Годинава почнува градбата на затворен базен во Охрид

Образованието продолжува да биде нашиот фокус, тоа е нашата гаранција за создавање на здрави генерации и сигурна иднина. Во целиот овој регион се инвестирани 6 милиони евра за изградба на училишта, нивна реконструкција и доопремување. Изградени се 6 нови училишта, а реконструирани и модернизирани се објектите на 41 училиште, од кои само во Охрид извршена е реконструкција на 11 училишта. Охрид повторно е универзитетски центар, рече премиерот Никола Груевски на денешниот народен собир во Охрид. „Во областа на спортот во Охрид и регионот се инвестирани 2 милиони евра за изградба…

повеќе...

Официјално затворен градскиот базен „Атина Бојаџи“ за сезоната 2014

Со одигрувањето на ревијалниот натпревар во ватерполо помеѓу екипите на Охрид и Струга, официјално беше затворен градскиот базен „Атина Бојаџи“ за сезоната 2014. „ЈП „Билјанини Извори“ и оваа година како субјект кој стопанисува со градскиот базен се потруди во рамките на своите можности на граѓаните да им понуди многу спортски соджини и настани кои од година во година се повеќе ја збогатуваат понудата за сите граѓани на Охрид како и за сите гости во Охрид.“ – велат од претпријатието. ЈП „Билјанини Извори“ им се заблагодарува на сите рекреативни корисници на градскиот…

повеќе...

Ревијален ватерполо натпревар меѓу Охрид и Струга

Ватерполо екипите на Охрид и Струга, вечерва со почеток во 18 часот на пливачкиот базен „ Атина Бојаџи“ ќе одиграат ревијален натпревар . Со овој натпревар всушност завршува сезоната на пливачкиот базен, кој е дел од спортскиот центар на ЈП „ Билјанини извори“. Одигрувањето на овој ревијален натпревар треба да иницира поголемо внимание на јавноста и надлежните институции за развој на ватерполото во Охрид и Струга.

повеќе...

Во тек е пријавувањето за „Водените лудории“

По долгогодишна пауза, на задоволство на љубителите на водените спортови и игри, идниот понеделник и вторник на градскиот базен „Атина Бојаџи“ ќе се одржи спортско забавниот настан „Водени лудории”. Домаќинот на случувањето ,ЈП „Билјанини Извори“ и Општина Охрид како покровител ги покануваат сите заинтересирани граѓани за учество на „ Водените лудории “. Пријавувањето е во тек и ќе трае до 22 август односно до петок, на билетарата во СРЦ “Билјанини Извори“ или на телефонскиот број 078 260 987 и 078 232 881.Возрасна граница нема , значи може да учествуваат деца…

повеќе...

„Водени лудории“ 2014

ЈП „Билјанини Извори“ во соработка со Општина Охрид како покровител на настанот на 25 и 26 август на градскиот базен “Атина Бојаџи” како дел од проектот на Општина Охрид, „Спортско лето“, ќе организираат уште еден спортско рекреативен настан, настан кој веќе деценија и пол е подзаборавен од охриѓани, а придонесувал многу за спортско – рекреативниот живот на сите граѓани на Охрид, додека за гостите во Охрид претставувал можност за добра забава за време на летната сезона. „Станува збор за спортско забавниот настан “Водени лудории”, настан за кој веќе подолго време…

повеќе...

Отворен градскиот базен Атина Бојаџи

Стартува пливачката сезона на Спортско рекреативниот центар „Атина Бојаџи“  во Охрид. По едномесечни подготовки отворените   пливачки базени-  малиот и големиот од денес почнуваат  со работа за рекреативна и професионална употреба. „Во изминатиов период ги направивме сите потребни санации, припреми и проверки на системот за третирање на водата, што за мене е најбитниот дел од припремите за пуштање во функција на отворениот пливачки базен. Од денес и наредниов период сме спремни  за сите заинтересирани корисници да го користат отворениот пливачки базен. Јавното Претпријатие “Билјанини  извори“ направи напори, односно цели  заедно…

повеќе...

Најмладите уживаа во песничките од „Златно Славејче“

Синоќа на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ најмладите уживаа во песничките од детскиот фестивал „Златно Славејче“. Фестивалот „Златно Славејче“ е уште еден настан дел од проектот Ј.П. „Билјанини Извори за децата“. Проектот продолжува и во иднина.

повеќе...

„Златно славејче“ гостува на Градскиот базен во петок

Ј.П. „Билјанини Извори“ ја известува јавноста дека на ден 16.08.2013 година (петок) со почеток во 19:30 часот на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ гостува детскиот фестивал „Златно славејче“. Влез: 60 денари за цело семејство.

повеќе...

Одржан Пливачкиот митинг „Св.Климент Охридски 2013“

Денес на Градскиот базен „Атина Бојаџи“, Ј.П. „Билјанини Извори“ во соработка со Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“, а под покровителство на Општина Охрид го организираа Пливачкиот митинг „Св.Климент Охридски 2013“. Пливачкиот митинг се оддржува после апстиненција од 15 години. На митингот зедоа учество стотина пливачи од Охрид, Струга, Битола, Скопје и Прилеп. Натпреварувачите се натпреваруваа во 5 дисциплини. На настанот се обрати и Секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески кој истакна дека Општина Охрид и во иднина ќе продолжи да ги поддржува сите спортски настани. Проектот Спортско лето во организација…

повеќе...

Утре ќе се одржи Пливачки митинг „Св.Климент Охридски“

Утре, со почеток во 09:15 часот во организација на Ј.П. „Билјанини Извори“ и Пливачки клуб „Охридски бранови 2008“, а под покровителство на Општина Охрид на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ ќе се одржи Пливачки митинг „Св Климент Охридски“. На пливачкиот митинг ќе се пливаат 5 (пет) дисциплини. Митингот е промотивен со тенденција да прерасне во традиционален.

повеќе...