Томи Стефановски на прием во Агенцијата за млади и спорт

Спортист на годината 2010, освојувачот на Светската серија во маратонско пливање за 2016 и еден од носителите на Националното спортско признание за врвни спортски остварувања, Томи Стефановски беше гостин во куќата на спортот. На 14 август 2009 година, Стефановски го совлада каналот Ла Манш, постигнувајќи време од 7 часа, 42 минути и 32 секунди, што претставува 11 време во историјата на препливувањето на каналот Ла Манш. На тој начин, тој стана третиот Македонец кој го препливал овој канал, по Нико Нестор во 1959 година и Атина Бојаџи во 1969 година.…

повеќе...

Агенцијата за туризам со низа активности за време на саемот за туризам во Лондон, Англија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија ја претстави туристичката понуда на Република Македонија на најголемиот саем за туризам во Лондон, Англија (World Travel Market – WTM London 2016) кој се оддржа во период од 7-ми до 9-ти Ноември 2016. На саемот ориентиран кон бизнис заедницата, својата понуда ја претставија 50.000 компани, организаи, институции, медиуми и инвестори каде АППТ оствари бројни на состаноци со британски туроператори како што се: Thomas Cook, Flight Center Business Travel, Darrel James Travel, Gem Travel, Reliance Tours, Your Holiday Booking, Euro…

повеќе...

Избран младинскиот претставник во Управниот Одбор во РИКО

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа повторено гласање за младинскиот претставник во Управниот Одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан, од страна на проширената работна група која беше формирана за избор на младинскиот претставник во највисокото тело на оваа канцеларија. На денешното гласање присуствуваа 45 од вкупниот број 66 членови на работната група, со што беше и остварен кворум за гласањето. Гласањето се одвиваше во 2 круга, а за младински кандидат беше избрана Бојана Наумоска. Регионалната канцеларија за младинска соработка е иницијатива…

повеќе...

Охрид е во топ 10 најдобри туристички дестинации за 2017 година

Охрид на петто место од 10 за најдобар град за патување во светот за 2017 година, прогласен од најсилниот бренд во туризмот со масивна публика низ целиот свет – Lonely Planet. Како што соопштија од Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија Охрид е дел од публикацијата Best in Travel 2017, принтана едиција, која претставува основа за љубителите на патувањето повеќе од 40 години. „Респектираниот водич, кој е најсилен бренд во оваа индустрија, се издава еднаш годишно, потенцирајќи ги дестинациите кои ќе бидат „најжешки” во годината што…

повеќе...

Во четврток отворен ден на АХВ во Охрид

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, во четврток во Охрид (Подрачна единица на Агенцијата за храна и ветеринарство – Општина Охрид ), ќе одржи Отворен ден за компаниите и граѓаните од Охридско – Струшкиот регион. Отворениот ден ќе се одржи од 12,00 до 15,00 часот и на него заинтересираните ќе можат да остварат непосредни средби со претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, да се запознаат со надлежностите и работата на институцијата, да добијат стручна помош во остварувањето на права од областа на безбедноста на храната и храната за…

повеќе...

Заврши 5-от Меѓународен фестивал на национална драма во Тетово

Театарски ансамбли од Македонија, Косово, Албанија, Турција и од Швајцарија настапија на годинешниот 5-ти, јубилеен, Фестивал на национална драма во Тетово. Публиката имаше можност да проследи одлични настапи на ансамблите од земјава, но и да ужива во перформансите на театрите од странство. Фестивалот беше отворен со претставата насловена „Графити“, по текст на Мехмед Краја, а во режија на Фадиљ Хусај, во изведба на гостите од Народниот театар од Косово. На свеченото отворање на Фестивалот, покрај директорот на театарот Валмир Азири, свое обраќање, а воедно и чест да го прогласи Фестивалот…

повеќе...

Традиционални македонски производи на Саем во Париз

Македонски ајвар, лутеница, макало, полнети гамби со сирење и други конзервирани производи од овошје и зеленчук произведени во Македонија се дел од палетата прехранбени производи што се презентираат на годинашното издание на Саемот „СИАЛ“ во Париз. Македонските производители од Македонската асоцијација на преработувачи на овошје и зеленчук (МАП) на саемот настапуваат под слоганот „Вкусот на Македонија“, а заедничкиот штанд е дизајниран во насока на препознатливост на Македонија како земја со вкусна храна, природни убавини, богата традиција и добра дестинација за започнување и развој на бизниси. Учеството на македонските производители го…

повеќе...

Одбележан Денот на АХВ и Светскиот ден на храната

„Претстојниот 16 Октомври, Светскиот ден на храната го славиме и како ден на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија. Храната претставува едно од најзначајните прашања. Ресурсите на храна на земјата се намалуваат. Популацијата е во пораст, а климатските промени и загадувањето животната средина битно влијаат врз приносите и безбедноста на храната“ – рече директорот на Агенција за храна и ветринарство Зоран Поповски во обрачањето пред присутните на настанот. Оваа година темата под која се одбележува светскиот ден на храната се однесува на влијанието на климатските промени врз безбедноста…

повеќе...

Проектот на УСАИД за заштита на човековите права во Охрид и Струга

На 15ти и 16ти октомври, тимот на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права и други вработени од Македонското здружение на млади правници во рамки ќе биде присутен во Охрид и Струга со цел граѓаните да се запознаат со активностите предвидени во проектот, со посебен фокус на бесплатната правна помош за жртви на повреди на човекови права, како и правното застапување пред домашни и меѓународни судови. Во Охрид штандот на проектот ќе биде поставен на плоштад Св. Климент Охридски, додека во Струга пред хотел Београд, двата дена од 12:00 до…

повеќе...

Почнаа отворените денови на АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, денес од Ресен го почна новиот циклус на непосредни средби со операторите со храна и граѓаните од овој регион, во рамки на Отворените денови на Агенцијата за храна и ветеринарство. Почнувајќи од денес до средината на ноември, првите луѓе на Агенцијата средби со компаниите и граѓаните ќе одржат и во Битола, Охрид и Струга, во Прилеп, Велес и во Скопје. Преку отворените денови за компаниите и граѓаните кои Агенцијата за храна и ветеринарство почна да ги реализира минатата година, покрај запознавањето со…

повеќе...