Посета на припадниците на Армијата на Република Македонија во касарната „Илинден”

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов на првиот ден од Новата 2015 година ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија во касарната „Илинден” во Скопје. Честитајќи им ја Новата година, претседателот Иванов од негово лично име, но и од името на сите граѓаните на Република Македонија на припадниците на АРМ им искажа благодарност за се она што го прават за одбраната и за мирот во земјата. Тој упати честитки и до сите војници од АРМ кои се во мировни мисии во други земји. Желбата на сите војници и…

повеќе...

АРМ продолжува да биде наш влог кон безбедноста, мирот и стабилноста во светот – обраќање по повод 18 Август, Денот на АРМ

Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија, Почитувани присутни, Драги сограѓани, Ми претставува чест, како врховен командант на вооружените сили на Република Македонија, денес, на Денот на Армијата да ве поздравам во градот под Самоиловата тврдина. Пред 1000 години од оваа тврдина беше симнато знамето на слободата. Со тоа започна милениум исполнет со непокор и борба за слобода. Векови исполнети со херојски обиди одново да се подигне бајракот и да се достигне слободата. Во секој век минат под туѓи власти, Македонија даде храбри луѓе, ајдути и востаници, комити и партизани,…

повеќе...

Претседателот Иванов присуствувше на методско-показна тактичка вежба – „Неутрализирање на непријателски пловен објект“

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, придружуван од министерот за одбрана, г. Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал потполковник Горанчо Котески, денеска во Радожда, присуствуваше на методско-показна тактичка вежба „Неутрализирање на непријателски пловен објект” на припадниците на полкот за Специјални операции и Воздухопловната бригада при АРМ. Се раководевме од намерата подобро да се спречи во почетниот период и затоа вежбата се одвиваше на граничната линија на границата на Република Македонија. Ова што го изведувавме денеска е во склад со мисијата на армијата за…

повеќе...

Методско-показна тактичка вежба „Неутрализирање на непријателски пловен објект“

Утре, 16-ти јули, во Радожда, Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, Министерот за одбрана д-р Зоран Јолевски и Началникот наГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, ќе ги посетат припадниците на полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, кои на овој локалитет изведуваат обука во летни услови. Припадниците на ПСО утре ќе изведат методско-показна тактичка вежба ,,Неутрализирање на непријателски пловен објект“, а ќе бидат прикажани и повеќе содржини од обуката на вода како што се: обука во нуркање, совладување на водени пречки и спасување…

повеќе...

АРМ испрати помош за Србија и БиХ

Армијата на Република Македонија (АРМ) денеска испрати помош во подрачјата погодени со поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, врз основа на одлука на Владата.   Во Србија АРМ испрати обучен персонал со материјално-технички средства и опрема наменети за помош во вакви прилики. Кон Босна и Херцеговина од АРМ се испратени 3.000 ќебиња кои заедно со останатата хуманитарна  помош од Македонија се на пат кон поплавените региони во оваа држава. Хуманитарниот контингент на АРМ е дел од контингентот на Република Македонија, со помош наменета за поплавените региони во Србија и Босна…

повеќе...

Одржано седмото првенство во крос-кантри трчање на АРМ

Денес  во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ во Кичево, во организација на Генералштабот на АРМ се одржа седмото првенство во крос-кантри трчање на АРМ. Кросот се одржа на посебно уредена патека во во рамките на автодромот во касарната во Кичево, а се трчаше на 10 km во машка и на 5 km во женска конкуренција, каде настапуваа натпреварувачи од сите команди и единици на АРМ, Воената Акаденија и Атлетската Федерација на Македонија. Седмото првенство во крос-кантри го отвори Заменикот на командантот на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Мухамет Рацај, а…

повеќе...

Полкот за специјални операции го прослави Денот на единицата и Јубилејот „20 години сили за специјални операции“

Денес, 28-ми февруари 2014 година, во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа свеченост по повод денот на Полкот за специјални операции (пСО) со која се одбележа и Јубилејот „20 години сили за специјални операции“. На свеченоста присуствуваа: Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, Државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Собранието и Владата на Република Македонија, високи претставници од МО, командантите на  потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, претставници од локалната самоуправа и други високи гости. „Јубилеите се паметник…

повеќе...

Утре ќе се одржи oтворен ден на полкот за специјални операции на АРМ

Утре, 19-ти февруари (среда) во касарната „Илинден“ во Скопје со почеток во 11.00 часот ќе се одржи Отворен ден на полкот за специјални операции (пСО) на АРМ. На Отворениот ден припадниците на пСО пред посетителите ќе се претстават со изложба на борбените средства, техниката и опремата со кои се опремени. Покрај изложбата на техниката и опремата, „волците“ и „ренџерите“ на АРМ, ќе демонстрираат: дел од обуката на мултифункционалната алпинистичка кула, тактичка вежба „блиска борба – заседа“, обука за обезбедување на високи воени раководители, употреба на беспилотни летала и хеликоптер, а…

повеќе...

Во Домот на АРМ ќе се одржи брифинг за борбената готовност на АРМ за 2013 година

Утре, 17-ти февруари (понеделник), со почеток во 10.00 часот, во Домот на АРМ во Скопје, ќе се одржи брифинг за борбената готовност на АРМ за 2013 година. На брифингот за борбената готовност ќе присуствуваат: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили  Ѓорге Иванов, Министерот за одбрана Талат Џафери, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, клучниот персонал од МО, командантите на потчинетите команди и единици и клучниот персонал на ГШ на АРМ. Брифингот за борбената готовност е редовна обврска на ГШ на АРМ кон Претседателот на…

повеќе...

Припадниците на пСО покажаа врвна обученост за извршување на борбени дејства во зимски услови

Денеска Министерот за одбрана Талат Џафери, во придружба на заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини и државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, ги посетија припадниците на Полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, кои на локалитетот покрај регионалниот пат Маврово-Ростуше демонстрираа обука во зимски услови. „Тука уште еднаш се уверивме во способноста на полкот за специјални операции. Можам да кажам дека тие се одлично подготвени и можат да извршуваат активности во многу сложени услови“, истакна министерот Џафери во рамки на посетата. Воедно, министерот додаде дека она…

повеќе...