Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини има зголемена фреквенција на возила, но нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Од АМСМ нагласуваат дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. Според информација од Министерството за транспорт и врски: од 01.07.2015 година започнува со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува…
повеќе...Tag: амсм
Утре и задутре прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево
Од АМСМ информираат дека утре поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево-Охрид помеѓу планински превој Пресека и с.Врбјани сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15-20 минути, помеѓу 14-15 часот. Во сабота (11-ти јули), поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево-Охрид кај Извор сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15-20 минути, помеѓу 16-17 часот.
повеќе...Едночасовен прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево
Поради изведување работи на пат ( минирање ) на патот А2 Кичево – Охрид кај месноста викана Лавчански корита, денес во период од 16:00 до 17:00 часот ќе има прекин во сообраќај во траење од 15 до 20 минути.
повеќе...Утре и задутре едночасовен прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево
Од АМСМ информираат дека утре и задутре (четврток и петок), сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, кај месноста Лавчанско речиште, ќе биде во прекин од 16.00 до 17.00 часот, поради изведување градежни работи (минирање).
повеќе...Едночасовен застој во сообраќајот на патот Кичево – Извор
Утре, 12-ти јуни (петок), патниот правец А2 Кичево – Извор, кај месноста Св. Петка, поради работа на пат (минирање), ќе има мал застој во сообраќајот во период помеѓу 16:00 и 17:00 часот.
повеќе...Утре двочасовен прекин во сообраќајот на патот Охрид-Кичево
Од АМСМ информираат дека утре (вторник) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, кај месноста Пресека – Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин од 14:00 до 16:00 часот, поради изведување градежни работи (минирање).
повеќе...Умерен интензитет на сообраќајот на патиштата низ државата
На патниот правец Скопје – Велес работите се завршени, но превентивно сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Од ГЕИНГ известуваат дека на ден 01.06.2015 од 09:00 – 13:00 часот ќе се изведуваат теренски истражни работи на мост на река Којнарка во Долно Којнаре и во тој период мостот ќе биде затворен за сообраќај. Сообраќајот на сите државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците,…
повеќе...Зголемен интензитетот на сообраќај надвор од градските средини
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
повеќе...Снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државни патишта се одвива по наместа влажни коловози. На Попова Шапка провејува снег со слаб интензитет кој не се задржува на коловозот.
повеќе...Снег на Крушево, Маврово и планинските премини Буково, Ѓавато, Плетвар и Пресека
Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Снег со слаб интензитет паѓа во Крушево, Маврово, како и на планинските премини Буково, Ѓавато, Плетвар и Пресека.
повеќе...