓа светската туристичка индустрија, земајки ги предвид сите промени во светската економија, демографијата, прирастот…
повеќе...Македонија за прв пат се претставува пред туристите од Унгарија
За прв пат македонската култура, историја и природа од 3-ти до 6-ти Март 2016 година Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ги претставува пред унгарските туристи на саемот за туризам во Будимпешта, Унгарија. Саемот за туризам во Унгарија е помогнат од страна на кинеските туристички власти и се донесени голем број на кинески туроператори кои се заинтересирани за кружни тури на балканот. За време на саемот се оддржа и бизнис работилница на која Македонија оствари средби со неколку кинески туроператори како што се Leo Vacations, Oases Travel, Tour Nasdaq,Beijing…
повеќе...Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и градоначалникот на општина Василево, Ванчо Стојанов во големата спортска сала во оваа општина свечено го отворија државното првенство во одбојка за основни училишта во рамките на училишните спортски игри, кое од денеска па се до сабота ќе се одвива во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и ООУ “Гоце Делчев”, како домаќин на првенството. Директорот Спасески во своето обраќање ги поздрави сите учесници и присутни во салата и се осврна на сите активности кои Агенцијата за млади и…
повеќе...