Анкета: Граѓаните со поддршка за проектот Скопје 2014 и владините роуд шоуа

Поголем дел од граѓаните го поддржуваат проектот „Скопје 2014“ и сметаат оти владините роуд шоуа се оправдани и даваат резултати, додека скоро подеднакво христијаните и муслиманите му веруваат на својот верски лидер, покажува истражувањето на Институтот „Димитрија Чуповски“. Анкетата е направена телефонски во периодот од 17 до 21 мај на репрезентативен примерок од 1.050 испитаници. За поддршка на проектот „Скопје 2014“ се изјасниле скоро 49 отсто од испитаниците Македонци, 32 Албанци и 54 проценти други националности, додека вкупната поддршка е 45 проценти. Повеќе од половина од испитаниците ги поддржуваат роуд…

повеќе...

Анкета: Дали ќе излезете да гласате на 24-ти март?

Во анкетата на WebOhrid „Дали ќе излезете да гласате на 24-ти март?“, учествуваа 353 читатели. Од нив 76% ќе излезат да гласаат, 14% од испитаниците се уште не знаат дали ќе излезат на гласање, а додека пак 10% од анкетираните нема да го искористат своето право на глас, односно нема да излезат на гласање. Утре 23-ти март е изборниот молк, а на 24-ти март е денот кога граѓаните ќе го искористат своето право на глас. Во Охрид ќе се гласа на 73 избирачки места, а право на глас имаат 50.686 граѓани.…

повеќе...

Анкета: Што најчесто подарувате за 8-ми март?

На 8-ми март се слави Денот на жената, со што се покажува љубов и почит кон понежниот пол. Најчесто тоа се прави кон мајки, сопруги, сестри, пријателки, учителки, колешки. Сите сакаат нешто да подарат, онолку колку што можат, без разлика дали тоа е евтин или скап подарок, бидејќи понежниот пол знае тоа да го цени, ако навистина тоа е подарено од срце. Во анкетата на WebOhrid „Што најчесто подарувате за 8-ми март?“, учествуваа 125 читатели. Од нив 79% најчесто подаруваат симболичен подарок (цвеќе, честитки, бонбони, чоколади и сл.), мал процент…

повеќе...

Дали барате работа?

Според анкетата на WebOhrid „Дали барате работа“, во која учествуваа 162 испитаници, 53% се изјаснија дека активно бараат работа. 25% од испитаниците пасивно бараат вработување, а за жал мал е бројот на оние кои што веќе се вработени и тоа со 22%. Во Агенцијата за вработување во тек е пререгистрација на невработените лица во две евиденции, една за оние кои активно бараат работа и друга за останати кои се пријавуваат во Агенција. Терминот за пререгистрација на невработените е до 31 март. Лицата кои активно бараат работа должни се на секои 30…

повеќе...

Анкета на WebOhrid: Што ќе одбележите на 14-ти февруари?

Според анкетата на WebOhrid во која учествуваа 111 испитаници, голем е бројот на оние што ќе го слават денешниот ден според православниот календар, Свети Трифун со 44%. Додека пак за „Денот на вљубените“ – Свети Валентин се одлучија 18%. Исто така добар дел од нашите читатели ќе направат спој од овие два празници, дури 33% од анкетираните се одлучија да бидат „вљубени“ на „Свети Трифун“.  Само 5% од испитаниците нема да слават ништо. Во секој случај, дали ќе го славите Свети Трифун или Свети Валентин, редакцијата на WebOhrid Ви посакува…

повеќе...