Доделени дипломите на децата од пливачката школа „Охридски бранови 2008“

Денес на градскиот базен при Спортскиот центар „Билјанини извори“ на сите членови на пливачката школа „Охридски бранови 2008“ им беа доделени дипломи за завршен курс по пливање. Исто така, годинава на традиционалниот 37-ми Илинденски пливачки маратон, на тројца членови од пливачката школа, Ана Бошалеска, Петар Бошалески и Владимир Велјаноски им беа доделени и дипломи за учество на истиот. „Оваа година времето одлично не послужи, секој ден имавме тренинзи на кои децата со забрзано темпо ги изучуваа тајните на пливањето. Јас како тренер сум многу задоволна од работата и тоа како…

повеќе...

Одигран ревијален ватерполо натпревар помеѓу ветераните на Вардар и Охридски бранови

Ватерполо ветераните на клубовите Вардар од Скопје и Охридски бранови од Охрид денеска, повеќе од 1 час ги брануваа водите во базенот на СРЦ „Билјанини Извори“. Во прекрасна спортска атмосфера, тие одиграа ревијален ватерполо натпревар, пред бројната публика од сите возрасти која се насладуваше на вештините и егзибициите на искусните ватерполисти. Хуманоста беше неизоставен дел од овој настан, преку кој се собираа средства за населението од скопските региони, зафатени со поплавите. И овој пат организаторите на овој настан испратија јасна порака: потенцијалот за пливање и ватерполо кој што во Охрид…

повеќе...

Во Охрид ќе се одржи ревијален ватерполо натпревар со хуманитарен карактер

Клубот за спортови на вода Охридски бранови 2008 Охрид, во соработка со ЈП „Билјанини извори“ и Црвен крст Охрид организираат ревијален ватерполо натпревар со хуманитарен карактер. На истиот ќе учествуваат ватерполисти-ветерани од Пливачките-ватерполо клубови Вардар-Скопје, Струга-Струга и Охридски бранови- Охрид. Овој атрактивен натпревар ќе се одржи во недела, 21ви август, во отворениот базен на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, со почеток во 11 часот. „Ги покануваме нашите сограѓани и гости, љубителите на ватерполото, повозрасните да се препуштат и ни дозволат да им ги разбрануваме спомените на времето кога во Охрид се…

повеќе...

Затворениот базен во Охрид ќе биде готов во 2018 година, во завршна фаза три тениски игралишта

Затворениот базен во Охрид ќе биде готов во 2018 година, во завршна фаза се три тениски игралишта. За изградбата на двата нови тениски терени, од кои едниот е единечен, а другиот двоен се издвоени 19 милиони денари, додека во рамки на Спортскиот центар при крај е изградба на уште едно повеќенаменско спортско игралиште за кое од Агенцијата за млади и спорт се обезбедени уште 9 милиони денари. Тоа претставува сериозна инвестиција во спортот и во подобрување на инфраструктурата за рекреација на граѓаните на Охрид. Во напредна фаза е најкрупната инвестиција во…

повеќе...

Охрид добива најсовремен пливачки базен во Македонија и пошироко

Започна изградбата на затворениот базен во спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид. На отпочнувањето на градежните работи присуствуваа премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески. „Се собравме денес тука за да го означиме почетокот на реализацијата на она што значеше децениски идеали на плејада охриѓани кои својата љувов кон градот, својата професионална кариера ја вложија во развојот на пливачките спортови, на ватерполот и на спортот воопшто, и со тоа дадоа значаен допринос во промоција на…

повеќе...

Младинците на РК Охрид започнаа со тренинзи

Младинците на РК Охрид започнаа со подготовки за претстојната сезона. „Оваа година има повеќе измени во составот на младинскиот тим. Тренираме напорно и очекуваме успешна сезона“. – изјави за WebOhrid, капитенот Дарко Левески. По напорниот тренинг, младинците заеднички се освежија во градскиот базен „Атина Бојаџи“. Натпреварите од младинската лига започнуваат за нешто повеќе од еден месец, а до тогаш во план се неколку пријателски натпревари за проверка на она што е сработено до сега. WebOhrid

повеќе...

Водени лудории по втор пат во Охрид

ЈП „Билјанини Извори“ во соработка со Општина Охрид како покровител на настанот на 19-ти, 20-ти и 21-ви август на градскиот базен „Атина Бојаџи“ како дел од проектот на Општина Охрид, Спортско лето, ќе ги организираат вторите по ред Водени Лудории. Спортскиот настан Водени Лудории како традицијата на многу минати генерации, а со цел да постане традиција на сегашните и идни генерации, претставува одлична можност за сите спортски рекреативци без ограничување на возраста да бидат дел од спортската забава и дружење која ја подготвуваат организаторите на настанот. ЈП „Билјанини Извори“ и…

повеќе...

Срушен е рекордот на посетители во Аква Парк

Изминатиот викенд во најзабавниот парк во градот, Аква- паркот во рамки на СЦ „Борис Трајковски“ беше срушен рекордот на посетители. Топлотниот бран донесе многу забава и многумина сакаа да бидат дел од паркот кој мами од возбуда, авантури, игра и разладување. Капацитетот на капачи веќе до пладне беше исполнет. Се бараше карта плус, но поради безбедносни причини граѓаните беа советувани и вратени. Одговорните лица во Аква Паркот се извинуваат на сите оние кои морале да бидат вратени, но тоа пред се’ тоа биле мерки за нивна безбедност и сигурност, како…

повеќе...

Викендов официјално ќе биде отворен градскиот базен „Атина Бојаџи“

Градскиот базен „Атина Бојаџи“ за оваа летна сезона официјално ќе започне со работа од претстојниот викенд (4-5 јули) и ќе биде отворен за сите заинтересирани пливачки школи и рекреативци – љубители на пливањето. Градскиот базен ќе работи секој ден од 08:30 до 20 часот, така што во работен ден (понеделник – петок) пливачките школи ќе имаат резервирани термини предпладне од 08:30 до 12 часот и попладне од 17:30 до 19 : 30 часот додека терминот за рекреативците ќе биде од 12-18 часот. За време на викендите (сабота и недела) градскиот…

повеќе...

Почетокот на септември ќе почне изградбата на затворен базен во Охрид

Кон крајот на летото, односно почетокот на септември ќе почне изградбата на затворен базен во Охрид, информира денеска директорот на Агнцијата за млади и спорт Марјан Спасески. По посетата на учесниците на Летниот училиштен спортски камп – Охрид 2015, одговарајќи на новинарски прашања тој појасни дека во тек е тендерската постапка која АМС веќе ја распиша и очекува до крајот на август да имаме избрано најповолен понудувач и надзорен орган за изградба на базенот. Затворениот базен, според Спасески, ќе се простира на површина од 15.000 метри квадратни. „Базенот ќе биде…

повеќе...