Почна академската 2015/2016 година

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, на сите студенти им го честиташе почетокот на академската 2015/2016 година и им посака многу успех во текот на студиите. По тој повод, Адеми ги посети Факултетот за исламски науки во Скопје и Државниот универзитет во Тетово. На свеченоста на Факултетот за исламски науки, потенцираше дека со добивањето на акредитацијата од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, се решила долгогодишната потреба на факултетот, предавањата да се одвиваат по акредитирани наставни програми. „Радува фактот што за верското образование ова учебна година се…

повеќе...

Ракометен ден на плоштадот во Охрид во рамките на академијата „Андреа Лекиќ“

Ракометната академија „Андреа Лекиќ“, денеска на Градскиот плоштад организираше ракометен ден. Во рамки на настанот на кој присуствуваше и ракометарката на ЖРК „Вардар“, Андреа Лекиќ беа презентирани различни техники и игри, а на посетителите им беше овозможено и дружење со неа. Во изјава за медиумите, Андреа Лекиќ изрази задоволство од гостопримството на Охрид и охриѓани, како и безрезервната поддршка која општина Охрид и ја пружи во организацијата на овој настан. „Сакам да ве поздравам и да Ви се заблагодарам што со своето присуство ја поддржувате оваа манифестација. Ми претставува огромна…

повеќе...

Покрај фудбал и ракомет, од годинава и кошарка на Спортската академија во ОУТУ „Ванчо Питошески“

Втора година по ред оформени и функционираат спортските паралелки за фудбал, ракомет,  а од годинава за првпат и кошарка во Спортската Академија во ОУТУ „Ванчо Питошески“ за учебната 2015/2016 година. Целта на Спортската академија е учениците, спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет и кошарка. Учениците беа подложени на посебна, специјално за оваа намена, креирана програма за образование и тренинг. За работа со учениците се ангажирани стручни тимови составени од…

повеќе...

Список на кандидати кои ја минаа селекцијата за упис во Националната спортска академија (ракомет)

Денес беше објавен списокот на кандидати кои ја минаа селекцијата по градови за упис во Националната спортска академија (ракомет). → Список на примени кандидати ←

повеќе...

Спортската академија по четврт пат започнува потрага по спортски таленти

Спортската академија по четврт пат започнува потрага по спортски таленти. Целта на Спортската академија е учениците, спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис. Учениците ќе бидат подложени на посебна, специјално за оваа намена, креирана програма за образование и тренинг. За работа со учениците ќе бидат ангажирани стручни тимови составени од тренер и негов заменик и физиотерапевт. Кандидатите за упис во прва година, ќе бидат селектирани од стручна…

повеќе...

Со свечена академија и концерт на Даутовски утре завршуваат свеченостите во чест на Св.Климент

Со низа активности, утре завршуваат свеченостите по повод Св. Климент охридски- Патронот на Охрид. Утре наутро со почеток во 9.30 часот, предвидено е Поклонение пред моштите на Св. Климент Охридски во Светиклиментовата црква на Плаошник. Час подоцна ќе биде положено цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во дворниот простор на истоименото основно училиште. Во 11.15 часот во изложбен салон при Центарот за култура „ Григор Прличев“ ќе биде отворена изложбата на отпечатоци на уметнички дела од австралиски уметници. Изложбата е насловена како „Богатството на духот“а организатор на истата е…

повеќе...

Свечена заклетва на 18-та класа на Воената академија

Свечена заклетва денеска во скопската касарна „Гоце Делчев“ дадоа питомците од 18-та класа и еден слушател од родот авијација во учебната 2014/2015 година во присуство на минситерот за одбрана Зоран Јолевски, претставници на Генералштабот и нивните семејства. Во оваа класа школувањето го започнаа 42 студенти, меѓу кои тројца од Црна Гора, тројца од Косово и еден од Босна и Херцеговина, а 25 се за потребите на Министерството за одбрана, 7 се за потребите на странските армии и 10 студенти од цивилните насоки. Меѓу нив седум се девојки. Со дипломирањето на…

повеќе...