По четврти пат, денес, децата пеејќи ја песната Вечниот бог низ охридските улици го најавија Христовото раѓање. Во годинешната Бадникова литија, учествуваа повеќе од 300 деца кои со ѕвезди, фенерчиња и ѕвончиња, рано утринава тргнаа од црквата „Св. Ѓорги“, па преку улиците „Јане Сандански“ и „Кеј Македонија“ стигнаа до Градскиот плоштад каде беа пречекани од претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, по што децата коледарчиња беа дарувани со пакетчиња. „На наше големо задоволство, и оваа година по четврти пат сме дел од старо – новата традиција, Христовото раѓање…
повеќе...Tag: бадник
Коледарчињата го најавија Христовото раѓање
Рано утрово, коледарчињата први ја соопштија веста за раѓањето на Исус Христос и го означија денешниот празник Бадник. Со посетување на секој дом, се тропка со чеканче и се пее традиционалната коледарска песна: „Коледе, леде! паднало греде, утепало деде. Дедо се мачи, баба го квачи, со четири јајца гускини, паткини, шаткини! О. О. коледе!“ Откако ќе ја испеат песната, домаќините на коледарчињата им даваат јаболка, ореви, костени, бонбони и пари. Бадник е празник кој традиционално се прославува во кругот на семејството. Освен коледарчињата, денешниот ден го означува и кршењето на…
повеќе...Денес е Бадник – Коледе
Бадник или Коледе се нарекува денот пред раѓањето на Исус Христос (Божик), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6-ти јануари секоја година, а Божик на 7-ми јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден – Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости. Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но црквите кои го користат Грегоријанскиот календар го прославуваат на 24-ти декември. Кај сите христијански народи има низа обичаи за Бадник, особено поврзани со…
повеќе...Вечерва се палат коледарски огнови
Вечерва се палат коледарски огнови. Коледарските огнови се предвесник на Бадник. Ова е стара македонска традиција, вечерта пред Бадник да се дочека надвор, крај оган, со чашка греена ракија во рацете, со погача, со македонски песни, со желби за здравје и бериќет. Иако според толкувањата на црквата овие обичаи се пагански, граѓаните ги практикуваат како можност за дружење пред божиќните празници.
повеќе...Верниците во Пештани го одбележаа Бадник
Денес во храмот „Св.Врачи Кузман и Дамјан“ во Пештани, вернците го прославија празникот Бaдник-Коледе. По богослужбата младите верници ја кажаа молитвата Вечниот бог. Со молитивата богослужеше парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски. WebOhrid
повеќе...Честитка од претседателот на СДСМ Заев за Бадник и Божик
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, за големите христијански празници Бадник и Рождество Христово, Божик, во свое име и во име на СДСМ, упати честитка до сите граѓани кои ги чествуваат, до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и до членовите на Синодот, свештенството и монаштвото. „Упатувам најискрени честитки за Бадник и Рождество Христово, Божик, до Вас лично, до членовите на Синодот, на свештенството и монаштвото, до сите граѓани кои ги чествуваат овие големи православни христијански празници, во мое име…
повеќе...Бадник во домот на претседателот Иванов
Претставници на Специјална олимпијада Македонија денеска беа на бадникова трпеза со семејството на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов во нивниот дом во резиденцијата „Македонија”. Дванаесет олимпијци беа пречекани од претседателот Иванов, неговата сопруга г-ѓа Маја и синот Иван, кои на гостите им посакаа и идни спортски успеси, какви што постигнаа на Летните игри на Специјалната олимпијада во Лос Анџелес во август минатата година. Тие по враќањето од САД имаа средба со претседателот Иванов во Охрид. „Тогаш ви ветивме дека за Бадник и Божик ќе бидете гости во нашиот…
повеќе...Околу 250 деца во Охрид го навестија Христовото раѓање
Околу 250 деца беа дел од денешната бадникова литија што по повод големиот христијански празник Божиќ трета година по ред се одржува во Охрид. Со торбички за дарови, фенерчиња, ѕвончиња и ѕвезди во рака децата на симболичен начин го навестија Христовото раѓање. Поворкатa тргна од пред храмот „Св. Георги“ – Горна Влашка мала и се движеше по улиците „Питу Гули“, „Јане Сандански“ и продолжи до градскиот плоштад. Точно напладне непосредно до Бадниковата пештера на Плоштадот, децата беа пречекани од претставници на Локалната самоуправа кои заедно со група верници им даруваа подароци односно пакетчиња. Поворката…
повеќе...Богата понуда за Бадник во и вон тезгите во Охрид
Посно, но сепак богато и вкусно. Преполните тезги ги натераа останатите продавачи да ги „окупираат“ тротоарите и останатите прометни места. Асортиманот е навистина богат. Покрај бадниковите гранчиња, се продаваат најразновидни домашни производи кои би ја збогатиле вечерната Бадникова трпеза. Продавачите нудат јаболка, ореви, костени, тикви, компири, вино, мед, киви, пченка, грав и сл. WebOhrid
повеќе...Коледарчиња го разбудија Охрид
Рано утрово, коледарчињата први ја соопштија веста за раѓањето на Исус Христос и го означија денешниот празник Бадник. Со посетување на секој дом, се тропка со чеканче и се пее традиционалната коледарска песна: „Коледе, леде! паднало греде, утепало деде. Дедо се мачи, баба го квачи, со четири јајца гускини, паткини, шаткини! О. О. коледе!“ Откако ќе ја испеат песната, домаќините на коледарчињата им даваат јаболка, ореви, костени, бонбони и пари. Бадник е празник кој традиционално се прославува во кругот на семејството. Освен коледарчињата, денешниот ден го означува и кршењето на…
повеќе...