„Денови на македонскиот туризам” во Софија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во четврток навечер во Софија ќе организира „Денови на македонскиот туризам”, пред партнерите и пријатели од Бугарија, тур оператори и претставници на медиумите. Настанот се организира со цел афирмација на започнатата туристичка сезона, да им се претстави туристичкиот производ од Македонија и можност за зголемување на бројот на Бугарски туристи кои традиционално секоја година ја посетуваат нашата земја. Настанот ќе биде збогатен со дегустација на македонско вино, македонска музика и пригодна наградна игра , а најсреќните ќе имаат можност да бидат добитници на…

повеќе...

АХВ потпиша Меморандум за соработка со Царинската управа на РМ

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Поповски и директорот на Царинска управа на Република Македонија Наташа Радеска Крстевска денес потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот е поттик за интензивирање на взаемната соработка во делот на контрола на храната од животинско и неживотинско потекло и на производите кои доаѓаат во контакт со храната со крајна цел заштита на економските, трговските, фискалните и општествените интереси на Република Македонија. Со овој документ се дефинира соработката меѓу двете институции за спречување на влез на небезбедни пратки со храна или храна за животни, нуспроизводи…

повеќе...

Директорот на АМС Спасески во посета на Летниот училишен спортски камп во Охрид

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска ги посети учесниците на „Летниот училишен спортски камп – Охрид 2015 “. „Имавме прилика да се запознаеме со најдобрите ученици и да им посакаме успешна работа со стручните лица, тренери, кои практично се најпознати македонски спортски легенди, меѓу кои се Пепи Манасков, Марин Докузовски, Врбица Стефанов,Јошко Миленковски, Зоран Бошковски и многу други“, рече Спасески. Агенцијата за млади и спорт и Владата на Република Македонија, според него, во текот на изминатиот период инвестираше многу во развојот на училишниот спорт, но и во развојот на спортската…

повеќе...

АХВ со засилени вонредни контроли во туристичките центри, рестораните, кафеаните и малопродажбата

При извршена инспекциска контрола во супермаркетите, од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, најдени беа јајца со продолжен рок на траење. Нештетно се уништени околу 6 илјади јајца, на кои, спротивно на одредбите од Законот за безбедност на храната, им бил продолжен рокот на употреба, односно, за истите, место 28 дена, на амбалажата бил испечатен рок на употреба подолг од 30 дена. Станува збор за јајца на кои не им бил истечен рокот на употреба, кои најголемиот дел не биле пласирани на пазарот, односно истите со извршената контрола се…

повеќе...

Охрид домаќин на шестиот по ред Училишен спортски камп

Агенцијата за млади и спорт, Министерството за образование и наука и Федерацијата на училишен спорт на Македонија и годинава ќе го реализираат Училишниот спортски камп во Охрид. Околу 260 учесници, односно најдобрите спортисти во машка и женска конкуренција од основните и средните училишта во земјава ќе си ги одмерат силите во вкупно 11 спортови. Кампот ќе се реализира во две смени и тоа од 22 до 27 јуни и од 29 јуни до 4 јули. По тој повод денес во просториите на АМС се одржа прес- конференција на која свое…

повеќе...

Објавен огласот за спортските стипендии „Спортска надеж“

500 млади и талентирани спортисти и годинава ќе бидат наградени од Агенцијата за млади и спорт со стипендијата „Спортска надеж“. Агенцијата за млади и спорт, оваа спортска категорија ја доделува на спортисти кои остваруваат резултати на официјални државни и меѓународни натпревари за возрасни категории до 20 години, во олимписки и параолимписки спортови, државјани на Република Македонија. Категоријата спортист – спортска надеж се доделува на спортисти во индивидуални и колективни спортови врз основа на остварени спортски резултати и врз основа на подготвена Ранг-листа на најуспешни млади спортисти до 20 години од…

повеќе...

ОИЕ спроведе контрола на квалитетот на работењето на ветеринарните друштва во РМ

Tим на експерти од Меѓународната организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ, во петокот го одржаа завршниот состанок со првите луѓе на Агенцијата за храна и ветеринарство, во рамки на акцијата за оценка на квалитетот на работењето на ветеринарните служби во Република Македонија и нивната усогласеност со меѓународно прифатените стандарди на ОИЕ. Контролата, на барање на Агенцијата за храна и ветеринарство како контакт точка за нашата земја за ОИЕ, се спроведе од 2 до 13 овој месец. Како што беше истакнато на состанокот, контролата на квалитетот на работата на…

повеќе...

Македонија e идеална земја за мото-туризмот

Италијанскиот магазин „Motociclismo”, кој е еден од најстарите во светот, прослави 100 години постоење со патување низ Македонија. По овој повод денеска Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот организира средба со група од 12 моторџии меѓу кои и директорот на магазинот „Motociclismo”. Тие се во посета на Македонија, земја за која, како што велат, имa идеален амбиент за оваа турнеја и освен што е погодна за мото-туризам, има голема историја и туристичка идентитет. „Македонија нуди специјални тури, различни од вообичаените“, смета директорот на „Motociclismo“, уверен дека тие ќе бидат…

повеќе...

Интензивни градежни активности на спортските терени во струшко

Струшките села Нерези и Мороишта ќе добијат нови спортски терени до крајот на јули. Ова денеска го констатираше директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој изврши увид во градежните работи за изградба на повеќенаменско игралиште во селото Нерези и реконструкција и адаптација на фудбалското игралиште во селото Мороишта. „Динамиката на реализација на двата проекти се одвива согласно утврдените рокови во Програмата на Владата и очекуваме до крајот на јули овие два спортски капацитети да бидат ставени во функција. Струга и струшкиот регион се познати по спортскиот потенцијал,…

повеќе...

Најмладиот планинар на прием во Агенцијата за млади и спорт

Ване Бошев од Неготино има само седум години и е најмладиот планинар во Македонија . Тој денес во Агенцијата за млади и спорт се сретна со директорот Марјан Спасески, најавувајќи ги новите планински врвови кои треба да ги освои. Имено, Ване Бошев е член на спортскиот планинарски клуб од Неготино, дете кое на три години го освои Пелистер, на шест Солунска Глава, Сколио како и највисокиот врв на Балканот -Мусала . Неговата следна дестинација е Словенија и искачување на врвот Триглав (2864), како и Мармолада, Италија (3343), планирани за крајот…

повеќе...