Владата прави планови и сериозно е насочена кон обезбедување на сите процеси и подготовки за нови вработувања во Армијата, со цел пополнување на нејзиниот персонален состав со околу 100 проценти пополнетост, истакна премиерот Никола Груевски во обраќањето пред синдикатите во Домот на АРМ. Вториот стратешки фокус на Владата во областа на одбраната, според Груевски, ќе биде доопремување на Армијата со потребната опрема согласно долгорочниот план за развој на одбраната. Според премиерот, Владата работи на клучна мерка со која професионалните војници по својата 45-годишна возраст, откако ќе ја напуштат службата, да…
повеќе...Tag: армија
Одбележaна шестгодишнината од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце
На спомен обележјето кај катлановско Блаце денеска беше одбележана шестгодишнината од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада (вбр) на АРМ. По повод одбележувањето на шестгодишнината од хеликоптерската несреќа, венци со свежо цвеќе положија делегации од Генералштабот на АРМ предводена од заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, Министерството за одбрана, Здружената оперативна команда на АРМ, вбр, Првата механизирана пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници на вбр.
повеќе...Свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на полкот за специјални операции на АРМ
Денес во касарната „Илинден“ во Скопје, се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на полк за специјални операции (пСО) на АРМ. Должноста командант на пСО од бригадниот генерал Павле Арсоски ја прими полковник Васко Ѓурчиновски кој досега ја извршуваше должноста аѓутант на Претседателот на Република Македонија. На свеченоста присуствуваа: министерот за одбрана Талат Џафери, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, командантот на здружената оперативна команда (ЗОК) генерал-мајор Методија Величковски, претставници од министерството за одбрана и ГШ на АРМ, команданти на потчинетите команди и единици…
повеќе...Претседателот Иванов со честитка по повод 18 август – Денот на АРМ
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија, упати честитки до началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Горанчо Котески и до сите припадници на Армијата на Република Македонија. „Како ваш врховен командант, ми претставува особена чест да ви го честитам 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија. Ден кога пред 21 година беше создадена нашата Армија да го брани територијалниот интегритет и суверенитет на нашата татковина Република Македонија. Како важен столб на нашата независност, Армијата ја…
повеќе...Министерот Џафери и началникот на ГШ на АРМ Котески на средба со пензионираните генерали
Министерот за одбрана Талат Џафери и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал мајор Горанчо Котески денеска, во рамки на одбележувањето на Денот на АРМ – 18 Август, се сретнаа со поранешните началници на ГШ на АРМ и пензионираните генерали. Со оваа активност, им порача министерот Џафери, покажуваме дека вие не сте заборавени, туку напротив, вашето искуство е добредојдено. Началникот на ГШ на АРМ, Котески, посочи дека денешниот ручек е начин за споделување на информации и мислења поврзани со процесите за развој и трансформација на АРМ. „Вие оставивте…
повеќе...Воениот брод саниран и вратен во каналот Студенчишта
Воениот брод на охридската „морнарица“ кој беше на копно, после извршените санации беше повторно вратен во водите на каналот каналот Студенчишта. Бродот и покрај тоа што беше кренат со специјален кран, мораше да интервенира и „пешадијата“, која му даде правец при спуштањето во каналот. Во минатото во каналот пловеа два вакви воени бродови, но подоцна откако беа разоружани, во Охрид остана само еден. WebOhrid
повеќе...Конференција по повод „Денот на НАТО“
Република Македонија споделува исти вредности и интереси со земјите-членки на Алијансата, а ги прифаќа и споделува принципите, целите и проценката за еволуцијата на безбедносното окружување во евроатлантската област. Истовремено, ние продолжуваме со учеството во три меѓународни операции предводени од НАТО, од ЕУ и од ООН со цел зачувување и унапредување на мирот и стабилноста во регионот и во светот. Тоа го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери на денешната прес-конференција во Домот на АРМ, посветена на 4ти април, Денот на НАТО. Воедно министерот Џафери во своето обраќање…
повеќе...Семинар „Вооружените сили во демократските општества“
Во период од 12-14 февруари 2013 година се одржува Семинар на тема „Вооружените сили во демократските општества“ во Центарот за обука „Д-р Џозев Крузел“ при Секторот за човечки ресурси и ќе реализира со експерти – предавачи од Центарите за развој на Лидери и цивилно образование во Штраузберг и Кобленц, Сојузна Република Германија. Оваа активност е резултат на успешната и континуирана билатералната соработка помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Сојузна Република Германија и значајната поддршка на Амбасадата на Република Германија во Република Македонија. Семинарот има…
повеќе...