Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија известува дека во месец март 2016 година ќе учествува на следните интернационални саемски манифестации: 1 ITB Германија Берлин 09 – 13 март 2 Mitt Русија Москва 23 – 26 март Според Упатството на АППТ на РМ за начинот и постапката за учество на интернационални саемски манифестации за туризам, право за учество имаат сите правни лица, здруженија, организации, државни институции, образовни институции кои работат во областа на туризмот и тоа на следниот начин: Член 4 Точка 1: За закуп на едно работно место…
повеќе...Tag: агенција
АХВ дел од хуманитарниот базар за миленици
Со презентација на основите за одговорно сопствеништво, голем број на едукативни материјали за децата и возрасните, Агенцијата за храна и ветеринарство викендов беше дел од хуманитарниот базар за помош на кампањата „Дом за секое милениче“ на здружението „Анима Мунди. Станува збор за настан кој го организираше хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ на кој беа одржани голем број забавни и едукативни работилници наменети за децата. Во рамки на оваа хуманитарна манифестација се одржаа и модна ревија за миленици, дресура, лотарија, и други настани кои имаа за цел анимирање на…
повеќе...Свечено отворен „Агрофуд 2015“
Во знакот на промоцијата на органската храна и потенцијалите кои ги има земјава за развој на овој во светски рамки исклучително важен дел од земјоделското производство, на годинашната саемска манифестација за широка потрошувачка „Агрофуд 2015“, во соработка со Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство како покровител на оваа саемска манифестација, во наредниве 4 дена ќе се претставува и Агенцијата за храна и ветеринарство. На оваа јубилејна саемска манифестација која се одржува по 65-ти пат, акцент е ставен на македонската традиционална зимница и на органските производи. На располагање се, потсети тој, финансиски…
повеќе...Агенцијата за храна и ветеринарство ќе се претстави на „Агрофуд 2015″
Од денес до недела, Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ќе биде дел од традиционалниот меѓународен саем за широка потрошувачка „Агрофуд 2015″. На оваа манифестација, во првата хала, компаниите од земјоделско – прехранбениот сектор и граѓаните, ќе можат да добијат информации од делокругот на работа на Агенцијата за храна и ветеринарство кои се однесуваат на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните, да дадат предлози за унапредување на соработката како и да постават прашања кои се од нивни интерес.…
повеќе...27-ми септември – Светски ден на туризмот
Секој пат кога патуваме, од било која причина, ние сме дел од глобалното движење, движење кое има моќ да донеси развој, прогрес, креира нови работни места и да издгради одржливи општества, движње кое ќе изгради заеднички разбирања и може да ни помогне да го заштитиме нашето културно и природно наследство. „И оваа година, на 27-ми Септември ние сакаме да зборуваме за туризам. Помогнете ни да се зголеми свесноста за значењето на туризмот во државата и ширум светот и да создадеме подобар свет за сите нас.“- велат од Агенцијата за промоција…
повеќе...Претставници на АНТОР и новинари од Норвешка на информативно патување во Македонија
Претставници на АНТОР (Асоцијација на тур оператрори и туристички работници од Норвешка) и новинари од Норвешка се на неколку дневно информатино патување во Македонија. Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и во соработка со економскиот промотор во Норвешка Марија Ковачевич, гостите ќе ги посетат атрактивните туристичките дестинации низ нашата земја, ќе се запознаат со културно-историските споменици, традиционалната македонска кујна, ќе го посетат винскиот регион и ќе се организира велосипедска тура низ Галичица, особено интерсна за Норвешките туристи како љубители на активностите во природа. Целокупното искуство од…
повеќе...Одржана прва јавна дискусија за Националната стратегија за млади 2016-2025
На 22 септември 2015 во Салата на советот на општина Велес се одржа првата јавна дискусија за Националната стратегија за млади 2016-2025 година. На настанот присуствуваа претставници на граѓанскиот сектор, локалниот младински совет на општина Велес и млади луѓе кои дискутираа за нацрт текстот на овој документ. Процесот на креирање на Националната стратегија за млади е воден од Агенцијата за млади и спорт во соработка со Програмата за развој на Обединети Нации (UNDP), а започна во февруари оваа година кога беше најавен процесот, неговата динамика, како и планираните активности. Во…
повеќе...Француски медиуми објавија видео за Македонија
Првото видео објавено во Француско Travel Trade emagazine ова утро за Македонија
повеќе...Груевски: Доделени 3.500 стипендии за Роми средношколци, годинава ќе се доделат уште 670
Владиниот проект за стипендирање на средношколци Роми има цел поддршка и мотивација на овие ученици и на нивните семејства. Досега околу 3.500 семејства ја искористиле оваа поволност, а во октовмри ќе биде распишан оглас за дополнително 670 стипендии, изјави премиерот Никола Груевски. „Стипендирањето на средношколците Роми со проектот за условен трансфер оди со одлична динамика. Тоа е проект што ние го воведовме откако претходо го ветивме на изборите и наиде на голем одглас. Имено, стипендии добиваат оние категории лица коишто имаат деца средношколци и се приматели на социјална помош, а…
повеќе...Продуцентска куќа од САД снима промотивен материјал за туристичката понуда на Македонија
Продуцентска екипа од САД, предводена од продуцентот и експерт за туризам Дејвид Хофман, престојува во Македонија каде собира материјал за изработка на видеа и репортажи наменети за промоција на Република Македонија како туристичка дестинација, пренесе МИА. Станува збор за активност што ја спроведува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со цел изработка на промотивни видеа за Македонија, односно куси документарни филмови што ќе ја претстават туристичката понуда на земјата во светот. Деновиве екипата од САД престојува во Охрид, каде собира материјал за еден од неколкуте документарци за Република Македонија,…
повеќе...